Виртуелна реалност во новинарството: Веста не мора само да се гледа или да се слушаат вести, може да се доживее

09.07.2021. / 09:16

Nonny de la Peña која ја нарекуваат Кума на виртуелната реалност кажала: "Како новинари/ки, ние работиме на создавање на критички ангажман, но јас сакав да одам подалеку од известувањето и да се сосредоточам на искуството во кое луѓето можат виртуелно да се транспортираат."

Да се раскаже приказната и да се испрати фотографија од вулканот, од ураганот Катрина, големи спортски или забавни настани, станало премногу еднодимензионално и премногу едноставно, а публиката денес од медиумите го очекува и невозможното за да им се приближи на други луѓе и на различни реалности.

Што значи виртуелната реалност за новинарството

Приближувањето на публиката до реалната ситуација отсекогаш им било преокупација на новинарите/ките, а виртуелната реалност нуди идеално мултимедијално искуство и можност за гледачите ширум светот да нурнат во приказната и да ја доживеат (не само да ја конзумираат) информацијата.

Francesco Marconi, менаџер за стратегија и корпоративен развој во Асошиејтед Прес, кажал - “Гледачите наскоро ќе можат не само да чекоратниз виртуелните простори, туку и да ги допираат тродимензионалните објекти и да комуницираат со други – вовлекувајќи ја публиката подлабоко во приказните.”

Како сето ова ќе влијае на новинарството?

Чувството на присутност кое виртуелната реалност им го овозможува на учесниците/ките носи сцени, звуци, дури и чувства кои ги следат вестите. Наместо гледачот/ката да биде набљудувач/ка, публиката може да ја доживее ситуацијата како дел од својата реалност.

Истражувањата покажуваат дека задржуваме повеќе информации и можеме подобро да го примениме тоа што сме го научиле по учествувањето во виртуелната реалност. Тоа е силата на ВР и затоа immersion (нурнувачко) новинарството навистина може да му додаде нова димензија на известувањето, правејќи го повпечатливо и незаборавно.

Marcelle Hopkins ко - домаќин на виртуелната реалност и заменик директор за видео во Њујорк Тајмс кажала дека: "Виртуелната реалност, како и 360 ° видеото, АР, МР и сѐ што следи, го гледаме како дел од истиот спектар, а тоа се нурнувачки платформи. Тоа го гледаме како дел од иднината на начинот на кој луѓето ги конзумираат медиумите, вклучувајќи го и новинарството."

За новинарството, документарните филмови, вестите и другите нефикциски жанрови, виртуелната реалност е  релативно нова област. "Тоа е многу млад медиум", тврди Hopkins, "а ние сега учиме како да го користиме. Додека раскажуваме приказни на овој начин, секој пат учиме многу."

Виртуелната реалност во новинарската практика

РТВ Словенија требала да пронајде нов начин за придобивање на читатели/ки миленијалци. Виртуелната реалност била можност за луѓето да ги уфрлите во вестите како никогаш порано. Пообемната содржина носи поголем ангажман на гледачите/ките.

VIAR, словенечкиот стартап на годината  во 2017 година, развиле решение за медиумите. Нивниот производ, Viar360, го користат некои од водечките американски новинарски училишта како Сеучилиштата Missouri, Penn State и Michigan State University. Viar360 е издавачка платформа која овозможува создавање на интерактивни приказни во виртуелна реалност без никакво програмерско знаење. Основните предности на Viar360 се способноста за брзо создавање на наратив во 360 и ВР со интерактивни фокусни (hotspot) точки, овозможувајќи раскажување поткрепено со моќна аналитика.

За оние кои немаат исти ресурси како големите медиумски куќи, Viar360 нуди решение со можност за додавање на интерактивни елементи.

Во мај 2017 година покренале партнерски проект со РТВ Словенија која, како и многу медиумски организации во Европа, сака да го користи раскажувањето во виртуелна реалност за да го збогати искуството на своите гледачи/ки.

Продуцентите, Matej Praprotnik (помошник на директорот за радио стратегии) и Matjaz Čelić (виш дизајнер за анимации на РТВ Сло), ја користеле платформата Viar360 за изработка на првите интерактивни вести во виртуелна реалност во Словенија.

Проектот е виртуелна обиколка на Планица – алпските долини во северозападна Словенија. Планица е најпозната како скијалиште.

Целта на проектот била да се раскаже приказната за финалето на скијачките скокови на Планица, преку очите на новинарите кои го покривале овој настан. На овој начин му овозможиле на гледачот/ката зад кулисите да оди на подрачјата кои обично се забранети за јавноста. Функцијата создадена на крајот на сезоната на скијачките скокови од Светскиот куп му овозможила на гледачот/ката да ја доживее приказната во панорамски начин од 360˚ или во наочарите за виртуелна реалност (за повпечатливо искуство).

s

Приказната започнува со уводната поздравна порака на словенечката известувачка - Anja Hlača Ferjančić. Му се обраќа на гледачот/ката да одбере една од патеките по која може да оди за продолжување на обиколката. Гледачите/ките можат да одлучат дали ќе ја погледнат рампата од поблиску, трибините или ќе летаат со хеликоптер од Крањска Гора во долината Понца.

Само 48 часа по објавата на оваа интерактивна приказна, аналитиката покажува дека приказната остварила 5640 прегледи со 4433 забележани сесии, што значи дека 27 % од гледачите приказната ја гледале повторно.

0uz

Praprotnik смета дека ова би можело да биде следното поглавје во спортското новинарство, “би можеле да го видиме на следните Олимписки игри. Технологијата веќе се користи, но сеуште многу луѓе немаат можност да ја испробаат. Тоа е нов медиум и нова индустрија, која прво ќе го пронајде своето место во забавниот сектор пред да го пронајде патот во образованието и учењето.

Дали на нас кои дури не успеваме да оствариме претплата на дигиталните содржини виртуелната реалност ни е (премногу) далечна иднина?

Да се зборува за примената на виртуелната реалност во новинарството во момент кога повеќето медиуми на Балканот не можат да воспостават модел на претплата на дигиталните содржини, делува чудно и недостижно. Од друга страна, технологијата станува подостапна, а бројот на новинари/ки кои се решаваат на фриленс кариера е во пораст. Ваквите трендови би можеле да значат поголем број на ВР приказни во медиумите.

Како во дрон новинарството ,не може да се очекува секоја редакција да има дрон, дозволи, осигурувања, едукации и постојано вработен дрон новинар/ка, но може повремено да ангажира новинар/ка фриленсер кој во секој момент е подготвен да учествува во новиот проект како надворешен соработник/чка.

Ocijenite kvalitet članka