Претплата на дигитални содржини: Кој им плаќа претплата на порталите и како се одлучуваат на тоа

01.10.2021. / 07:58

Не сакаме огласи ниту кликбајт.

Сакаме квалитетна содржина, брзо и точно известување, содржини во реално време и вистинско новинарство.

И, секако, го сакаме сето тоа бесплатно.

Приближно вака би звучеле желбите на повеќето читатели/ки кои ја консумираат содржината на домашните портали.

Производството на содржини не е ефтино и бара поприлично големи ресурси. Затоа квалитетна, проверена и истражена содржина не може да биде бесплатна.

Ако содржината ја платат читателите/ките, а не спонзорите, тогаш нема да има огласи.

Ако платат спонзорите, читателите/ките ќе заштедат, затоа ќе бидат информирани и за најдобрите производи на пазарот.

Претплатата е донесување на одлука.

Кој плаќа претплата на дигитални содржини

Уште во 2017 година American Press Institute спровел истражување користејќи длабински, еден-на еден интервјуа со 15 внимателно избрани луѓе ширум земјата. Испитаниците ги претставувале крајностите во однесувањето на претплатниците на вести. Ги вклучиле оние:

  • што никогаш не платиле вести

  • што се самоопишани "зависници" кои трошат повеќе од 100 УСД месечно на вести и посебни публикации.

Учесниците во истражувањето биле од различни раси, возрасти, мешавина на политички афинитети, а биле од рурални, приградски и урбани средини.

Според резултатите на истражувањето, постојат три групи на луѓе (три архетипови):

  1. Оние кои се определиле за граѓанска поддршкапретплатата ги одразува нивните лични ставови и вредности. Тие плаќаат поголем број на претплати од просекот.

  2. Штедливите плаќаат исклучиво за практична вредностмногу се селективни за тоа кои медиуми се вредни за плаќање на претплата.

  3. Недостижни ангажирани кои не плаќаат на никого ги гледаат вестите и информациите како стока која лесно може да се добие бесплатно. Ако е заклучен овој портал”, ќе биде отклучен тој портал.”

Разликата помеѓу овие три архетипови нагласува дека не постои единствена стратегија за приходи или тек што може да се примени на целата публика на некој медиум.

Lea Korsgaard, главната уредничка на Zetland вели: „Подготвеност за плаќање на вести не постои, но постои подготвеност да платам за практичност, да платам за вести кои ги објасниле луѓе кои ми се допаѓаат и со кои чувствувам поврзаност и чувство на припадност.“

Читателите/ките се одлучуваат на претплата врз основа на перцепцијата на вредноста што им ја дава определен медиум.

Ако содржината на порталот се сведува на соопштенија на институции и организации со определен број на агенциски вести, перцепцијата на вредноста е веројатно ниска. Ако повеќето портали го нудат истото тоа, зошто тогаш да му платите на тој едниот?!

Кои се причините за плаќање на претплата

Три главни причини поради кои луѓето им плаќаат претплата на медиумите:

1.      затоа што публикацијата е одлична во покривањето на клучните теми,

2.      затоа што пријателите и семејството се претплаќаат на медиумот,

3.      поради попустот на цените на претплатата.

sadsa

Шаблонот што се применува на претплатите во забавната индустрија се пренесува и на претплатите на вести. Овој модел ја нуди истата бесплатна содржина, само со претплата содржината не е деформирана со различни (најчесто грди) огласи. Судејќи по обидите што не можеа да заживеат, овој модел не е доволно добар за читателите/ките да го платат.

Изговорот "можам да го добијам тоа бесплатно" е причина зошто луѓето не се претплаќаат на информативни дигитални содржини.

Плаќањето на претплата успешно го реализирале нишните медиуми на нашето подрачје. Еден од таквите портали е Teatar.hr кој на својата публика ѝ нуди истражувачки теми и ексклузивни приказни. Со оглед на големиот број на содржини кои не се достапни бесплатно, се покажало дека Teatar.hr избрал добар бизнис модел за опстанок на медиумскиот пазар.

Директорот на дигиталните операции во Hanza Media, Stipe Grubišić, тврди деканајголема вредност на претплатниот модел е токму вложувањето на дополнителни приходи во производството на специјализирани нишни содржини, кои не се огласно профитабилни во волумен, а кои недостасуваат на (...) пазар.”

Овој пример од практиката може да ги илустрира резултатите од истражувањето дека публиката се одлучува на претплата поради добро покриените клучни теми. Специфична, добро истражена и напишана содржина е она што ѝ треба на публиката и го цени кај медиумите, а практиката на некои портали покажува дека е можна. 

Заклучок

Претплаќањето на содржини на онлајн медиумите штотуку влегува на пазарот и ретки се медиумите на Балканот што успеале да го реализираат овој модел на работа на медиумот. Јасно е зошто содржините треба да се плаќаат, производството на содржини е скапо, а публиката бара сѐ повеќе и сѐ повеќе негодува поради големиот број на огласи на порталите.

Медиумите имаат свои причини за воведување на претплата и јасно го истакнуваат тоа.

Меѓутоа, и публиката има свои причини за неплаќање на претплатата.

Disqus на својот блог направил истражување Зошто луѓето ги плаќаат вестите.” Меѓу 1215 читатели/ки 70% се оние кои не им плаќаат претплата на news медиумите.

Еве ги најчестите причини поради кои читателите/ките не плаќаат интернет вести:

  • Истата содржина може да се најде бесплатно на друго место на интернет.

  • Не постои публикација што ми се допаѓа или на која ѝ верувам доволно за да платам за пристап до нивната содржина.

  • Претплатите се прескапи.

Секоја од овие причини во позадина има недостаток на доверба во медиумот за да се плати неговата содржина и недостаток на вредност која треба да се плаќа.

Ocijenite kvalitet članka