Adobe audition – моќна алатка за радиските новинари/ки

23.11.2020. / 11:25
Share
Adobe audition – moćan alat za radijske novinare/ke
Adobe audition – moćan alat za radijske novinare/ke
Adobe audition – moćan alat za radijske novinare/ke

Секој кој работел во радио индустријата сигурно слушнал за моќната алатка под назив Adobe Audition. Таа е мултифункционална алатка преку која може да се монтира аудио звук. Радио новинарите/ките го користат за монтажа на своите прилози и таа е една од најпобарувачките програми од семејството на Adobe.

„Multitrack“ сесија

Кога допрва ќе ја отворите програмата Аdobe Audition таа ви нуди да креирате „multitrack“ сесија врз основа на која подоцна ќе работите. „Multitrack“ сесијата во овој случај значи дека ви се отвора лента која нуди повеќе позиции за уфрлување на звучни записи и дека напоредно можете да работите врз монтирање на повеќе изјави, вашиот глас т.е. на OFF-ови кои сте ги снимиле и слично.

Почеток на монтажата на радио прилогот

Предноста на програмата Adobe Audition за самите радио новинари/ки е во тоа што програмата ги поддржува сите датотеки кои постојат во светот на звукот без оглед дали е тоа mp3, .wav, дури дозволува и уфрлување на .mp4 видео фајлови преку кои можете да го уфрлите само звукот без видеото. Кога звукот ќе се додаде на лентата, самиот радиски или подкаст новинар/ка има преглед на севкупниот звук и со истиот може да се игра. Како и сите програми за обработка, Audition ви нуди дополнителни можности кога се работи за радиски или звучен прилог. Изјавите, OFF-овите можете да ги комбинирате преку ефектите „Fade IN, Fade OUT“. Fade IN и Fade ON функционира така што OFF-овите се склопуваат како што треба со изјавата, за да нема помеѓу нив шумови и дополнителни пречки.

Уфрлување на музика под прилогот

Новинарите/ките, за да не биде здодевен и сувопарен радискиот прилог, на крајниот корисник/чка му подвлекуваат музика под прилогот. Во „multitrack“ сесијата се уфрлува аудио звук односно музика која може да се намали за да биде радио прилогот како што треба, додека музиката служи на прилогот да му се убие сувопарноста. Секако, музиката не се додава секогаш. Кога се прават информативни прилози, тие одат како што одат, со џингл на почетокот и на крајот. Музиката во овој случај се користи за редакциите кои тоа го дозволуваат или во потесна документарна форма на раскажување.

Можност за снимање

sa

Adobe Audition има опција за снимање на гласот. Со едноставен клик врз копчето „record“ почнува да се снима вашиот глас, што им дава голема предност на самите новинари/ки во нивната работа.  Она што е потребно за да имате беспрекорен звук е добар микрофон  преку кој ќе го снимате вашиот глас. Кога тој ќе се сними, оди во библиотека со останатите звуци кои сте ги уфрлиле во програмата, кој подоцна го превлекувате во „multitrack“.

Ефекти

Како и во сите програми од семејството на Adobe, така и Audition има ефекти со чија помош можете да го испеглате вашиот глас, да си играте со вашиот глас како и да го доработувате севкупниот звук. Ефектите се користат минимално бидејќи би се загубила поентата на самиот прилог.

Adobe Audition е одлична програма која нуди многу можности кои му требаат на радискиот или подкаст новинар/ка. Таа е полна со алатки кои можат да ја олеснат самата работа и да го направат прилогот колку што е можно подобар. Доколку сакате самите да видите какви можности нуди Adobe Audition можете да го преземете и да го користите бесплатно 7 дена.

Ocijenite kvalitet članka