Esport-от во меинстрим медиумите

16.04.2021. / 08:32

Esport, не e-sport ниту  eSport.

Асошиејтед Прес овој термин, кој се користи за опишување на League of Legends, Counter-Strike: Global Offensive, Dota 2, службено го вклучил во својата книга на стилови. Што било уште еден знак дека esport-от се приближува на меинстрим медиумите.

Тоа се случило во 2017 година, пред големиот пораст на играчи, растот на потрошувачката и пред глобалната пандемија во која спортските редакции биле соочени со недостаток на вести поради откажувањето  на традиционалните спортски настани.

Како меинстрим медиумите го прифаќаат esport-от

Местото на esport-от во редакциите на меинстрим медиумите е сеуште недоречен и несигурен. Количината на вести и трошоците за следење на индустријата сеуште се несразмерни за традиционалниот и esport-от да имаат ист статус. Она што на панелите често се истакнува е публиката која ги следи esport-oвите.

Воглавно се работи за помлади генерации кои помалку ги следат медиумите и немаат навика вестите да ги бараат на њуз порталите. Ако се бараат вести во видео формати, тогаш порталите немаат никакви шанси во конкуренцијата.

"Гејмерската сцена и сцената на esport-от воглавно се машки и многу помлади од традиционалните спортови. Тоа влијае на начинот на комуницирање на публиката и конзумирањето на содржината. Видео содржината е многу подобра од другите пишувани содржини. ", вели Александер Лее фриленс новинар кој редовно ги покрива esport-овите за публикации, вклучувајќи ги WIRED и Вашингтон Пост.

Тајната на успешната пишана содржина која може да успее кај ваква публика е раскажувањето на приказни. Познавањето на esport-от, играчите, настаните и поврзувањето на елементите во приказни може да успее кај публиката. Интервјуата носат далеку помала вредност затоа што тие кои се заинтересирани за одреден играч ќе ги гледаат нивните стримови.

Ако видите меинстрим медиуми како покриваат esport, како да не знаат за што зборуваат. Тие денес имаат теоретски новинарски вештини, но немаат никакво предзнаење. Луѓе кои ви се всушност потребни се луѓе кои се во индустријата доволно долго да раскажуваат приказни. Љубителите на esport-от можат да воочат лажњак. Знаат кога знаете за што зборувате и знаат кога им фрлате прашина во очи. Никој нема 15 пати да ја прочита истата статија во Вол Стрит "Дали знаевте дека esport-от е голема работа?" тврди Данкан Тхооорин Шилдс esport новинар од 2001.

(Забелешка: сите во esport-от, па и новинарите имаат прекар кој задолжително го пишуваат со името.)

Д-р. Патрик Соон - Шионг милијардерот кој го купи Лос Анџелес Тајмс, во 2018 година за Вашингтон Пост изјави дека оваа инвестиција ја гледа како дел од амбициозна стратегија за борба против лажни вести и јакнење на позицијата на Тајмс меѓу младите и љубителите на спортот во целата земја.” Вложувајќи во esport и видео игри, Соон - Шионг презема акција во тоа што верува дека е следна фаза во медиумското работење, каде медиумите еволуираат од своето печатено потекло и стануваат целосно медиумски брендови на различни платформи, вклучувајќи настани во живо, социјални медиуми, веб страници, ТВ и врвни медиумски услуги.

На прашањето на новинарот Кен Доктор за Niemanlabs.org дали неговата esport иницијатива е поврзана со Тајмс или е тоа посебен потфат кој може да се преклопи,  Д-р. Патрик Соон - Шионг изјави да бидам искрен со вас, не ни размислувам за тоа како за работа. Размислувам што е добро за да се преживее, како медиумите можат да преживеат барајќи медиумски алатки за интеракција со публиката.”

Сам Арсланиан, спортскиот уредник на Дејли Тројан тврди дека воведувањето на esport-от во меинстрим медиумите нема да биде лесна задача. Ќе бидат потребни неколку години луѓето да се прилагодат на променливиот спортски пејсаж. Додавањето на esports во Лос Анџелес Тајмс е чекор напред за спортот во целина. Се надевам дека другите публикации можат да ги применат esports извештаите и дека спортските читатели ќе бидат доволно отворени да размислат за читање на esport содржини и гледање на турнири.”

Esport во медиумите после пандемијата

Малку се меинстрим медиуми кои esport-от го покривале на ист начин како и традиционалните спортски настани. Тоа почна да се менува во последните години, а статусот на esport-от во редакциите додатно го подобри КОВИД-19.

Како и било која друга индустрија, esport-от беше погоден на почетокот на избивањето на пандемијата. Големите турнири кои ги полнеа салите и фудбалските стадиони мораа да бидат откажани или одложени. Огромната публика на случувањата е важен елемент на esports индустријата, слично на традиционалните спортови како фудбал или кошарка. Меѓутоа, за esport физичката посетеност на навивачите не е толку пресудна. Додека импресивни 40.000 гледачи присуствувале на финалето на Светското првенство на League of Legends во Кина, околу 100 милиони го гледале натпреварот од дома (Ipso.com).

Иако поголемиот број на спортски настани се откажани веќе некое време, esport-от можеше брзо да се прилагоди на новите услови, а многу турнири се одржуваат или без гледачи или директно на мрежата. Многу експерти веруваат дека коронавирусот донел предност за esport индустријата.

Новинари/ки во esport-от

Постојат многу начини на кои esport новинарите можат да ја подобрат околината. Една од најдрагите работи кои сум ги напишал е текстот под наслов "Играчите на Овервоч лигата се уморни". Ги интервјуирав играчите во тек на целата сезона 1 на Овервоч лигата и низ сите свои интервјуа со нив  ги курирал цитатите. Кога сите тие цитати ќе ги додадете заедно и ќе ги ставите во контекст, тоа создаде слика на која многу играчи подоцна ми се заблагодарија.

Играчите се чувствуваат како да не можат ништо да кажат за тие теми бидејќи никој не сака да ги слушне како се жалат. Понекогаш професионалните играчи немаат глас да ги раскажат своите лични приказни. Новинарот/ката може да направи нешто добро со интервјуата со подолг формат.” тврди Ник ДОразио директор на стратешката содржина во компанијата Инвен Глобал.

Имад Кан фриленс новинар препорачува на оние кои започнуваат со новинарска кариера во почетокот да работат во esport новинарството од страна, додека истовремено работат во друга рубрика. "Започнете така што тука и таму ќе се вовлечете во неколку esport приказни". За жал, тешко се доаѓа до постојана работа. Во моментот нема многу работи за постојан новинар/ка, а за работите кои постојат, платата не е добра бидејќи прометот не ја носи количината на приход која е неопходна за добро платени новинари/ки.

Esport и медиумите на Балканот

Под изговор за лоша медиумска ситуација, лоша економска ситуација и мал пазар, медиумите на Балканот споро прифаќаат и воведуваат иновации. Esport-от не е иновација, но е рубрика на која во последните години многу медиуми и се посветиле гледајќи можност за опстанок и долгорочно вложување во привлекување на помладата публика.

Во многу медиуми esport-от своето место го завземал во категоријата техноглогија или во списание, каде се зборувало за новите генерации на уреди, нови апликации, па и за гејмерската индустрија.  

Тие кои се вклучени во esport-от и се дел од оваа растечка гранка, не го сметаат ова за исправно бидејќи esport-от, според нив не е гејминг туку спорт. Специфичната околина не го прави помалку атрактивен од шахот или голфот, како што често истакнуваат.

Специјализираните esport медиуми на Балканот со своите содржини и вештините на новинарите/ките не заостануваат зад светските трендови. Подобро место и поголем медиумски простор за esport-от во меинстрим медиумите можеме да очекуваме со вклучувањето на esport-от на Олимписките игри што можеме наскоро да очекуваме.

Ocijenite kvalitet članka