Новинарски здруженија, правата на новинарите и етиката

25.03.2019. / 19:37
Share
Saša Leković
Saša Leković
Saša Leković

Саша Лековиќ, поранешен претседател на Хрватско новинарско друштво, го објаснува значењето на новинарските здруженија во глобал. Посебно ја истакнува улогата на здруженијата за заштита на новинарите врз кои нападите се мошне зачестени во последните години, како во вербална така и во физичка смисла. Секое здружение на новинари мора да има шаренолика структура, значи освен новинарите, неопходни се правници како и некои други струки за да се борат на адекватен начин за заштита и за правата на новинарите. Здруженијата се, исто така, неопходни и за да водат сметка за етичките начела на новинарството. Саморегулацијата, која е прилично слаба во целиот регион, е неопходна. Никаде во регионот речиси и да не постои некое силно саморегулаторно тело кое тоа би го надгледувало и контролирало. Нашиот соговорник напоменува дека, иако секоја држава во регионот има сви специфичности, генерално, големи разлики не постојат, па дури ни во Хрватска која е влезена во Европска Унија, така што практично сите сме со ист проблем.  

Ocijenite kvalitet članka