Социјалните медиуми се за многу повеќе отколку споделување на приказна – тие самите се приказна

08.01.2019. / 16:01
Share
Niz je pridodat na kraj URL.
Niz je pridodat na kraj URL.
Niz je pridodat na kraj URL.

Социјалните медиуми го променија новинарството.” Ова е фразата која одново се повторува кога се расправа за моменталната состојба на медиумската индустрија. Обично го врзуваме ефектот на социјалните медиуми врз новинарството со очигледно влијание врз продажбата, маркетингот и дигиталната аналитика – како новинарите прават интеракција со својата публика, како публикациите ги привлекуваат новите читатели итн.

Додека платформите како Twitter, Facebook и Instagram ја револуционеризираа промоцијата, нивната употреба во полето на истражувачкото новинарство е често со превид – или не е претставена на вистински начин. Гореспоменатата платформа, Instagram, може да биде една од најкорисните алатки меѓу новинарските алатки кога се користи правилно; меѓутоа, привидната ригидност на самата мрежна апликација може да ја сокрие нејзината вистинска корист.

Времето долго беше проклетство на корисниците на Instagram бидејќи платформата не нуди едноставен начин за пребарување на содржини објавени во минатото. „Feed“ стилот  на Instagram значи вечност на скролување за било кого кој сака да пребарува содржина низ последните неколку дена.

За среќа постои начин да се заобиколи оваа потешкотија кога специфично се занимаваме со геотаговите на Instagram или со локациски идентификатори придружени со фотографии кои се додадени од нивните автори/ки.

За да го следите овој туторијал единствено што треба да разберете е дека фотографиите на Instagram се организирани според времето кога се објавени. Како резултат на тоа, времето се прикажува во URL-то на feed-от. Според тоа, со манипулирање со URL-то ќе се промени она што се прикажува на feed-от.

До URL може да се пристапи со посета на Instagram.com во web пребарувачот и со пријава на вашата сметка. Треба да се нагласи дека овој метод нема да функционира во самата апликација на мобилниот телефон. Кога ќе се пријавите на вашата сметка, пребарувачот може да се искористи за пребарување на геотаговите, хаштаговите и корисниците. Кога ќе се лоцира посакуваниот геотаг, со кликнување врз него ќе бидете пренасочени кон соодветен feed. Можно е да се манипулира со URL за оваа страница, за да, за возврат манипулирате со резултатите прикажани на оваа страница.

Додека ова звучи доволно едноставно, постојат неколку чекори кои треба да се преземат за сѐ ова да се направи исправно.

Првиот чекор е да се присоберат два датуми – датумот кој нас нѐ интересира и датумот од Instagram епохата. Првиот датум зависи од приказната или реченицата, и за целите на овој пример датумот ќе биде 17 септември 2016 година. Претходниот датум е прецизен датум кој ќе се користи секогаш: 24 август 2011 година (21:07:01.300 GMT).

Сега кога ги идентификувавме датумите, треба да се претворат во UNIX формат (во милисекунди) – претворачот можете да го најдете на оваа адреса. Се препорачува кога ја претворате вредноста да ја користите вредноста „end-of-day“ поради униформноста, но ова не е задолжително. Овој пример ја користи вредноста „end-of-day“.

Новите претворени UNIX вредности би требало да изгледаат вака:

17 Sep. 2016 23:59:59 GMT= 1474156799000 24 Aug. 2011 21:07:01.300 GMT = 1314220021300 ( оваа вредност треба да се зачува за понатамошна употреба)

Сега кога двете вредности се претворени во UNIX формат, времето на епохата треба да се одземе од датумот на интересот.

1474156799000–1314220021300 = 159936777700

 Со користење на  претворачот од децимален во бинарен код претворете ја оваа вредност во бинарна. Резултирачката низа би требало да биде помеѓу 36 и 39 карактери. Без оглед на вредноста, додадете нули на почетокот на низата сѐ додека бројот на карактерите не достигне 41. Потоа додадете го бројот нула на крајот од низата за бројот на карактерите на крај да биде 64.

За овој пример претворената вредност е искажана со 38 карактери. За да го достигнете бројот прикажан погоре, треба да се додадат три нули на почетокот на низата и 23 на крајот од низата. Корисен бројач на знакови може да се пронајде тука.

 

Крајната низа би требало да изгледа вака:

0001001010011110011111001100011011110010000000000000000000000000

Оваа вредност сега мора да се претвори назад во децимали (претворачот од горниот линк што го користевме погоре има заменска опција за ова).

Резултирачката вредност е:

1341646932908441600

Овој број сега е додаден на Instagram геотаг URL за да се видат резултатите од 17 септември 2016 година. Како пример на тестирачки геотаг ќе биде „Bihac, Bosna i Hercegovina“.

На крајот од геотагираното URL додадете го следното:

?max_id=(тука залепете ја крајната вредност што ќе ја добиете)

Сега завршното URL би требало да изгледа вака::

https://www.instagram.com/explore/locations/220832522/bihac-bosnia-herzegovina/?max_id=1341646932908441600

 

Еднаш кога страницата ќе се освежи на „Most recent“ секцијата на feed-от ќе се прикажат само оние фотографии до датумот кој нас нѐ интересира (времето на приказот може да биде малку понапред или поназад зависно од временската зона што ја користиме).

Додека е мошне веројатно дека целоста на истражувањето нема да се потпира врз историското барање на Instagram, оваа метода може да даде клучен контекст и информации кои во спротивно би останале скриени.

Пребарување на „Lady Lara“

Slika: Erik Prince (Photo: Miller Center CC-BY-2.0)
Слика: Erik Prince (Фото: Miller Center CC-BY-2.0)

Во април 2017 година Вашингтон Пост ја објави приказната која зборува за наводен состанок помеѓу Ерик Принц (Еrik Prince), основачот на приватна воена компаније Blackwater и тогаш неидентификуван Русин „близок до претседателот Владимир Путин.“ Состанокот наводно се случил на самиот ден или околу 11 јануари 2018 година на Сејшелите и се верува дека го договорил принцот престолонаследник на  Абу Даби, шеикот Мохамед бин Заед ал-Најан (Mohammed bin Zayed Al-Nahyan) (МБЗ), а со цел создавање на посредни канали за комуникација помеѓу Кремљ и администрацијата на Трамп.

Приказната на весникот Вашингтон Пост содржеше многу информации за наводниот состанок и за лицата кои присуствувале на состанокот. Можеби е највепчатливо што новинарите открија дека МБЗ е соственик на хотелот Four Seassons на Сејшелите.

Slika: Alexander Mashkevich
Слика: Александар Машкевич (Alexander Mashkevich)

Во времето на објавување на оваа приказна во 2017 година остана нејасно кој бил „Русинот“. Сега се знае дека принцот се сретнал со Кирил Дмитрев, директорот на Рускиот суверен имотен фонд додека тој бил на Сејшелите. Исто така е објавено дека казахстанскиот милијардер Александар Машкевич (Alexander Mashkevich) се наоѓал на островот во време на одржувањето на наводниот состанок.

Прашањето кое се поставува е: кои информации сме во можност да ги потврдиме со користење на гореспоменатата метода?

За овој пример следните клучни делови од информацијата доаѓаат од приказната што ја објави Вашингтон Пост: 11 јануари 2017 година, Хотел Four Seasons на Сејшелите.

Првиот чекор во овој процес е да се пронајде геотаг за Four Seasons. Брзото пребарување открива дека со геотаг е означен „Four Seasons Seychelles“. Прегледот на feed-от покажува голем број објави, што значи дека и прегледот неколку дена наназад би бил долг процес кој бара многу скролување.

 

N

Нареден чекор е претворање на датумот од интерес, 11 јануари 2017 во UNIX формат. Резултирачка вредност би требало да биде 1484179199000.

Епохата сега треба да се одземе од оваа вредност.

1484179199000-1314220021300 = 169959177700

 

Сега резултатот е потребно да се претвори од децимален во бинарен. Резултатот е:

10011110010010010110110011110111100100

 

Како што е направено порано, трите нули се додадени напред додека бројот на карактери не достигне 41, а уште 23 се додадени на крајот додека крајниот број на карактери не достигне 64. Резултирачката низа е:

0001001111001001001011011001111011110010000000000000000000000000

 

На крај, вредноста мора да се претвори назад во децимален формат:

1425720917727641600

 

Поставена во URL таа изгледа вака:

?max_id=1425720917727641600

 

Целосното URL би требало да изгледа вака:

https://www.instagram.com/explore/locations/4491795/four-seasons-resorts-seychelles/?max_id=1425720917727641600

Кога страницата повторно ќе се вчита и кога ќе почнат да се прикажуваат резултатите, станува очигледно дека многу слики со поглед на ризортот имаат нешто заедничко: јахтата. 91 метар долгата јахта на Машкевич по име „Lady Lara” на 11 јануари 2017 година била всидрена директно во морето до хотелот Four Seasons.

Najskoriji rezultati nakon dodavanja niza na kraju URL-a. Uočite plovilo na dnu centralne slike

Ова не е доволно за да со сигурност се каже дека Машкевич се сретнал со принцот или дека дури и бил на пловилото, но претставува почеток – поставува нови прашања. Можеби наредниот чекор би бил да се идентификуваат вработените или членовите на екипажот кои работеле на пловилото за интервју или да дознаете дали неговиот воздухоплов летал во близина на Сејшелите околу овие денови. Можностите за натамошно истражување се неограничени.

Lady Lara, Maskhevicheva 91 metarska jahta a Ibici 2016. godine (Photo: JanManu CC-BY-SA 3.0)
Lady Lara, 91 метар долгата јахта на Машкевич во Ибица во 2016 година (Фото: Jan¸Manu CC-BY-SA 3.0)

Познавањето како да се искористат платформи како што е Instagram, како алатки за повеќе од промоција станува круцијално за истражувачкиот процес и ќе продолжи да игра централна улога во повикување на одговорност на оние кои имаат моќ. Истражувачкото новинарство често може исклучително да се фокусира врз документацијата и другите „официјални“ канали, но новинарите мора подобро да го разбираат  светот на отворените извори кои им се на располагање – се надевам дека овој туторијал е прв чекор во таа насока.

Ocijenite kvalitet članka