Instagram Reels може да им помогне на медиумите да го зголемат досегот и ангажманот на публиката

31.03.2021. / 09:33

Instagram Reels е покренат во август минатата година и отвори реални можности за раскажување преку креирање на кратки видео записи на Instagram.

Иако многу потсетува на видео снимките на TikTok, сепак е доста поинакoв, бидејќи и Instagram како медиум е поинаков од TikTok.

TikTok нуди многу повеќе алатки за уредување на видео записи, звуци и ефекти. Исто така, со оглед на тоа дека платформите на социјалните медиуми, како што е Snapchat, креирале филтри и леќи посебно за TikTok, големи се шансите дека TikTok и понатаму ќе работи подобро од Instagram Reels.

Многумина се скептични колку воопшто ќе заживее Instagram Reels и дали ќе претставува преполнетост со луѓе на Instagram feed.

Што овозможува Reels

Reels овозможува креирање на видео снимки со уредување, додавање на звук, ефекти или други алатки, во времетраење од 15 секунди како што се и снимките за Instagram Story. Можете да подесите да снимите запис до 30 секунди, доколку тоа ви одговара. Откако ќе ги снимите тие 15 или 30 секунди, доколку некој дел ви е вишок можете да го скратувате секое видео посебно. Откако ќе одлучите кои ви се финалните снимки, можете да го допишувате текстот, да ставате гифови, да ја додадете локацијата или да спомнете некого, да поставите прашање или квиз. 

Instagram Reels се наоѓа како засебен дел на Instagram Feed, а доколку профилот ви е јавен, снимките се видливи на почетната страница, во посебен дел Instagram Explore.

Оваа опција може да биде повеќекратно корисна и во новинарството бидејќи нуди секому шанса да дојде до нова публика на мошне креативен начин, особено до помладата публика која е на Instagram. Порано сме пишувале како да се користи Instagram во новинарството и верувам дека и при одлуката да креирате Instagram Reels може да ви биде од помош.

Како да се креира Instagram Reels?

Reels се наоѓа на дното на Instagram мобилната апликација во средината и со негово покренување влегувате во новиот свет на креирања на кратки видео записи.

r

ewe

Кога ќе кликнете врз иконата на Instagram Reеls од левата страна на екранот ќе можете да пронајдете различни алатки за уредување на видеа, како што се:

  • Аудио: На ова место ви се достапни песните од музичката библиотека на Instagram, но можете да го додадете и вашиот звук.

  • AR ефекти: Ефектите се исти како и оние кои сте можеле да ги користите креирајќи видео или фотографии за Instagram Story и постои голем спектар на различни ефекти.

  • Тајмер: Оваа опција служи за да го подесите времето така за да имате определено време пред да почне да се снима, па можете да подесите на 3 или 10 секунди, што може да биде одлично доколку го поставувате телефонот и потребно ви е да се оддалечите и застанете во кадарот.

  • Порамнување: Користејќи ја оваа опција, можете да ја порамните претходната снимка со идната, односно предметите и објектите од претходната снимка можете да ги усогласите а да создадете незабележливи премини.

  • Брзина: Оваа опција ви овозможува да ги забрзате или забавите оние делови од видео записот или звукот за кои сте се одлучиле дека треба да бидат забрзани или забавени.

sasa

Се поставува исто така прашањето колку Reels се разликува од Instagram Story и зошто имало потреба за создавање на посебен дел, а не за надградба на Instagram Story. Разликата која е направена е што Reels може да се споделува со многу поширока Instagram заедница, не само со вашите пријатели/ки, секако ако имате јавен профил. На овој начин можете да дојдете до онаа публика до која порано не сте можеле да дојдете, бидејќи Reels се појавува на почетната страница во Explore Instagram, што не е случај со стории дури и ако имате јавен профил.

Уште една помала разлика е таа што Instagram Reels нуди поголем избор на алатки за уредување на видео записи, ефекти и контрола на брзината. На пример со помош на алатката за порамнување можете без проблеми да комбинирате повеќе видео записи. Иако, за разлика од Story, кога го користите Instagram Reels, смеете да користите единствено видео содржина, а не фотографии.

Кои се можностите за користење на Reels во новинарството

Стипендистите од Instagram Local News Fellowship, која е соработка помеѓу новинaрскиот проект на Facebook и новинарскиот институт на Reynolds го гледале Reels како можност постарите издавачи да ги запознаат со помладата генерација и на тој начин да го зголемат досегот и ангажманот на публиката.

Стипендистот на Milwaukee Journal, Сем Форбс, ги повторил Демократската и Републиканската национална конвенција на Reels, која ги истакнала главните наслови на вечерта. Форбс ја користел функцијата на зелениот клуч и ги објавил на Reels на фидот и на Story за да забележи повеќе прикази. Забележал дека Reels непрекидно остварува повеќе од 10.000 прегледи, додека IGTV на @journalsentinel во просек остваруваат 4.000 прегледи по видео запис. „Reels-ите се едноставен начин за скалирање на видео продукцијата со истовремено давање на вредноста“, кажал Форбс.

"Reels е многу интересно да се изработува, а долгорочно го гледам Reels како алатка за привлекување на вниманието на публиката и за насочување таму каде што сакате. Потенцијалот со Reels го гледам како средство за промоција на претплатата. Би сакал да тестирам колку се ефикасни како начин за промоција на надоаѓачката содржина на IGTV или Instagram Live." – наведува новинарот Жоакин Роблес од St. Louis Post-Dispatch.

Изгледа дека за сега корисноста на Reels во новинарството се гледа токму на полето на доаѓањето до новата публика, и зголемувањето на досегот и прегледите на содржините на нивниот Instagram профил. Иако оваа опција дури од неодамна е дојдена на Западен Балкан, не треба да се занемари, и ги охрабруваме новинарите/ките да ја искористат за да дојдат до колку што е можно поширока публика на Instagram, социјалната мрежа која како медиум во новинарството е сè уште недоволно искористена.

Ocijenite kvalitet članka