SEO за новинарите/ките

30.03.2020. / 10:31

Да ли некогаш сте се обиделе врз основа на неколку зборови внесени во пребарувач да најдете определена содржина, а токму таа содржина која еднаш сте ја виделе, сега не е достапна во пребарувачот?

Не сте ги внеле клучните зборови.

Проблемот не е во клучните зборови кои вие ги користите, проблемот е што страницата која се обидувате да ја најдете не е оптимизирана за пребарувачите.

Што е SEO?

Search engine optimisation или оптимизација за пребарувачите е процес со кој се унапредува органска (неплатена) позиција на содржината во пребарувачот. Колку што е позицијата повисока, толку ја гледа поголем број на луѓе.

seo1

Оптимизацијата се прави за повеќе пребарувачи: Bing, Yahoo, Yandex, Google. На нашите простори мнозинство од популацијата го користи Google, па понатаму во текстот ќе зборуваме за оптимизација за пребарувачот на Google.

Зошто е важен SEO?

SEO е важен бидејќи првите три органски резултати во пребарувачот добиваат околу 70% од прометот. 
SEO за новинарите/ките е важен бидејќи: 

  • тоа е уште еден начин на кој читателите доаѓаат до вашата содржина, 
  • го градите авторитетот на медиумот бидејќи сте меѓу резултатите за релевантни теми кои читателите ги бараат,
  • на текстот му го продолжува векот на траење бидејќи и по неколку години читателите со помош на пребарувач можат да дојдат до текстот, а медиумот нема нови вложувања 

За читателите е важен бидејќи:

  • едноставно и брзо можат да дојдат до квалитетна содржина кога таа им е потребна.

Кои се критериумите за позиционирање на Google?

Одговорот на ова прашање никој не го знае во целост.

Секоја година се случуваат 500 до 600 измени на алгоритмот на Google. За позиционирање на содржината на пребарувачот Google зема предвид околу 200 параметри. Што значи дека секој ваш текст објавен во онлајн медиум поминува низ 200 филтри на Google додека да се појави на определена позиција. На која позиција ќе биде тоа зависи од квалитетот на содржината, од тоа дали веб страницата на медиумот е оптимизирана за пребарувачите, од вашата конкуренција. 

Еден од поважните критериуми кои ги потврди и самиот Google е релевантноста на содржината за читателите. Ако веб страницата содржи исти клучни зборови како прашањето за пребарување, тоа е основен сигнал дека информациите се релевантни. Ако тие клучни зборови се појавуваат на страницата, во насловите или текстот, уште поверојатно е дека информациите се релевантни. 
Релевантната содржина е и корисна за читателот. Ако читателот со помош на клучните зборови дојде до вашата содржина и се задржи на веб страницата тоа значи:

  • дека содржината одговара на основните прашања кои го интересираат читателот
  • дека содржината е интересна
  • дека содржината носи вредност или решение на проблемот кое читателот го бара.

Покрај релевантноста и корисноста, едноставно е да се пронајде квалитетна и корисна содржина. Каква е користа од совршениот текст ако никој не слушнал за него. 

Во практиката тоа изгледа вака:
Кога во пребарувачот на Google ќе го внесете поимот “virus u wordu” (вирусот во word) резултатите излегуваат вака како што е прикажано на сликата подолу. 
seo2 
Гледаме дека вториот резултат на пребарувањето е текстот „Од каде вирусот во word и како да се провери дали документите се заразени со вирус” кој неодамна е објавен на Balkansmedia.org. 

Кога ќе кликнете врз овој линк, можете да видите зошто овој текст по неколку дена е веќе на втората позиција.
За да ви помогнеме, ќе наведеме неколку елементи:
1.    Насловот на текстот го содржи основниот клучен збор

seo3
На сликата врамено со црвено: Насловот и поднасловите го содржат основниот клучен збор


2.    Текстот има насловна фотографија која го привлекува вниманието на читателите
3.    Поднасловите на текстот исто така го содржат основниот клучен збор
4.    Текстот содржи повеќе поднаслови и булети (bullet) така што е едноставен за скенирање

seo4
На сликата врамено со црвено: Читателот лесно може да ја скенира содржината, благодарејќи на поднасловите, булетите, кратките параграфи

5.    Текстот нуди одговори кои читателот ги бара.

seo5
На сликата врамено со црвено: Текстот нуди одговори кои читателите ги бараат.


Како да ја оптимизирате веб страницата за пребарувачите?

Постојат два начини како да ја оптимизирате веб страницата за пребарувачите: onpage SEO и offpage SEO.

On-page SEO подразбира новинарот/ката да ги знае основните SEO правила и да ги применува врз секој дел од содржината на веб страницата. Клучните зборови, ALT таговите, title таговите, интерните и екстерните линкови, описи на фотографии… Секој елемент кој се објавува е содржина (не само текстот), а оптимизацијата е потребна за Google да „види“ за што зборува содржината.

On-page SEO во голем дел зависи од вештините на новинарите/ките да го оптимизираат секој текст кој се објавува.

Off-page SEO значи дека другите веб страници ја линкуваат во својата содржина вашата веб страница. Овој вид оптимизација не можете да го контролирате, но ако имате квалитетна и интересна содржина, имате можност за off-page SEO. Off-page оптимизацијата е сигнал за Google дека вашата содржина е квалитетна, корисна и поради тоа ќе биде подобро позиционирана на пребарувачот.

Онлајн медиумите, уредниците/чките, новинарите/ките секојдневно настојуваат да привлечат колку што е можно поголем број на читатели/ки на своите портали. Од друга страна, читателите/ките бараат нови и сигурни информации. Мостот помеѓу содржината и читателот/ката е SEO.

Оптимизацијата за пребарувачите може да донесе долгорочни и прекрасни резултати, но бара време. Затоа SEO е и долгорочно вложување. Ако правите сé како што треба, а сепак немате резултати не бидете разочарани. Резултатите ќе дојдат. Она што е важно е дека SEO резултатите траат со месеци или дури со години под услов да немате големи и значителни промени (редизајн, промена на CMS) на веб страницата.
 

Ocijenite kvalitet članka