Блокчејнот и новата генерација на медиуми

14.12.2018. / 11:50
Share
Blockchain ilustracija sa mrežom tačaka i tekstom blockchain u sredini.
Blockchain tehnologija i mediji
Blockchain ilustracija sa mrežom tačaka i tekstom blockchain u sredini.

Сте слушнале ли за  блокчејн (blockchain)?

Станува збор за технологија која досега дефинитивно го оправда прашањето – „Дали оваа технологија ќе биде the next big thing во светот на ИТ?“. На повеќемина блокчејнот им е познат како технологија во подлога на криптовалутите. За првата практична примена е заслужно сѐ уште непознато лице/интересна група/организација – Сатоши Накамото. Во 2008 година, за време на глобалната финансиска криза, Накамото објави whitepaper под име „Bitcoin: A Peer-to-Peer Electronic Cash System“ во кој го објаснува концептот на новиот систем кој се темели врз криптовалути и не се потпира врз банките. Првата peer-to-peer криптовалута е токму Биткоинот кој се темели врз блокчејнот. Така, финансискиот сектор беше „првата станица“ за примената. Блокчејнот го најде своето место и во подрачјето на медиумите. Се поставува прашањето - „Дали токму оваа технологија ќе влијае врз развојот на новата генерација  на медиуми?“, а доаѓа и до појава на новите концепти како што е блокчејн новинарство (blockchain journalism).

Пред се, потребно е накусо да се појасни што е блокчејн технологија и како таа функционира. Блокчејнот претставува база на податоци или база на записи на трансакции за подготвување на hash вредности. Честопати кон блокчејнот се врзува и поимот технологија на дистрибуираната главна книга (engl. Distributed Ledger Technologies, DLT). Самиот назив се состои од два поима – поимот блок (block) се однесува на заокружената целина на содржината, а поимот чејн (chain) на меѓусебното надоврзување на блоковите еден врз друг. Тој синџир линеарно расте, а криптирањето на новиот блок се нарекува уште и рударење (engl. mining). Реализиран е низ дистрибуираната (engl. peer-to-peer) мрежа во која секој приклучен компјутер  складира податоци за сите трансакции. Во мрежата се верифицираат и валидираат трансакциите и блоковите се поврзуваат во синџир.

За да принципот на работата на оваа технологија, но општо и на дистрибуираните технологии биде појасен, потребно е да се разберат основните концепти врз кои се темели блокчејнот. Станува збор за hash функцијата, Меркловото стебло (engl. Merkle tree) и дистрибуираниот консензус (engl. Distributed consensus). Hash функцијата е функција која за влезниот податок со произволна големина ја пресметува вредноста на однапред определената големина, која најчесто е изразена во битови – резултатот е hash вредноста. Меркловото стебло е пристап кој прв пат го претстави Ралф Ц. Меркл во 1980 година. Структурата на овој пристап ја имитира структурата на стеблото, а блокчејнот го применува овој пристап при пресметување на hash вредноста и креирање на синџирот на поврзаните блокови. Дистрибуираната мрежа нема еден централен сервер бидејќи сите компјутери се меѓусебно поврзани и подеднакво важни така што оваа мрежа нема single point of failure. Една од предностите е и што нема потреба за трета страна од доверба. Со примена на начелото на дистрибуираниот консензус секој учесник (јазол) го проверува секој настан во главната книга.

Со примената на оваа технологија секој процес станува транспарентен и посигурен. Можно е да се складираат податоците, но воглавно се складираат единствено hash вредностите на податоците. Секој обид за измена на блокот ќе предизвика синџирна штета, а токму затоа измените врз веќе настанатите блокови не се возможни. Блокчејнот ја одржува виртуелната сигурност и со примена на асиметрична криптографија (јавен + приватен клуч), што го штити идентитетот на испраќачот на трансакцијата и обезбедува неможност за измена на постоечките записи во блокчејнот.

Како оваа технологија може да влијае и веќе има поголемо влијание врз медиумите? Кои се проблемите што може да ги реши, а кои од постоечките решенија и процеси може да ги подобри? Дали веќе постојат решенија кои се засновани токму врз оваа технологија?

Многумина припадници на оваа индустрија ги сметаат необичните карактеристики и природата на блокечјнот како множество на потенцијални решенија на бројни проблеми со кои се среќаваат медиумите. Исто така се покренати и бројни експерименти (на пр. AdChain и Po.et) за да се тестира теоријата. Експериментите резултираа со различни степени на успех, а резултатите беа и новите проблеми и предизвиците кои треба да се решат.

Стефан Фарестам, еден од основачите на CareChain со седиште во Шведска, неодамна одржа веб конференција низ кој накусо го објасни принципот на работата на оваа технологија, а посебен фокус беше врз примената на блокчејнот во подрачјето на медиумите. Тој истакна три можни подрачја за примена.

Исто така тој истакна дека на целата медиумска индустрија, пред самата имплементација на блокчејнот, ѝ е потребен концептот на идентитети, а токму идентитетот е еден од најголемите деловни предизвици. Прашањето за идентитетот наголемо влијае врз постоечките решенија кои ги применуваат медиумите – токму поради потребата за кредибилитет, за доверба во создавање на содржините и за потврда на идентитетот на корисникот. Фарестам исто така предлага концепт на идентитети кој се темели врз блокчејнот, како можно решение. Централната улога во наведеното решение има концептот „Verified Claims“.

Еден од горечките проблеми со кои се среќаваат медиумите е и борбата против лажните вести, а блокчејнот овозможува:

  • потврда на изворот на содржината;
  • потврда дека не дошло до измена на содржината;
  • потврда на идентитетот на изворот и придружната содржина;
  • отворен синџир кој ги следи сите евентуални измени на содржината;
  • утврдување на исправното користење на фотографиите.

Фарестам исто така смета дека борбата против лажните вести би резултирала со уште поголем успех доколку кон блокчејнот се примени и AI како и machine learning.

Потенцијалот на  блокчејн технологијата го препозна и глобалната организација на фирмите членки посветени на извонредноста во давањето на професионални услуги и совети, Deloitte. На интернет е достапна брошурата во која на едноставен и интересен начин објаснуваат низ пет илустративни примери колку блокчејн концептот може да биде важен за иднината на медиумите.

Резултатот на досегашната примена се и некои нови концепти што покажува дека приказната за блокчејнот и медиумите има иднина. Еден од тие концепти е и блокчејн новинарство  (blockchain journalism). Овој концепт најмногу се врзува кон еден од моментално најпознатите стартапови во подрачјето на новинарството – Цивил (Civil). Цивил претставува децентрализиран пазар за одржливо новинарство кое се темели врз блокчејнот и крипто-економијата. Цивил е местото за сите оние кои сакаат да го подржуваат етичкото новинарство на нов начин – создавање, конзумирање и дистрибуција. Основната функционална единица на Цивил платформата е newsroom која го поврзува новинарот со глобалната мрежа на читатели. Еден newsroom може да го сочинува еден или повеќе новинари. Цивил сака да ги поттикне новинарите на подиректен и потранспарентен ангажман и да ја намали зависностa од посредниците кои честопати не се заинтересирани за финансирање на квалитетно новинарство.

Преку овој текст накусо објаснивме што е тоа блокчејн технологија и кои концепти е потребно да се разберат за принципот на работата да биде појасен. Исто така, се осврнавме врз можните примени на блокчејнот во решавањето на предизвиците со кои се среќаваат медиумите, и го издвоивме примерот на стартапот кој токму за целите на подобрување на состојбата во новинарството го применува решението кое се темели врз блокчејнот. Меѓутоа, тука приказната не завршува. Блокчејнот и медиумите се дефинитивно приказна која има иднина, а ние само загребавме по површината.

Референци:

Model for Preservation of Trustworthiness of the Digitally Signed, Timestamped and/or Sealed Digital Records (TRUSTER Preservation Model) (EU31). Final report, 2018. URL: https://interparestrust.org/assets/public/dissemination/TRUSTERPreservationModel(EU31)-Finalreportv_1_3.pdf

How blockchain can enable next-generation media. URL: https://www.inma.org/blogs/conference/post.cfm/how-blockchain-can-enable-next-generation-media

Blockchain @ Media: A new Game Changer for the Media Industry?. URL: https://www2.deloitte.com/content/dam/Deloitte/tr/Documents/technology-media-telecommunications/deloitte-PoV-blockchain-media.pdf

Ocijenite kvalitet članka