Instagram live во медиумите

16.06.2021. / 11:27

Пандемијата со изолираноста на луѓето во нивните домови го зголемила користењето на интернетот, кој за поголемиот број на луѓе бил единствен излез во светот околу нив.
Од друга страна, медиумите имале огромна задача како да останат ангажирани со публиката, и во мноштвото информации, токму тие да бидат оние чија содржина публиката ќе ја конзумира.
Еден од начините кој почнал почесто да се користи во светските медиуми е видеото во живо на социјалните мрежи, особено Instagram live.
Instagram live низ пандемијата овозможувал одржување на директна линија со публиката и допринесувал за полесно поврзување со заедницата на автентичен начин.
Според  истражувањата 80% од публиката попрво би гледала лајвстрим отколку да чита блог пост, додека 82% попрво би гледала лајвстрим отколку да гледа објава на социјалните мрежи.
Преку оваа форма на снимање во живо на видео содржината можете да добивате коментари и прашања од публиката во реално време. Ова е многу значајна алатка за градење на силна врска помеѓу вашиот медиум и публиката.
Денес ќе поминеме низ неколку важни ставки кои треба да ги покриете за да имате што поуспешен резултат со користењето на оваа форма во новинарството.

Пред да го покренете вашето видео во живо

Пред воопшто да одлучите да одите во живо, задолжително проверете дали имате силна интернет врска за stream-от да биде што поквалитетен.
Тестирајте го Instagram Live на тестен компјутер за да бидете сигурни дека сте запознаени со неговата функционалност и сите поставки.
Известете ја однапред вашата публика дека ќе одите во живо во одредено време и со одредена тема. Кога ќе ги известите за темата, можете на вашиот Instagram профил да поставите story со одбројување за да ја промовирате вашата најава за во живо. На одбројувањето публиката може да кликне и да добие известување кога одбројувањето ќе заврши, што ќе биде добар потсетник за да ви се придружат.
The Cut забележал дека најавата за во живо може да ја удвои гледаноста во однос на објавувањето на самото одбројување во Story.
На Instagram story-то можете да покренете и прашања, и на тој начин однапред ќе ја ангажирате публиката да биде дел од темата за која ќе зборувате.
Најдобрата практика која можете да ја следите при подготовката е да имате во предвид дека публиката на Instagram е нешто полежерна отколку што е тоа случај со некои други формати. Следејќи ја таа логика, поставете го соговорникот/ката во некој полежерен амбиент.

Како да го покренете снимањето

За да го покренете Instagram live кликнете на плусот во горниот десен агол или поминете преку екранот во десно од било кое место во Feed-от за да ја отворите камерата.
Кога ќе кликнете на иконата плус или ќе поминете по екранот во десно, ќе ви се отвори камерата а во долниот дел на екранот ќе бидат опциите Post, Story, Reels и Live, па одете на Live.
Пред да одите во живо, допрете ја иконата со тркалца во горниот лев агол за да ги отворите поставките и да изберете кој сакате да го види вашиот Instagram Live, кој може да одговори, каде ќе се складира и како може да се споделува. Бројот на гледачи се појавува на врвот на екранот. Кога ќе ги поставите сите овие карактеристики тогаш сте подготвени. Допрете го копчето Live (Во живо).
На самиот почеток на снимањето, почекајте неколку минути публиката да кликне на вашето видео во живо. Можете полека да ја поздравувате публиката како што ќе се појавува.
За да бидете сигурни дека во коментарите на својот Instagram Live нема да видите непристојни зборови, можете да ги сокриете навредливите коментари и да ги филтрирате коментарите кои содржат определни зборови. Отворете ги поставките на Instagram, придвижете се надоле до Приватност, одберете Коментари, а потоа префрлете ја  преклопката „Сокри навредливи коментари“ од Исклучено на Вклучено. За да ги филтрирате коментарите кои контактираат определени зборови или фрази, префрлете го рачниот филтер од Исклучено на Вклучено и внесете ги зборовите или фразите кои сакате да ги филтрирате.

Kada završite, dodirnite Kraj u gornjem desnom dijelu, a zatim potvrdite. Odatle možete dodirnuti ikonu za spremanje u gornjem lijevom kutu da biste je sačuvali u fotoaparatu ili podijelili u svoje Priče. Vaš Live će ostati na Instagram Storiesu 24 sata. Nakon što sačuvate videozapis na svoj mobilni uređaj, možete prenamijeniti ovaj sadržaj i dijeliti ga na Instagram Stories, feedu i IGTV.

Sačuvajte snimak

Селфи стил на емисија од 60 минути

Поголемиот број на видеа во живо се снима во селфи стил. А денес постојат и можности за додавање на различни филтри на видеото.
Од лежерност до разговорливост. Моќта на покренување на видео во живо е во тоа што e лично и интерактивно. Следете ги идеите во кои директно комуницирате со публиката или одговарајте на прашања.
Земајќи го во предвид фактот дека нема сите да се придружат во исто време за да ве слушаат, од време на време во тек на разговорот преставете ја темата и каде сте моментално.
Како додатна форма на вклучување на публиката, повикајте некого кој е подготвен во последните пет или десет минути да ви се приклучи во живо во вашата емисија.
Во живо можете да бидете и до 60 минути. Ова е сосема доволно времетраење во кое можете да имате сериозно обработени теми за кои сметате дека треба да ѝ ги понудите на публиката токму во овој формат.

На крајот

Кога ќе завршите, објавете го видеозаписот во својата Приказна или преземете сурова видео датотека (да речеме, пренаменете ја за IGTV).  Споделете го својот Live со IGTV. Задолжително вклучете Post a Preview за прегледот на вашиот видеозапис да се сподели на вашиот feed и на профилот.

 

 

Ocijenite kvalitet članka