Immersion новинарство: Кога новинарството ќе покаже дека светот не е далеку

25.06.2021. / 08:38
Share
Immersion Story - 5(ish) Questions: Ted Genoways and his year-long embed on a family farm
Immersion Story - 5(ish) Questions: Ted Genoways and his year-long embed on a family farm
Immersion Story - 5(ish) Questions: Ted Genoways and his year-long embed on a family farm

Со Пулицер наградуваниот новинар Edward Humes кажал дека интервјуата се клучни и дека документите можат да бидат непроценливи, “но не постои ништо како што е присуството на настаните за кои пишувате или, барем запознавање на светот и културата во кои живеат вашите ликови.”

Токму тоа е причината зошто immersion (нурнувачко) новинарството добива простор во медиумите. Порано ваквите трудови биле објавувани како книги, денес приматот го презеле 3Д содржината и виртуелната реалност.

Што е immersion новинарство

Потопно, нурнувачко новинарство или имерзија се имиња за стилот на пишување во новинарството каде детално се опишуваат индивидуалните искуства од длабоко лична перспектива. Поединецот ќе одбере ситуација и ќе нурне во настаните и луѓето кои се вклучени. Поддржувачите на нурнувачкото новинарство тврдат дека оваа истражувачка стратегија им овозможува на авторите да го опишат внатрешното искуство за надворешните настани и да се одвојат од објективноста на традиционалното новинарство.

Според некои извори, меѓу нив и Wikipedia, се тврди дека ова движење било популарно во 60 – тите и 70 – тите години, и дека завршило во 80 – тите. Денес, ако го погледнеме развојот на новинарството и на медиумите, известувањето за некои настани, ударните вести стекнуваме впечаток дека вестите не се креираат само врз основа на факти. Користењето на вештачката интелигенција и на виртуелната реалност во новинарството овој тренд го засилило уште повеќе.

Каде го сретнуваме нурнувачкото новинарство

Професорот по новинарство д-р. Tony Harcup кажува дека основното начело на новинарската практика е раскажувањето на приказни. “Во нурнувачкото новинарство раскажувањето на приказни станува поважно од она „Кој? Што? Каде? Кога? Зошто? Како?" кое го сочинува правилото на превртена пирамида во новинарството.

Повеќето гледачи не реагираат на трагедиите кои се случуваат ширум светот. Ако несреќите немаат допирни точки со нив, овие вести брзо се претвораат во врева од медиумите. Кога сакаме да ја пренесеме приказната која луѓето зафатени од несреќата ја проживуваат, мораме да предизвикаме емоции кај публиката.

Сочувство, разбирање и сместување  на места на кои вообичаено немате пристап се главни причини за користење на нурнувачкото новинарство. Постојат новинарски приказни кои се големи поради емоциите на нивните главни актери. Проценката на новинарот/ката дека вреди да се занемари објективноста и неутралноста и да се пренесе приказната, е лична одлука, но реакцијата на публиката на вакви приказни го оправдува емотивниот пристап.

Пример за нурнувачко новинарство

Immersion новинарство вообичаено значи вид на известување кое го направил Ted Genoways. Тој и неговата сопруга фотограф поминале една година живеејќи со фармер, производител на соја и со неговото семејство во Небраска за одблизу да ни покажат каков е животот за 2% од населението кое ги снабдува со храна сите останати.

Оваа приказна ги прикажува секојдневните искуства  на земјоделецот од сезона во сезона, интимно сведоштво на 2% од американското население. Авторот на приказната, Genoways за оваа приказна кажал, "сакав да им дадам на земјоделците глас во системот во кој за нив често се зборува или им се диктира, но ретко ги слушаат."

Често нурнувачките приказни добиваат свој формат во книга, како и оваа приказна за животот на фармерите “This Blessed Earth.”

Сѐ било така до појавата на виртуелната реалност која во immersion (нурнувачко) новинарството донела промени.

Покренувачки елементи на нурнувачкото новинарство

Деталното раскажување од сцена до сцена користејќи при тоа емотивен јазик, кој ќе му помогне на читателот да ја замисли приказната и да се поврзе со ликовите е најголема цел на нурнувачкото новинарство.

За да се оствари оваа цел потребно е во приказната да се вклучат неколку елементи:

  • Присутност

Елементот на присутност новинарите/ките настојуваат да ѝ го пренесат на публиката во секоја приказна. Зборот нурнување значи престој во друга реалност. Да се  биде во приказната, како набљудувач/ка или учесник/ка носи емоции кои не можеме да ги поттикнеме кај публиката со објективен новинарски пристап.

  • Ангажирање

Ангажирањето често зависи од занимливоста на содржината, полот на корисникот, но и од субјективните елементи како што се мотивите на корисникот/ката за избор и ангажирање во активноста.”

Ангажманот е состојба на свеста во која вниманието на корисникот/ката го привлекува корисничкиот интерфејс или мултимедија, употребливоста на системот, способноста на корисникот да учествува во искуството и да се вклучи во приказната.

За да им се дадат на луѓето потребните информации, веста и нејзиното претставување мораат да ја привлечат, да ја вклучат и да го задржат вниманието на публиката, инаку вниманието на корисниците/ките ќе биде изгубено.

  • Емоција

Денес корисниците/ките веќе не се задоволни кога е нешто употребливо и корисно. Тие исто така сакаат и емоцинално задоволство. Поради тоа и дизајнот на приказната во последно време го сосредоточиле многу повеќе на емоционалното влијание.

Шефицата на оддел во RYOT, Molly Swenson креирала приказна за неправосилно осуден маж кој бил ставен во самица на една година.

"Тој раскажува за своето искуство, вие сте во слушалките, гледате околу себе и тој заминува. За 15 секунди ќе можете да ги симнете слушалките и да се вратите во нормалниот живот, но тоа  не е случај за 80.000 Американци кои се денес во самица,'' рекла Swenson. "Секој има момент како онојО, Боже, што ако нема да можам да ги симнам слушалките и ова би била мојата реалност?’"

Најсилен впечаток кој нурнувачкото новинарство го остава на публиката е содржано во прашањето што ако ова би била мојата реалност?!”

Тогаш публиката го разбира тоа што новинарот/ката одамна го разбрал/а, дека светот не е така далеку.

Ocijenite kvalitet članka