Ampstor веб апликација за одлични AMP приказни

01.06.2021. / 08:39

 

AMP приказните сеформати фокусирани на мобилните уреди за испорака на вести и информации како визуелни богати, минливи приказни“. Иако ова можеби звучи слично како што Snapchat или Instagram или Facebook веќе да го направиле, има една изразита предност во однос на своите претходници: зад него стои најкористената светска пребарувачка машина.

Веб приказните овозможуваат создавање на содржина во ист формат како за социјалните мрежи, но како веб страници. На тој начин Google пребарувачот може да ги земе вашите приказни и да ги пласира надвор од границите на било која социјална мрежа, правејќи ги достапни на многу поширока публика.

AMP приказните се најдобар начин за создавање на интересни приказни во рок од неколку минути, без код или развојни вештини, а може да ви помогнат во развојот на приказните за вашата публика.

Некои од основните карактеристики кои ќе ги добиете со помош на секоја AMP алатка се:

  • Интеграција на различни елементи на приказната

  • Однапред дефиниран распоред на обрасците

  • Пристап до огромна библиотека на слики

  • Хостинг на вашите приказни

Еднаш кога е приказната креирана, можете да ја поставите на својата веб страница или да ја поделите преку социјалните мрежи или преку меил.

Ampstor веб апликација

Денес ви претставуваме една веб апликација која е всушност базирана на идејата преку AMP приказните да им понуди на корисниците/чките креативни и брзи решенија за ширење на вашите приказни.

joiuo

Ampstor е веб апликација без кодирање во која за неколку минути можете да изградите или да уредите интерактивни AMP приказни.

Обрасците за графичкиот дизајн и уредувањето без код се бесплатни и со нив можете да креирате визуелни веб приказни. Апликацијата нуди низа на опции кои ќе ви го олеснат создавањето и објавувањето на AMP приказни.

Во Ampstor креаторите/ките на содржина можат да визуелизираат своја содржина со избирање на една од трите можности:

  • Прилагоден начин на работа корисниците/чките можат во целост да ги уредуваат приказните или да создаваат нови од нула

  • Едноставен начин корисниците имаат ограничени можности за уредување и користат однапред создадени обрасци

  • Претварање од врска корисниците/чките можат да претворат други страници во AMP приказни.

Целта на Ampstor е да создаде свест за новиот формат и да ги користи функциите кои можат да им помогнат на корисниците/чките да ја увидат вредноста и колку е моќно да се промовира својот бренд преку AMP приказни. Им овозможува начин на креаторите на содржината самостојно да ги објавуваат своите приказни и да бидат креативни користејќи прекрасни обрасци и карактеристики кои не им се потребни за кодирање.

Моментално Ampstor има FTP опција која им овозможува на корисниците да пренесуваат датотеки на различни веб локации за хостинг, вклучувајќи го и WordPress. Во тек е директна интеграција со другите CMS-и.

Константно работат на ажурирањето и на додавањето на нови опции, а на нивниот блог можете да ги следите најновите ажурирања.

Главни карактеристики на Ampstor се:

  • Однапред изработени обрасци тестирани на повеќе од 30 уреди

  • Бесплатни библиотеки на медиумите

  • Однапред поставено брендирање

  • Начин на преглед во апликацијата (можете да видите како ќе изгледа вашата приказна на повеќе од десет уреди)

  • Бесплатен хостинг и складирање на вашите приказни

  • Интеграција на Google аналитика

  • SEO мета тагови

  • Издвоете JSON / HTML и FTP опции на хостинг

  • Преглед на bookend-от

  • Кориснички интерфејс со темен и светол начин на работа

Апликацијата можете да ја пробате бесплатно на 14 дена, а месечниот надоместок за Web Creator профил е 9.99 долари месечно и вклучува бесплатен хостинг и обрасци, комплетен дизајн и SEO контрола, корисничка поддршка, FTP вчитување/пристап до кодот, брендирање и интеграција на веб текот. Покрај овој профил можете да земете и CEO Professional кој ви нуди бесплатен хостинг и обрасци, комплетен дизајн и SEO контрола, корисничка поддршка, FTP upload и пристап до кодот, контрола на брендот и webflow интеграција. Цената е индивидуална и зависи од потребите на секој клиент, па за неа ќе мора да договорите повик директно со тимот кој работи на изработката на сѐ во Ampstor, за да ги креирате вашите потреби.

Ќе биде потребно да креирате ваш налог преку меил и со неколку кликови влегувате во светот на изградбата на AMP приказни.

Корисноста на AMP приказните во новинарството е повеќекратна, не само што го олеснува и забрзува начинот на изработката на приказните, туку овозможува и доаѓање до поширока публика.

Како извор на најнови вести и информации, веб приказните ни овозможуваат да го претставиме своето квалитетно новинарство кога постојат повеќе елементи кои сакаме да ги споиме. Со комбинирање на известување, фотографија, видеозаписи и графика, ова им дава на читателите/ките повизуелна влезна точка кога бараат наша покриеност.“ – наведува Greg Manifold, директор за дизајн на The Washington Post.

The Washington Post секојдневно објавува преку 1.000 написи преку AMP приказни и веќе гледаат конкретна корист, наведувајќи дека имаат подобрување на времето на вчитување од 88% во однос на нивната традиционална веб локација за мобилни уреди.

Ocijenite kvalitet članka