Туристичко новинарство: Патувања, метрополи, задоволство и подготовки со часови за сето тоа

23.07.2021. / 08:51

Сеозна на годишни одмори, кризни ситуации, тешки теми, политика... Сето ова го заморува човекот и веројатно постои голем број на новинари/ки кои во тие моменти се прашуваат зошто јас не се занимавам со travel journalism?!

Патувам, уживам, понекогаш ќе напишам нешто, платата оди. Тоа е тоа туристичко новинарство.

А дали е баш толку едноставно?

Што е туристичко новинарство?

Туристичкото новинарство е посебна форма на новинарство која дава информации за туризмот и за патувањата.

Со развојот на туризмот како економска гранка паралелно се развива и туристичкото новинарство како посебна форма на деловното новинарство.

Новинарот, уредник и водител на ТВ емисијата Србија која ја сакамРадмило Бумбер кој за својата серија на репортажи за загрепскиот Адвент од Здружението на туристички новинари и писатели во туризмот FIJET Хрватска, е награден со медалот Марко Полово интервјуто за PortalNovosti.com објаснува: “Туристичкото новинарство е многу важно за развојот на туризмот, културата на патувањето, однесувањето на гостите, нашите гледачи, слушатели и читатели. Туристичките новинари ги шират видиците, по правило тоа се луѓе со широко срце и голема душа. Но пред се мораат да ја сакаат својата работа и туризмот во целина. И, секако, да бидат добро информирани.”

Според неговите зборови, емисиите за туризмот се исклучително гледани, а списанијата за патувања остваруваат респектабилни тиражи. “Луѓето просто обожаваат да гледаат фотографии на неоткриени или чудесно убави дестинации, сакаат да ги слушнат туѓите искуства од патувањата, особено ако се стручно и вешто опишани.” кажува Бумбер.

Во интервјуто тие се осврнале и на едно многу важно прашање кое има огромно влијание во туристичкото новинарство, но и во другите новинарски гранки, а тоа е темата на објективност, транспарентност и спонзорирани содржини.

Свесни сме дека многу мал број на новинари/ки пишуваат исклучиво за патувањата кои сами си ги платиле и кои сами ги одбрале. Најчесто се во прашање студиски и прес патувања кои имаат свои спонзори.

Затоа често се поставува прашањето колку може да им се верува на туристичките новинари/ки, дали објавената приказна е објективна, а нејзиниот автор е искрен или е само промотер/ка на некој брендили дестинација?

Бумбер вели: “Мораме да бидеме објективни, затоа што инаку гледачите многу брзо ќе не казнат така што нема да ни веруваат и нема веќе да не гледаат. На туристичките новинари често им се замерува дека сѐ им е убаво, дека се секогашнавивачи’. Мора да се најде вистинската мерка, бидејќи понекогаш е потребно да се пишува и за некои негативни работи. Во принцип, јас домаќините на воочените негативности ги предупредувам на лице место, ги предупредувам за тоа што може веднаш да се отстрани. Често тоа силно ги погодува, па меѓу некои не сум баш омилен. Но, тие евентуални недостатоци некако секогаш се помалку важни од убавата природа.”

Изградбата на кредибилитетот и довербата во медиумот подразбира независност на медиумот од влијанието  на владата, политиката, донаторите и спонзорите. Да се пренесе реалната слика и вистинската информација може да има и позитивно влијание на публиката.

Зборот кој најчесто го користам екоректно’, што значи ниту особено добро ниту особено лошо: мислам дека е тоа умерен израз кој гостинот нема да го одврати од некоја содржина, а нема да го навреди домаќинотвели Бумбер.

Кои вештини му се потребни на travel новинарот/ката

Alison White за The Guardian одговорила на најчестите прашања поврзани со туристичкото новинарство и вештините кои се потребни за да се занимаваме со него. Нејзина препорака е за и самите да станете туристички новинар/ка би било добро да ги послушате советите на експертите кои се прославиле во туристичкото новинарство.”

Lyn Hughes, соосновач на списанието Wanderlust, изјавила за Press Gazette: "Луѓето кои сакаат да бидат туристички новинари/ки мораат да имаат добри истражувачки вештини, точност и темелност, како и разбирање на тоа што го мотивира читателот – луѓето ги планираат и ги резервираат своите патувања од соништата како резултат на тоа што го прочитале во нашето списание и мораме секогаш да бидеме свесни за тоа."

Патеписната новинарка Katie Reich смета дека интересот е пресуден: "Морате да покажете вистински интерес.  Сакате да го работите тоа без оглед дали имате или немате привилегии."

Туристичкото новинарство може да биде забавно, но бара труд. Добар туристички новинар/ка мора да има страст за патувања, за истражување на нови места и да се приспособи на предизвиците кои ги носат патувањата.

Она што е важно, покрај ДОДАДЕТЕ ЛИНК НА ПОСЛЕДНИОТ ТЕКСТ на дигиталните новинарски вештини, како туристички новинар/ка:

  • Мора да има добро чувство за вести или 'нос за вести' и способност да напишат приказна од специфични агли

  • мора да биде внимателен и да има вештини за истражување затоа што тоа го олеснува разбирањето на културата и специфичностите на местата кои ќе ги посети, пронаоѓањето на скриените скапоцени камења или инсајдерски информации

  • мора да има способност за добро пишување -  да создаде интересен текст исполнет со фасцинантни факти

  • мора да биде добар storyteller.

Познавањето на законите и прописите се наоѓа на листата на потребните знаења. Некогаш тоа било потребно поради специфичните теми во туристичкото новинарство. Денес сите што зборуваат за туризмот и за патувањата, поради патувањето со посебни мерки поради вирусот Ковид – 19, мора да имаат податоци за состојбата во определена земја или регион, бројот на заразени, за моменталните прописи кои се применуваат и се менуваат скоро секојдневно.

Travel Journalism vs Travel Writing/Blogging

Дали пишувањето за патувањата е хоби во кое вие едноставно пишувате за тоа што ви се допаднало и тоа што не ви се допаднало во текот на патувањето?

Сепак не е така едноставно.

Пишувањето за тоа што вас ви се допаѓа или не ви се допаѓа е блогерска практика. Како туристички новинар/ка вие имате построги професионални прописи, поголема одговорност кон медиумот и читателите, обврска да пишувате за тоа што треба да се истакне, а не за тоа што вас ви се допаднало.

Во своето интервју за порталот Caffe Montenegro главниот и одговорен уредник на Туристичка призма, Ѓорѓе Михајловиќ вели: “Туристичкиот новинар има одговорност кон својата публика, кога нешто фали, а уште поголема кога критикува. Тука е голема разликата помеѓу нас и блогерите, ние мораме да го чуваме угледот на куќата за која работиме, но со професионализмот ја заслужуваме и довербата на тие кои не следат.

Туристичките новинари/ки не можат само да ја напишат приказната за убавините на бесплатното патување на кое ве поканиле.

Процесот подразбира:

  • Истражување на добри и интересни места,

  • истражување на дестинацијата,

  • планирање на патувањето и на роковите,

  • планирање на фотографијата и мултимедијата,

  • стекнување на знаења за културата, обичаите, начинот на живот,

  • запознавање со локалната заедница и учење на некои специфични факти,

  • промовирање на својата работа.

Но дека ќе патувате по светот, ќе патувате!

 

 

Ocijenite kvalitet članka