Фотограметријата во новинарството: Можностите и предизвиците на раскажувањето на 3Д приказни

20.08.2021. / 10:24

Класичното новинарство (така ќе го наречеме за потребите на овој текст) на публиката ѝ нуди читање на текстот и гледање на фотографијата која е како 2Д додаток и ќе ја направи веста порелевантна.
Поместувањето на границите во новинарството ѝ дало можност на публиката да го доживее сѐ она што го доживуваат новинарите/ките на лице место, окружувањето и движењето во просторот, благодарение на еден вид на виртуелна реалност , а тоа е фотограметријата.

Фотограметријата во новинарството

Фотограметријата е процес кој вклучува фотографирање на десетина стотици неподвижни фотографии и користење на софтвер за нивно спојување во 3Д мрежа.  
Софтверот бара области на сличност помеѓу фотографиите, а потоа користи паралакса или однос помеѓу објектите во преден план и во позадината за да создаде длабочина.

Филмската и гејминг индустријата ја користат фотограметријата за да креираат фотореалистични поставки. Експертите тврдат дека тоа може да потрае со недели или месеци за да се креираат прикази со голема верност. Проблем може да биде тоа што медиумите имаат на располагање исклучиво денови.

3Д приказните ѝ нудат можност на публиката да доживее некој простор или некоја околност како навистина да биле на тоа место. Секој детал на сликите, секој предмет може да се разгледа од повеќе агли. За публиката, ова е еден целосно нов начин на влегување во различни простори, на влегување во приказните и искуство кое се стекнува со вакво гледање на детали кои сочинуваат некоја приказна.

Конкретен пример на приказна креирана со фотограметрија  креирал New York Times. Стан во градот Providence, Rhode Island кој им припаѓа на еден пар на уметници. Последните седум години тие ги поминале во уредувањето на овој стан и го претвориле во уметничко дело. Станот, благодарение на постапката на фотограметрија (environment photogrammetry), можете да го разгледате до најмал детал, како да сте биле во станот.

Посебните точки и белешки му овозможуваат на гледачот/ката да зголеми одредени детали и да го истражи она што на него највеќе му привлекува внимание.

Зошто фотограметрија, зарем видеото не е поедноставен избор

Видеото во новинарството има свое место, но можностите кои видеото им ги дава на новинарите/ките и на публиката не нуди искуство на гледање на детали и нуркање во секој детал на приказната.

Во новинарството овој начин на прикажување на приказните се користи кога има потреба да се прикажат детали кои не можат да се видат толку добро на друг начин. Една од таквите приказни е онаа за ураганот Dorian кој се случил на 01. 09. 2019 година на Бахамите.

По ураганот екипа од R&D патувала по брегот и ги документирала последиците на оваа несреќа. Резултатот е 3Д приказна која прикажува застрашувачки сцени (на линкот е интерактивна 3Д приказна) што повеќето луѓе никогаш порано не ги виделе. Членовите на тимот кажале дека за ефикасен начин за прикажување на приказната од толку голем простор како што е Sand Banks, било потребно да се ограничи бројот на фотографии кои се фотографирани, и за да го постигнат тоа тие следеле однапред подготвен план за реализација кој им помогнал да создадат помал број на фотографии кои се со поголем квалитет.

Медиумите сега можат да понудат виртуелно истражување на локации, објекти и луѓе

Фотограметријата е многу флексибилна, може да се користи за изработка на модели на луѓе, на предмети и на места. Моделите на 3Д фотограметријата не постигнуваат во целост интерактивност и присутност кои ги даваат импресивните VR искуства, но фотограметријата ѝ овозможува на публиката виртуелно истражување на локации, на објекти и на луѓе.

Авторите на студијата "Новинарството на виртуелната реалност" на Tow Center-от за дигитално новинарство претпоставуваат дека со напредувањето на визуелните медиумски технологии гледачите се сѐ поблиску до доживувањето на субјектите и дека "пречките помеѓу себе и другиот почнуваат да исчезнуваат."

За секој новинар/ка кој е заинтересиран/а за изработка на модел со 3Д фотограметрија постојат два клучни чекори: фотографирање и обработка. Суштината е следна: новинарот/ката фотографира околу 100 фотографии во текот на процесот на фотографирање, со помош на дигиталниот апарат или специјализираните алатки, ги увезува во софтверот кој ги анализира фотографиите за да генерира облаци од точки и за да конструира модели. Како се создаваат тие облаци од точки и нивната точност во голема мера зависи од тоа кој софтвер се користи.

Група на автори на чело со Henry Keyser, за KnightLab, направила анализа на софтверот и на алатките потребни за фотограметрија. Резултатите се очекувани, најскапото е најдобро.

Предизвици за новинарите/ките

Без разлика дали се наоѓате во контролирано или неконтролирано окружување, има четири клучни компоненти  за успешно фотографирање на фотограметрија:

  • локација – во текот на дополнителната обработка на фотограметрискиот модел, поголемиот дел од чистењето е потребен поради лошото осветлување во текот на фотографирањето.  Чудни бели или сиви наслаги, кои се нарекуваат "артефакти", можат да бидат прицврстени на вашиот субјект.
  • мирување – фотограметријата е извонредна во изработката на 3Д модел на статичен објект, па ако се обидувате да направите модел на нешто што може да се движи, како лица, советувајте ги и следете ги да не се движат. Дури и поместувањето на очите предизвикува благи движења на главата, па препорачливо е моделот да гледа во одредена точка.
  • поставки на апаратот – немојте да ги менувате поставките од кадар во кадар затоа што фотограметријата најдобро функционира при фотографирањето на доследно оформена и обоена реалност.
  • движење на апаратот – Иако морате да го фотографирате целиот субјект, еднакво е важно за софтверот за фотограметрија да го разбере вашето фотографирање. Ако не сакате цртање со часови или предмет кој трепери, фотографирајте брзо.

Покрај тоа што новинарот треба да размислува за приказната, во текот на фотографирањето важно е и да се размислува за постпродукцијата и за софтверот кој треба да го разбере секој детал на сите фотографии и да ги вклопи во совршена целина. Оваа вештина може на целиот тим  да му заштеди часови на постпродукција и дополнителни работи на цртање на мрежата.

 

Ocijenite kvalitet članka