Етиката на виртуелната реалност во новинарството

06.08.2021. / 07:59

Друштвото на професионални новинари (СПЈ), кое го објавило Етичкиот кодекс на кој се придржуваат новинарите, не дава никакви посебни насоки за известувањето во виртуелната реалност. "Тоа е тешко затоа што внатре во СПЈ сме отпорни на создавање на различни стандарди за различни медиуми", вели Andrew Seaman, претседател на етичкиот одбор во СПЈ."Стандардите кои ги применувате на печатените медиуми, онлајн и различни емитувања би требало да бидат исти без оглед на медиумот."

Од друга страна имаме дилеми со кои досега новинарите/ките не се среќавале.

XR, VR, AR, MR се технологии кои имаат голем потенцијал, познати се по збогатеното искуство кое ги спојува виртуелниот и реалниот свет. Понекогаш е лесно да се измешаат затоа што тоа на половина е дел од реалниот свет, постојат некои значајни разлики.

Важно е да се напомне дека тие нови технологии доаѓаат од различни места и настојуваат да прават различни работи, но можат да користат некои слични технологии и сличен пристап, па е разбирливо зошто се тие етички дилеми, кои ги наведуваме во овој текст, слични.

Постои ли одговорност  кај новинарите/ките за перцепцијата на публиката

Според Jennifer Talarico, психолог од факултетот Lafayette која проучува многу недостатоци на нашето сеќавање, потенцијалниот ризик се сведува на нешто што се нарекува грешка во следењето на изворот.

Talarico тврди дека изворното сеќавање е наш начин да се присетиме како сме го дознале тоа. "Ова може да биде многу општо – дали го прочитав тоа, дали тоа ми кажа нешто?" вели Talarico. “Дали земав витамин или само размислував за тоа? Дали тоа навистина се случи или тоа беше само сон? ”

Следењето на изворот е нашата способност да се сетиме дали сме го доживеале искуството или сме го приспособиле како свое искуство од приказната која ни ја раскажал некој друг.  

"Би можело да се замисли дека, колку повеќе е наративниот контекст сличен на искуствениот контекст, поголема е веројатноста дека некој ќе направи грешка во следењето на изворот", вели Talarico.

Која е тука одговорноста на новинарот/ката ако не знаеме како публиката ќе ја перципира приказната која е креирана во виртуелна реалност?

Кога би се раскажала приказната низ новинарскиот објектив, креаторите на содржината би требало да ги разгледаат овие две прашања за да направат анализа дали постои можност за повредување на публиката со создавањето на оваа приказна:

  • Ги воспитуваат ли ваквите искуства гледачите на начин на кој другите медиуми тоа не го можат?

Ако одговорот на ова прашање е негативен, размислете за следното:

  •  Дали создавањето на ова искуство е направено само поради покажување на технологијата?

Ако одговорот на ова прашање е потврден, тогаш за оваа приказна веројатно не е потребно да се користи ВР во прв план.

Како и кај дрон новинарството  за кое пишувавме претходно, оправданоста за подигнување на дронот, користењето на технологијата и расположливите ресурси мора да постои и да биде објективно оправдано. На креаторите на приказната е одговорноста и да го оправдаат тоа.

Да се создаваат нови етички принципи или виртуелната реалност  да се вклопи во старите

Можеби постои оправданост за одбивање на приспособувањето на етичките принципи на секоја нова технологија во новинарството. Проблемот настанува кога имаме преголем број на отворени прашања кои многу влијаат на работата на сите креатори на приказната, а притоа не мислиме само на новинарот/ката, туку и на уредникот/ката, снимателот/ката, фотографот/ката, монтажерот/ката.

Технологијата насочувана од голем број на луѓе влијае на животите на публиката, па и барањата за приспособени етички принципи се оправдани.

Некои од прашањата кои можат да помогнат во донесувањето на одлуката кога се креира приказна во виртуелна реалност се:

  1. Како се применуваат принципите на чесно и точно известување кога поставеноста на камерата не го прикажува само настанот, туку ја користи човечката перцепција за да ја постави публиката директно во сцената?

  2. Како изборот за уредување се засилува во таквите контексти?

  3. Како да се снимат 360 степени, а новинарот и неговата или нејзината опрема не ги снимите во истиот кадар и дали напорите за нивно отстранување се чесни?

  4. Како доживувањето на приказната во виртуелна реалност влијае на тоа како гледачите се сеќаваат на приказната и како реагираат на неа?

За да им се олесни на новинарите/ките носењето на тешки етички одлуки дефинирани се три стратегии кои ќе помогнат во сигурното креирање на темелите на приказната:

1. Поставете ѝ цел на приказната која ќе ја раскажете.

Со воспоставувањето на цел пред креирањето на приказната, новинарите/ките можат да го избегнат паѓањето во стапица со создавањето на приказна во ВР само поради користењето на технологијата.

Откако ќе се постави целта, етичките предизвици кои можат да се појават во фаза на продукција или постпродукција на приказната, полесно можат да се отстранат.

2. Новинарот/ката треба да ги презентира своите уреднички можности и никогаш не треба да претпоставува точност.

За да ја добијат довербата на јавноста, новинарите/ките можат да имаат корист од објаснувањето како определена приказна е создадена и кои ограничувања постојат во таа приказна.

Често споменуван пример на ваква практика е соработката помеѓу The Washington Post и Empathetic Media кои ја користеле виртуелната реалност за да се создаде фатална расправија  помеѓу Freddie Gray и полицијата во Балтимор.

Освен приказната во виртуелна реалност, Empathetic Media објавил и дополнување на приказната за да објаснат дека приказната во ВР се темели на содржината: која ја создале корисниците на местото на злосторството, сведочењето на очевидците и судските документи. Овој принцип највеќе се применува кај приказните кои користат 3-Д скенирање и / или компјутерска графика.

Новинарите/ките можат да имаат корист од јасното обележување кога сликите се менуваат или се подобруваат со помош на CGI (Computer-generated imagery) и како овие приспособувања ги поддржуваат принципите на точност и говорењето на вистината.

Оваа практика сѐ повеќе допринесува за тврдењето дека во новинарството транспарентноста е новата објективност.

3. Засилениот реализам ги зголемува шансите за предизвикување на посттрауматски стрес и штета.

Во блиска иднина би можело да стане вообичаено со виртуелниот свет да го имаме истиот однос кој моментално го имаме со својот мобилен уред.

Меѓутоа, во ВР ризиците за нанесување на штета на поединецот се поголеми затоа што учесниците имаат можност за персонализација на сопственото искуство преку движења и допири. Само поради тоа што новинарите/ките имаат можност да прозведат вакви искуства, не значи дека тие треба да ризикуваат потенцијална штета.

Други видови на етички прашања

Stephen Ward новинарската етика ја дефинирал какоодговорно користење на слободата на објавување; проучувањето и примената на нормите треба да бидат водени од одговорно, јавно новинарство.” Етичките размислувања, особено на фоторепортерите, честопати се концетрирале на употребата на насилни, сурови и порнографски материјали.

Меѓутоа, постојат и други видови на етички прашања, како што се прашањето за автентичност, вистинитост, проверка и приватност. Тоа исто така се оправдани грижи во новинарството.

Ocijenite kvalitet članka