SEO за медиумите: 4 начини да оптимизирате веб страница

19.06.2020. / 09:21

Search engine optimisation или оптимизација за пребарувачите е важна за сите оние кои објавуваат содржина бидејќи со нејзе се унапредува неплатената  позиција на содржината на пребарувачот

Покрај секојдневниот притисок врз редакцијата и сите новинари да бидат правовремени и побрзи од најбрзите, промените на алгоритамот на Google ставаат дополнителен притисок врз луѓето во медиумите.

Како Google и медиумите ги прават вестите за читателите?

Кога читателот ќе го внесе саканиот поим во пребарувачот, резултатите исфрлуваат најрелевантни содржини, а на медиумот е обврската својата содржина да ја направи пристапна. Важно е да се знае дека содржината мора да биде релевантна за читателите, но и за алгоритамот кој ја позиционира таа содржина на пребарувачот. 

Алгоритамот не е човек. Тој не ја разбира содржината онака како што ја разбираат луѓето, затоа е потребен SEO, за да ја направи содржината разбирлива за „пајаците“.

Како SEO bh. medija изгледа во практиката

Во пребарувачот внесов еден од поимите за кој во последните месеци постои огромен интерес на јавноста бидејќи влијае врз сите аспекти на животот на секое лице во оваа земја – корона во БиХ.

Параметрите кои влијаат врз пребарувањето:

  • Мојата локација – јас сум во БиХ (Google секогаш му дава предност на локалното)
  • Мојата историја на пребарувања – морам да нагласам дека ги читам воглавно порталите на медиумите во БиХ, ако читам некој портал од Хрватска, тоа не се овие што ги гледате на фотографијата.

Од 6 резултати од пребарувањето на Google, само еден е од порталите во БиХ, останатите позиции ги зазеле медиумите од Хрватска. Што е уште поинтересно одделни текстови се преземени од bh. medija.  

Фото: Google prt scr 16. 6. 2020

Нема сомнеж дека содржините кои ги понудил Google се релевантни за мене бидејќи се во прашање локалните вести.

Зошто Google не понудил вести од првиот извор на информација, во овој случај тоа се домашните медиуми? 

Бидејќи домашните портали не вложуваат во SEO или не вложуваат доволно во SEO и поради тоа не се видливи на пребарувачите.

Како да се оптимизира news порталот

Порталите често имаат огромна количина на содржини.

Често имаат толку што со поединечна оптимизација страницата не може да се управува. Некои од најголемите светски медиуми дневно објавуваат неколку стотици различни содржини. Домашните медиуми имаат помал број на објави, но и помалите редакции, па притисокот врз новинарите е подеднакво голем.

Фото: The Atlantic
Фото: The Atlantic

 

Оптимизацијата на веб порталите за пребарувачите токму поради бројот на објави и постојаниот раст на медиумите е захтевна задача. 

За да биде веб страницата оптимизирана потребно е:

Прецизна информациска архитектура на страницата

Според зборовите на Питер Морвил Информациската архитектура е архитектура на разбирањето. „Им помага на корисниците да разберат каде се наоѓаат, што пронашле, што можат да очекуваат и што се случува.“

На медиумите кои покриваат голем број теми со голема количина на содржини токму прецизното „објаснување“ на читателите и Google алгоритамот, каде тие се наоѓаат и што сѐ може да се најде тука, е основа за оптимизација на веб страницата на медиумот.

Добрата информациска архитектура му помага на Google:

  • да ја разбере структурата на веб страницата 
  • да разбере кои се темите кои ги покривате со својата содржина
  • во откривањето и индексирањето на содржината.

Информациската архитектура на веб страницата ја креираме преку категории, поткатегории и ознаки (тагови). При креирање на категории и поткатегории важно е да се знае како читателите на вашиот медиум бараат информации и содржини. 

Појдовна точка не треба да бидат видови содржина која ја објавува медиумот. Тука се водите со логиката на оние за кои ја креирате содржината, а не со логиката на вашата работа.

Примерот на информациска архитектура на медиумот кој може да ги објасни резултатите на пребарувањето кои ги спомнав порано погледнете го на фотографиите подолу. 

Фото: prt scr 24sata.hr
Фото: prt scr 24sata.hr

Категориите и поткатегориите се креирани со логиката со која читателот би барал определен вид информации. Бидејќи сѐ е јасно и прецизно, Google тоа го надградил со високи позиции на пребарувачот.

За разлика од порталот 24sata.hr, Oslobodjenje.ba се водел со целосно поинаква логика. Затоа ниту категоријата која ја баравме (корона во БиХ) не е меѓу резултатите на пребарувањето.

Локациски тоа е прецизно поставена содржина (по кантони), но на читателите тоа не им носи вредност бидејќи содржината не се пребарува по називот на кантонот, туку по настанот кој нѐ интересира. 

Фото: prt sct Oslobodjenje.ba
Фото: prt sct Oslobodjenje.ba

Покрај категории и тагови, структурата на интерно линкување е уште една техника која може да го подобри корисничкото искуство, да ја намали стапката на напуштање на веб страниците и да ги поврзе содржините внатре во веб страницата. 

Брзина на вчитување на веб страница

Брзината на вчитување страница е еден од клучните фактори за рангирањето, што го потврди и Google.

Без оглед дали се работи за десктоп или за мобилна верзија на страницата, брзината на вчитување е задача врз која морате да работите секојдневно. 

Покрај големиот број текстови и мултимедија кои се објавуваат, веб страницата може да биде забавена и поради:

  • голем број огласи
  • голем број пиксели кои се додаваат поради ретаргетирањето
  • лош хостинг
  • голем број додатоци на веб страницата
  • вградени медиуми (embedded media)
  • преголеми фотографии и видео содржини

Да се забрза веб страницата значи да се пронајде најдоброто можно решение за оптимално користење на сите елементи кои се потребни во функционирањето на медиумите, но не на штета на брзината на вчитување.

Како да се провери брзината на веб страница?

Постојат неколку сигурни, а бесплатни алатки за проверка на брзината на вчитување на веб страница. 

PageSpeed Insights – ги анализира најважните фактори кои влијаат врз брзината на веб страницата за десктоп и мобилната верзија

Web Page Test – со помош на оваа алатка можете да го одберете местото од кое сакате да ја вчитате веб страницата. На тој начин можете да ја оптимизирате брзината на страницата за различни уреди или локации.

GT metrix – покрај анализата, ќе понуди резултати во графови со кратки препораки што може да се унапреди.

sdsa 
Мобилната верзија на веб страница (mobile first)

Сѐ повеќе луѓе до интернет пристапуваат од мобилните телефони, а оваа статистика е во константен пораст. 

dss

Токму поради овие трендови Google во 2016 година воведе mobile-first индексирање. Оваа промена во начинот на индексирање значи дека се индексира прво мобилната, а потоа десктоп верзија на веб страницата. 

За медиумите ова значи дека веб страницата треба да биде респонзивна, односно содржината да се приспособува кон различни уреди и екрани со еднаков квалитет на мултимедија.

Брзина на индексирање

Индексирањето е еден од главните фактори на SEO. За секој медиум брзината на индексирање е важна бидејќи ако веста е индексирана по два дена интересот веројатно повеќе не постои. Тогаш може да постои резултат во пребарувањата на Google, но „мувлосаните вести“ не се читаат.
Врз брзината на индексирање влијаат различни SEO фактори:

  • брзина на веб страница 
  • квалитет на хостинг 
  • XML sitemap
  • грешки на веб страницата

Како да го „наговорите“ Google побрзо да ја проверува и индексира веб страницата на медиумот?

  1. Отстранете ги грешките од веб страницата
  2. Освежувајте ја XML мапата на веб страницата кога објавувате нов текст
  3. Немојте за секоја нова вест да креирате нова XML мапа

Ако  Googlebot со  секоe кролирање (crawling) и индексирање пронајде нова содржина на вашата веб страница, ќе ви доаѓаат почесто. 

Важноста на SEO за медиумите во БиХ 

SEO или оптимизација за пребарувачите не е (само) одлука на новинарот да си ја работи својата работа согласно правилата за оптимизација. 

SEO е деловна одлука на менаџментот и уредништвото.

Ако како бизнис не сте осигуриле вашиот производ (информација) да дојде до вашите читатели, за тоа ќе се погрижат медиумите од регионот. Што впрочем го видовме и на почетокот на текстот.

Проблем може да претставува единствено фактот дека креирањето на содржината сте го платиле вие.
 

Ocijenite kvalitet članka