Кога и како да се користи новинарската форма фичер (feature)

05.07.2021. / 09:12

Новинарите/ките кои секојдневно работат на пишување на вести, се потпираат на цврсти факти за брзо и ефикасно на читателите/ките да им ги пренесат информациите кои треба да ги знаат. Меѓутоа, понекогаш зад тие недоволни и општи информации се крие многу поголема приказна. Понекогаш е потребно да се внесат многу повеќе детали во пишувањето за да се наслика целата приказна која ги открива сите бои на нејзината позадина.

Потрагата по тој пат кој води до поширок поглед на приказната, кој отвара нови перспективи на набљудувањето на веќе виденоипознато на сите“, го однела американскиот писател и новинар Gay Talese до приказнаата која, и после повеќе од педесет години, со причина, се зема како пример. Имено, Gay Talese во 1965 година, од магазинот Esquire добил задача да напише приказна за Frank Sinatra. Иако тоа првично не го сакал, затоа што во тоа време секој пишувал за Sinatra, сепак ја прифатил задачата. Отпатувал за Лос Анџелес каде што дознал дека не може да добие интервју, затоа што Sinatra не се чувствува добро. Останал во Л.А, надевајќи се дека тој ќе се опорави и повторно ќе ја разгледа можноста за давање на интервју. Во меѓувреме почнал да разговара со многу луѓе кои го окружуваат Sinatrа, со неговите пријатели, со соработниците, со семејеството, и го набљудувал Sinatrа во неговото природно окружување кога и да можел. Во април 1966 година Esquire го објавил тоа што уредниците и денес го нарекуваат едно од најдобрите дела кои некогаш ги објавиле, со едноставен, но интересен наслов „Frank Sinatra е настинат(Frank Sinatra Has a Cold“).

Меѓутоа, тој не бил најдобар затоа што Sinatra е субјект на приказната. Бил најдобар затоа што Talese морал да вложи многу труд, да исткае приказна од детали кои ќе го кренат високо над тоа што сите веќе го знаат за човекот за кој секој знае.

Како да се постигне тоа?

Новинарската форма која дозволува ваков начин на пишување е фичер (feature). Зборот фичер (feature) е од англиско потекло и означува новинарска форма која содржи елементи на фактографија, но и на белетристика. Во нашето говорно подрачје, како новинарска форма, најблизок е до репортажата. Меѓутоа, како што се наведува во учебникот и прирачникот за совладување на новинарските техники за работа, Квалитетно новинарство во Југоисточна Европа, „околу разграничувањето на репортажата од фичерот постои спор меѓу експертите. Имено, и во фичерот општо се појаснува на примерот на посебен поединечен случај. Поклониците на чистата теорија репортажата ја гледаат потесно од приказот на некој настан, најдобро во живо во електронските медиуми. Фичер во тоа толкување е приказ на некоја општа тема која во воведната сцена се надоврзува на некој поединечен случај.“ Токму поради тоа, за потребите на оваа статија, при дефинирањето на овој вид на новинарска форма, ќе ја користиме изворната форма фичер (feature), која веќе со одомаќила и во нашето говорно подрачје.

Што е фичер приказна?

Фичер приказните (feature story) се разликуваат по тонот и по структурата, но се еднакво важни за читателското искуство, без разлика дали се работи за весници, веб страници или списанија. Фичер приказните пренесуваат информации и факти токму како и ударните вести. Меѓутоа, вестите вообичаено се сочинети од збир на факти. Некои од нив се подобро напишани од другите, но сите тие постојат за да исполнат една цел: да пренесат информации. Фичер приказните, од друга страна, имаат многу поголема цел. Тие исто така пренесуваат информации, но и раскажуваат приказни за човечките животи. За да го направат тоа, мораат да ги вклучат аспектите на пишување кои често не се наоѓаат во вестите – оние кои се често поврзани со пишувањето на белетристика, вклучувајќи опис, поголема употреба на цитати, анегдоти и понекогаш обемни позадински информации. Тој овозможува простор за анализа и интерпретација, развивање на наратив, и други елементи на реторичко или креативно пишување. Табелата подоле компарира некои од основните карактеристики на вестите и на фичерот. Меѓутоа, важно е да се напомене дека ова не се цврсти правила, и дека може да дојде до преклопување на овие два вида.

oipp

 

Според тоа, основните карактеристики на фичерот се:

  • Дескриптивни се и полни со детали;

  • Вообичаено имаат изразена наративна линија;

  • Имаат силен лид (lead) кој ги обзема читателите/ките и ги мотивира да продолжат со читањето;

  • Вообичаено зависат од интервјуата;

  • Вклучуваат цитирање на учесниците/ките;

  • Комбинираат факти и мислење, со фокус на страната на приказната која е во интерес на луѓето. Иако можат да известуваат за новости, сепак тоа не е од најголема важност;

  • Овие приказни и едуцираат и забавуваат. Можат да вклучуваат живописни детали, но и хумор;

  • Го содржат гласот на личноста која ги пишува;

  • Можат да бидат во различна форма (на пр. хронолошка, наративна);

  • Тие вообичаено ставаат месона скелетотна вестите.

Како да се напише добра фичер приказна

Пишувањето на фичер приказна која ќе пронајде пат до интересот, како на уредникот, така и на читателите/ките, не е едноставно. Меѓутоа, тој пат може да го олесни користењето на следните совети:

  • Истражетена фичер приказните им е потребно многу повеќе од самите факти и детали – на нив им требаат докази. Цитатите, анегдотите и интервјуата се корисни за собирањето на информации за вашата фичер приказна. Слушањето на различни точки на гледиште, или повторното сослушување на сведоците, членовите на семејството, или било кој друг кој би можел да пополни некои дупки, или делови кои ѝ недостигаат на вашата приказна - сѐ тоа може да ѝ помогне на вашата приказна да биде повеќе тридимензионална, допуштајќи ви да дојдете до поинтересна приказна.

  • Уверлив насловедна од најтешките задачи за новинарите/ките е доволно да ги заинтересираат читателите/ките за читање на нивните приказни. Насловот е првото нешто кое читателите/ките ќе го видат, и кое ќе ја разбуди нивната љубопитност и ќе ги увери дека треба да го прочитаат.

  • Љубопитност ако со насловот сте успеале да го привлечете вниманието на читателите/ките на вашата приказна, воведниот параграф би требало да ги натера да го прочитаат и остатокот од приказната. Првиот параграф би требало да ја разбуди љубопитноста. Првите неколку реченици им даваат причина на читателите да продолжат да читаат. Тоа што читателите/ките највеќе го бараат е причина да им биде грижа за тоа, причина која ќе им ја разбуди желбата да знаат нешто повеќе за тоа.

  • Поврзете ги точките - сѐ додека информациите беспрекорно се соединуваат со вашиот наратив и создаваат редослед на сцени поврзани со емоционален лак, веројатно е дека пишувате уверлива статија. Дури и кога изработувате профил на личноста, вашата фичер приказна би требало да вклучува објаснување зошто тоа лице заслужува за него да се разговара, и зошто читателите/ките би требало да се грижат за него. Секој елемент на вашата приказна би требало да има цел да се постави сцена за своите читатели/ки и да се пренесат главните точки на уверлив и пријатен начин.

  • Погрижете се да се исплати. Главниот дел на вашата фичер статија би требало да одговара на прашања, да даде одредени информации и да вклучува корист за читателот. Дури и ако ситуацијата во реалниот живот нема крај, за вашата статија мора да постои заклучок кој ќе ѝ одговара на публиката како да и е раскажана целата приказна.

Пример за користењето на фичерот во известувањето за културата

Употребата на фичерот е разновидна, и може да се применува на речиси сите полиња од новинарската дејност. Меѓутоа, неговиот потенцијал можеби најмногу можат да го искористат новинарите/ките кои работат во областа на културата. Примерите во продолжение објаснуваат како за таа цел можат да се искористат некои од основните форми на фичерот:

Профил: Пронајдете личност која дала свој придонес во развојот на културата во вашата земја, вашиот град, или во вашата локална заедница. Тоа може да биде било која личност од светот на културата (глумец/ица, сликар/ка, фотограф/ка, сопственик/чка на уметничка галерија, или организатор/ка на културни манифестации). Без оглед дали се работи за славна, или помалку позната личност, обидете се да се кренете над информациите со кои располагате за таа личност, и неа и нејзиниот живот да ги погледнете од различна перспектива обидете се да ја запознаете. (Сетете се на примерот од почетокот и портретот на Sinatra кој со зборови го насликал Talese).

Влегување во животот (Live-in): Поминете неколку дена во некоја од културните институции за да ги почувствувате нејзините ритмови, и ритмовите на луѓето кои работат тука. Културните институции обично се наоѓаат на дното на буџетскиот прехрамбен ланец, и нивниот опстанок е воглавно одење по тенка жица. Токму поради тоа, ова е најдобар начин да се раскаже приказната од аголот на лицата кои го овозможуваат нивниот опстанок.

Вести: Разговарајте со истакнати експерти за проблемите, трендовите и можностите за унапредување на состојбата на културата во земјата. За конкретните чекори кои се планираат да се направат за да се подобри таа состојба, потенцијални извори можат да бидат претставници/чки на власта, но и локални организации.

Рецензија: Присуството на отварање  на изложба, одржување на филмски фестивал, или одржување на концерт, можат да бидат културни настани кои ќе ви допуштат да отидете зад кулисите на она што се случува, и да пронајдете приказна која е вредна за пишување. Сите добри рецензии имаат една заедничка карактеристика многу изразено мислење. Затоа, одлучете се кое е мислењето и не се плашете да го искажете.

Некогаш, нештата кои се на површината можат го свртат вниманието од вистинската приказна која се крие во позадината. Поради тоа, размислете за стилот, боите и мотивите на приказната која првично ве привлекла, и обидете се да ги согледате сите нејзини страни. Затоа што, во некои случаи и платното на кое е насликана сликата, има своја приказна која е вредна да се раскажесвојот столар кој го распнал на рамката, својот сликар кој во него со боите ја преточил својата визија на светот, па дури и своите клинци кои ја одржуваат неговата форма.

Ocijenite kvalitet članka