Културните настани како извор на информации за новинарите/ките

10.05.2021. / 07:54
Share
Predstava "Welcome", izvor Oslobođenje
Predstava "Welcome", izvor Oslobođenje
Predstava "Welcome", izvor Oslobođenje

Културата отсекогаш имала важна улога во општеството, што докажува и фактот дека развиеноста на едно општество многу често се мерела со развиеноста на неговата култура во одреден временски период. Денес, кога културата е потисната на маргините на општествените вредности, можеби е важно, повеќе од било кога, да се осврнеме на нејзиното значење.

Историски гледано, на лицето на развојот на културата секогаш останувале длабоко врежани најголемите проблеми, трагедии, порази, успеси и борби со кои се соочувало општеството, или одредена општествена група. Без оглед на тоа дали станува збор за филм, претстава, перформанс, или некој друг културен настан, во голем број од нив многу често се проткаени актуелните случувања во општеството, како што се кршењето на човековите права, психичкото здравје, климатските промени, мигрантската криза, и слично. Покрај своето значење кое е проткаено низ сите сегменти на животот, начинот на кој културата, особено во областа на театарската уметност, нуди одговори на секојдневните проблеми со кои се соочуваме, може да биде многу корисен на новинарите/ките во нивната секојдневна работа.

Нераскинливата врска на новинарството и културата

Новинарството има многу допирни точки со широкото поле на културата и уметноста. Денес и едното и другото поле се соочува со бројни економски и технолошки предизвици и закани. Исто така, новинарите/ките и културните работници/чки и уметниците/чките делат слични суштински и афективни мотивации за работа. Меѓутоа, оваа врска е особено силна на местата каде што новинарството се спојува со културата во областа на театарската уметност.

George Pitcher, британски новинар, автор и англикански свештеник, смета дека новинарите/ките можат многу да научат од драматурзите, токму поради заедничките точки со кои нивните полиња на работа се поврзани. Тие заеднички точки се:

  • Раскажување во реално време;

  • Зависност од публиката, односно од читателите/ките

  • Пружање увид, понекогаш и исклучиво, во човековата состојба.

Овие заеднички, историски но и современи точки на новинарството и театарската уметност, доведуваат до прашањето како нивната соработка може да го унапреди остварувањето на индивидуалните цели? Може ли со работа на заедничката цел да се подобри и да се олесни остварувањето на индивидуалните цели (побројна публика/побројни читатели/ки; зголемување на приходите; подигнување на свеста за важните општествени и политички теми и сл.)?

Театарските форми наречени Живи весници (Living Newspaper), кои се развиле во Советскиот Сојуз во 1920 година, за да ги претстават моменталните настани и општествените проблеми, покажуваат дека проучувањето на овие врски не е ништо ново. Меѓутоа, денес е потребно таа врска да се обнови и додатно да се зајакне. Резултатите на студијата Новинарството преку театарот: Како уметничката форма може да информира“ (Journalism through theater: How an art form can inform), која ја спровеле Ori Tenenboim и Natalie Jomini Stroud, тоа го потврдуваат. Имено, нивната главна цел била да утврдат како театарските претстави влијаат на публиката кога се користат во форма на новинарство. За да го постигнат тоа, анализирани се реакциите на публиката на три претстави кои се засновани на истражувачко новинарство. Врз основа на анкетата на публиката и длабинските интервјуа со лицата вклучени во претставите, се дошло до следните заклучоци:

  • Театарот заснован на новинарство може да ја наведе публиката одредени медиумски улоги (како улогата на надзор на работата на владата) да ги разбере како доста важни;

  • Може да ѝ помогне на публиката за подобро да ја разбере работата на медиумските организации;

  • Може да го зголеми знаењето на луѓето и да влијае на нивните уверувања и намери.

Исто така, резултатите од спроведеното истражување сугерираат дека театарските претстави засновани на истражувачкото новинарство можат да помогнат во зголемувањето на општото знаење на луѓето за одредени, актуелни теми, и да допринесат кон промената на нивната перцепција, но и на дотогашното однесување во однос на одредени општествени проблеми. Покрај тоа, раскажувањето кое ги комбинира новинарството и уметноста доживеано е како многу попрецизно и попријатно од начинот на кој претходно имале можност да слушаат и да читаат за одредена тема.

Значењето на театарските претстави за развојот на новинарството

Во потрага по подобар и поопфатен начин на известување за актуелните теми, резултатите на спроведеното истражување укажуваат на потребата од негување на меѓусебната врска на новинарството и театарската уметност, како една од областите на културата. Имено, со цел подобро разбирање на проблемите на одредени општествени групи, на локалните, но и на глобалните политички и економски проблеми, новинарите/ките можат да побараат помош на сцената на театарската уметност.

Тоа е еден од најдобрите начини да се разбере општеството, општествените промени и проблемите, дали се соочуваат со нив во моментот, или нивните траги од минатото сеуште се видливи на лицето на сегашноста. Театарските претстави, но и перформанси, кои се занимаваат со одредени актуелни проблеми со кои локалната заедница, регионот, па дури и светот се соочува, можат да имаат повеќекратно значење за унапредување на работата на новинарите/ките, кои во својата работа се занимаваат со тие теми.

Тоа што театарските претстави и перформанси можат да им го понудат на новинарите/ките е:

  • Можност за согледување на различни перспективи на набљудување на одреден општествен феномен,

  • Додатен извор на информации,

  • Нов простор каде што можат да добијат одговори на некои од актуелните прашања за кои секојдневно пишуваат.

Така, на пример, театарскиот перформанс Welcomeможе да им помогне на новинарите/ките да ја согледаат мигрантската и бегалската криза од друга перспектива. Некои од придобивките на оваа претстава за работата на новинарите/ките се:

  • Поцелосно доживување на искуствата на бегалците и мигрантите/ките;

  • Развивање на новинарство кое е базирано на факти, но и за почитувањето и говорењето за емоционалните вистини на луѓето;

  • Развивање на новинарство кое буди љубопитност, и создава простор за додатно истражување на патот до подобро разбирање;

  • Развивање на новинарство кое буди емпатија и интерес кај читателите/ките;

  • Новинарство кое на читателите/ките им нуди нова перспектива и правец во кој се наоѓа решението на проблемот.

Начинот на известување и градење на приказната е клучен на патот кон преминување на границата која ги раздвојува простото читање за темата, од емотивниот ангажман, создавањето на критичко мислење за темата, и донесувањето на одлука за активно вклучување во решавањето на проблемот. За да се постигне тоа потребно е нејзино сеопфатно разбирање, а културните настани се сигурно некои од местата кои на новинарите/ките им нудат можност за подобро разбирање, што во голема мерка може да го олесни тој пат.

Ocijenite kvalitet članka