Децентрализирани платформи за вести – иднина на одржливо новинарство

23.04.2019. / 11:24
Share
„блокчејн новинарство“ (blockchain journalism)
„блокчејн новинарство“ (blockchain journalism).
„блокчејн новинарство“ (blockchain journalism)

Под влијание на „блокчејнот“  (blockchain)се појавија и новите концепти во новинарството. Еден од нив е и„блокчејн новинарство“(blockchain journalism).Овој концепт најмногу се врзува со новата генерација  на „стартапите“ на „блокчејн новинарството“  кои се темелат врз блокчејн технологијата и крипто-економијата.Во оваа статија ќе бидат претставени некои од попознатите. Она што им е заедничко на овие „старапови“ е желбата повторно да заживеат изворните вредности на новинарството, борбата против лажните вести и правото на општеството на факти и вистина. 

„ЦИВИЛ“

Еден од моментално најпознатите стартапови е Civil–стартапот кој постои нешто повеќе од две години (основан е во 2016 година). Метју Ајлес (Matthew Iles), основач и ЦЕО на „Цивил“ поттикнат од кризата која ја следи оваа професија, одлучил да покрене стартап кој би можел да реши бројни проблеми кои денес негативно влијаат врз новинарството. Како клучни проблеми  со кои новинарството денес се соочува ја издвојува ерата на лажните вести, општествените аспекти на луѓето кои всушност повеќе не знаат кому и на што да му веруваат како и проблемот со крадење на содржините.  Токму затоа Цивил склучи партнерство со Асошијетед Прес за да им помогне да го следат движењето на статиите преку механизмите на лиценцирање. Освен овие проблеми, врз основањето на стартапот го поттикна и фактот дека медиумската индустрија е на погрешен пат. Со тоа беше мотивиран да проучи како тоа медиумските платформи  се конструирани и да го постави прашањето – „Дали постои начин да ја редизајнирам платформата од темел и да ја направам децентрализирана?“. Одговорот беше токму блокчејн технологијата. 

„Цивил“ претставува децентрализиран пазар за одржливо новинарство кое се темели  врз блокчејнот и крипто-економијата. Местото за сите оние кои сакаат да го поддржуваат етичкото новинарство, но на нов начин – создавање, конзумирање и дистрибуција. „Цивил“ сака да ги поттикне новинарите на подиректен и потранспарентен ангажман и да ја намали зависноста од посредниците кои често не се заинтересирани за финансирање на квалитетно новинарство. Важно е да се нагласи дека „Цивил“ не е објавување на вести (news publication), туку платформа која се темели врз блокчејнот каде новинарите можат самостојно да покренат и да водат редакција која е фокусирана врз  локалното, политичкото и истражувачкото новинарство. Една од целите на оваа платформа е и повторно да се воспостави подиректна врска помеѓу читателите и новинарите, а да се отстрани третата страна (на пр. огласувачите). 

Воедно  е и пример на новиот модел на новинарството. Посебен е по директната,„пир-ту-пир“ (peer-to-peer)размена на вредностите помеѓу новинарот и читателот.  Карактеристика на придружната економија е самоуправа, поради тоа единките одлучуваат како ќе го штитат и развиваат системот со тек на времето. Блокчејнот има две карактеристики кои моделите темелени врз оваа технологија ги воведуваат во новинарството, а тоа се управата(англ.governance) и непроменливост (англ. permanence). Се поставува прашањето – „Како блокчејнот може да се примени во „Цивил“ моделот?”. За да добиеме одговор на ова прашање, потребно е да се разберат овие карактеристики во контекст на платформата „Цивил“.

Непроменливоста е карактеристика која се врзува со трајно архивирање (англ. permanent archiving), којана новинарите им е мошне важна ставка. Факт е дека на новинарите им е тешко да ја зачуваат трајната архива на својата работа бидејќи во многу случаи серверите ги контролираат издавачите или медиумските конгломерати. Како пример ни е случајот од 2017 година кога сопствениците одлучија да ги згаснат DNAinfo и Gothamist (тогаш водечките весници фокусирани врз локалното новинарство во САД) и со тоа исчезнаа осум години работа, а враќањето на весниците следуваше дури по протестите. Овој и низа други примери се доказ дека архивите се мошне чувствителни, а непроменливоста на заедничките историски записи е сон на повеќето новинари. Блокчејнот во овој случај е „менувач на играта“ (game-changer)затоа што овозможува архивирање на непроменливи(англ.immutable, unchangeable) записи преку масовна децентрализирана мрежа во склоп на која поединецот може да изврши промени единствено ако за тоа се согласни повеќето независни корисници. Оттаму целта на оваа платформа е да даде место каде новинарите ќе можат трајно да ја архивираат содржината, а во исто време да се обебеди најдобар моженUX. Содржината ќе се архивира на централниот сервер со кој управува„Цивил“ или на  EthereumблокчејнотВтората важна карактеристика е управата, механизмот кој им овозможува на заедниците (во овој случај одделни редакции) самоуправа без централен авторитет. Оттаму овој модел на отворено управување на учесниците им овозможува гласачки права (на пр. ако некој сторил повреда на етика, учесниците можат да гласаат, а одлуката ќе биде применлива на нивото на целата платформа). На овој начин уредничките одлуки ги донесуваат исклучително новинарите, а Ethereumова го прави можно со примена на паметни договори (софтвер кој ќе изврши трансакција само ако се задоволени одредени побарувања). 

„Цивил“ за потребите на платформата разви и сопствена криптовалута, CVL token.„Цивил“ токенот е ERC-20 токен кој „лежи“ на Ethereum блокчејнот. Токент не е ништо друго туку единица на вредноста која произлегува од паметните договори на некој од постоечките блокчејнови. Токените се создаваат и дистрибуираат до јавноста преку Иницијална понуда на токени (ICO). CVLе клучната ставка во економијата на „Цивил“ и им овозможува на учесниците низа дејствија, на пр. потребен е за покренување на редакција, „пир-ту-пир“ трансакции, гласање и друго.

Во визијата на сопствениот екосистем, „Цивил“ го применува концептот „waterline“. Читателите ќе го посетат „Цивил“ само за да пристапат до содржината и да го поддржат квалитетното новинарство. Заедницата, т.е. членовите на заедницата се сопственици на  CVL токеноти донесуваат клучни одлуки за заедницата. Се наоѓаат под линијата и учествуваат во управувањето со платформата. Јадрото го сочинуваат создателите  на содржината т.е. новинарите кои пишуваат приказни кои „живеат“ преку редакцијата, но и „развивачите“ кои развиваат нови алатки и искуства врз основа на барањата од поширокиот екосистем.

Инфографика 1.: Waterline концепт
Инфографика 1.: Waterlineконцепт

Основната функционална единица на платформата „Цивил“ е редакција(newsroom)која го поврзува новинарот со глобалната мрежа на читатели. Една редакција може да сочинува еден или повеќе новинари. Publicе назив за сите оние кои се во допир со редакцијата, но не се обврзани да поседуваат CVL токен  за да пристапат и да конзумират содржина. Секоја редакција има свој претставник кој е познат и како офицер на редакцијата (newsroom officer)Исто така постои и список на новинари кои се членови на определена редакција, еден новинар може да биде на списокот на неколку редакции. Моментално на „Цивил“ се наоѓаат 18 редакции, како што е Documentedпосветена на истражувачко новинарство, Global Groundпосветена на меѓународното новинарствоиBlock Club Chicagoза локалното новинарство.

Исто така е важно да се напомне дека „Цивил“ во склоп на својот модел користи низапрограми за отворени извори (open source), а дел од кодот е достапен и преку репозиториумот GitHub.Многу работи не кажавме тука бидејќи  во тој случај статијата би требало да му биде посветена единствено на „Цивил“. Оттаму препорачуваме да се посети„Цивил“блоготи да се проучат документите, Civil Constitutionи White paper.

DNN

DNN(Decentralized News Network) е платформа за вестикоја го комбинира процесот на настанување на веста со децентрализираната мрежа, што овозможува испорака на содржината за која се грижи заедницата на читателите, авторите и рецензентите.DNN исто така го користеше потенцијалот на Ethereum блокчејнотза изградба на инфраструктурата која виртуелно е невозможно да се инфилтрира или отстрани. Со оглед на децентрализираноста, DNN нема single point of failure. Мисијата на оваа платформа е создавање на содржини коиќе бидат инспирацијаи охрабрување за читателите, а показател на интегритетот на авторите. На веб страницата е исто така достапенWhite paperкој детално објаснува како платформата функционира. 

Со примена на Ethereum блокчејнотнема потреба од огласувачите бидејќи платформата не остварува приходи од огласувањето. DNN така функционира како мрежа која за своите потреби развила и посебна криптовалута,DNN токен.DNN токенотовозможува пишување и преглед на статии, а поврзан е со Ethereumмрежата. DNN системот настојува да ги охрабри авторите на статиите и рецензентите, во самоодржливо и автономно окружување каде нема простор за корпоративна пристрасност. Понатаму, со примена на блокчејнот, можно е транспарентно да се прикаже на кој начин се остваруваат приходите и како се одвиваат трансакциите, и од кои причини и на кого му се дистрибуирани токените. Блокчејнот се состои од блоковите кои се поврзани, а константно се додаваат нови блокови. Секој блок има временски жиг, поради што е речиси невозможно да се манипулира со постоечките податоци. Уште една од предноститена ваа технологија е и фактот дека не постои еден извор кој го контролира целиот процес. 

DNN мрежата ја сочинуваат авторите, рецензентите, читателите и издавачите. Секоја од овие групи има определена улога и задачи кои мора да ги исполни за да функционира мрежата. Во случајот на DNN интересен е начинот на кој функционираекономијата на  DNN токенот. Токенот има две важни улоги – да го награди придонесот и да спроведува определени дејствија. Многумина не ја сфаќаат примената на токенот во случајот со ваквите платформи, дури ја сметаат и за непотребна. Токените тука треба да се разберат како и билетите кои овозможуваат влез на стадион или во театар, само што тука токените претставуваат дигитални клучеви кои овозможуваат пристап до определена услуга или извор. Зависно од платформата, количината на токени може, но и не мора да биде дефинирана. DNN токеноте основен инструмент кој се користи за извршување на разни дејствија на платформата (на пр. вреднување на акции како што се советите од читателите до авторите или претплати на читателите). Авторите ги користатDNN токените за да платат Writer Fee, надоместок кој е врзан со поставување на статија  на мрежата. Рецензентите користаат DNN токенза да бидат земени предвид како рецензенти, додека читателите преку токенот влегуваат во интеракција со статијата (преглед, коментирање...).На многумина не им е јасна улогата на издавачот(англ. publisher). На издавачите не им се потребни токените за да извршат определено дејствие, но мора да ги имаат за да со тек на време ја зголемат количината на токени кои можат да ги заработат. Освен DNN токенот, постојат и DNN бодови(англ. DNN points). DNN бодовитенемаат вредност, повеќе ѝ се помош на онаа сметководствена страна на платформата. Наредната инфографика го прикажува токму начинот на кој се користат DNN токени иDNN бодовите и тоа врз основа на дејноста на членовите на платформата.

Инфографика 2.: Економија на DNN токенот
Инфографика 2.: Економија на DNN токенот

PUBLIQ

Со „Цивил“ иDNN, стартапот кој исто така полека, но сигурно ја менува индустријата на медиумите и настојува да ги врати изворните квалитети на новинарството е PUBLIQ. PUBLIQ е „пир-ту-пир“ дистрибуирана мрежа која го менува начинот на кој луѓето комуницираат и остануваат информирани, особено во онлајн индустријата на медиумите која брзо се развива и менува. Една од причините за развој на ваквата мрежа беше и фактот што денес има голем број статии кои се дупликат или се пиратизирани. Статиите се делат и дистрибуираат преку различни платформи, без можност за следење, што е проблем за изворните автори кои би требало да добијат авторски надоместоци. Голем број автори останува без надоместок токму поради посредниците кои како трета страна сакаат да се збогатат. Инфраструктурата која моментално ја поддржува медиумската индустрија е нејасна и предизвикува сомнеж во нејзината непристрасност. 

PUBLIQ е непрофитна фондација основана за да им помогне наавторите на дигиталната содржина. Мисијата на оваа фондација е поддршка и заштита на интересите и правата на новинарите и корисниците, а во исто време одржување на окружувањето во кое владее слободата на медиумите. PUBLIQ има задача да го преформулира пристапот до индустријата на медиумите со изградба на децентрализирана независна комуникациска палтформа, која е наменета за лица кои сакаат да споделуваат или објавуваат различни типови на статии. 

PUBLIQ го сочинуваат три нивоа. Првото ниво е  т.н. content sharing layerкој му овозможува на секое лице безбедно објавување на статија, потоаtransactional layer, нивото кое овозможува трансфер и содржи механизам важен за дистрибуција на награди/надоместоци. Третиот е reputational layerкој извршува задача за проценка на репутацијата на авторите, која се темели врз мислењето на читателите. 

PUBLIQ екосистемот е осмислен како децентрализирана платформа која содржи механизам за проценка на репутацијата на авторот и AI алгоритми кои ги анализираат желбите/потребите на  корисниците.

Оваа платформа се состои од неколку технологии врз основа на кои функционира. PUBLIQ има сопствен блокчејн кој се темели врз PoS (Proof-of-Stake) алгоритамот. Во блокчејнот се архивираат информациите за сметката, трансакциите и метаподатоците на објавената содржина. Како и „Цивил“, PUBLIQ има сопствена криптовалута -PBQ токенБлокчејноперациите во овој систем се PBQ трансакции, предавање на содржината и разни статистики и проценки. За архивирање на целокупната содржина (статии, вести, реклами) PUBLIQ користи дистрибуиран склад (англ. distributed storage). При архивирањето, на содржината ѝ е доделен hash IDи од тој момент таа содржина го користи  истиот ID низ целата мрежа. Блокчејноти DLTја штитат содржината и трансакцијата, а работата на авторот и неговите трудови се транспарентни и достапни за сите. Авторите можат да го заштитат својот труд, но во исто време и да го дистрибуираат преку безбеден канал.

Инфографика 3.: PUBLIQ workflow
Инфографика 3.: PUBLIQ workflow

Освен наведените технологии, важен е и  AI assistant. Станува збор за механизам кој со примена на AI алгоритми ја интерпретира и анализира содржината, што овозможува поквалитетни препораки до корисниците. AI се наоѓа на блокчејнот и ја процесуира новата содржина.РазличнитеAI протоколи овозможуваат пребарливост на содржината и разбирање на категориите на содржината. Содржината може да биде групирана по настани, теми или факти. AI се состои од механизмот кој врз основа на активностите на читателот  креира листа на препораки, потоа од сигурен SVM (Support Vector Machines) кој ги класифицира тие статии и одAI алгоритамот кој им помага на огласувачите во пласирањето на огласите преку екосистемот PUBLIQ. 

За дополнителни информации и стекнување на потребното знаење за оваа платформа пожелно е да го проучитеWhite paper.

Кои се следните чекори?

Во оваа статија ги издвоивме само неколкуте од најпознатите децентрализирани платформи и така поттикнавме на понатамошно проучување, но и на користење на некои од наведените платформи. „Цивил“ минатата година во октомври доживеа голем проблем што се однесува до продажбата на токените, така што е најавено повторно поставување на оваа платформа во февруари 2019 година, а притоа ќе презентираат и неколку нови компоненти. Родителската компанија WordPress, Automattic, има склучено партнерство со News Revenue Hub и Spirited Media, за да ја развијат платформата за отворени извори наменета за различни организации за вести.

Ocijenite kvalitet članka