Google Podcasts Manager: Алатка за подетално следење на подкаст публиката

13.05.2020. / 11:14

Радио емисиите се снимаат веќе со децении, а интернет аудио емисии речиси од почетокот на Интернет. Меѓутоа, дури неодамна подкастите станаа повторно популарни и станаа свој засебен жанр. Меѓутоа, еден од проблемите кој се појавува од почетокот на новиот раст на подкастот е следењето на слушаноста. Овие податоци наголемо би придонеле за зголемен интерес на спонзорите за содржините кои се слушани. Увидувајќи го потенцијалот на подкастот како медиум, во кој рано се вклучи Apple, другите компании како Spotify и Google со зголемен интерес почнаа да се вклучуваат во трката.

Почетокот на оваа година беше бурен во развивањето на Google podcasts. Многу надградби се направени во мошне краток период. Додадена е опција за персонализирана препорака на епизоди, креирана е насловна страница на Google Podcasts за веб, пуштена е iOS апликација, како и редизајн за корисниците/чките на Android. Најновата надградба кога зборуваме за Google Podcasts, која е пуштена во почетокот на мај е апликацијата Google Podcasts Manager.

čliu

Google Podcasts Manager им дава на корисниците/чките подобра претстава за тоа како нивните епизоди работат. Алатката Google Podcasts Manager дава повеќе податоци за слушателите/ките, и на тој начин авторите/ките можат полесно да разберат што нивната публика сака да слушне и ќе им помогне поефикасно да ги структурираат своите емисии. Тие информации вклучуваат и мерни податоци за тоа како работат нивните емисии на платформата, вклучувајќи ги податоците за задржување, како што е местото на кое луѓето се откажале во епизодата, колку долго ја слушале и  вкупниот број на луѓе кои ги слушале истите.

Оваа алатка исто така им ги нуди на авторите/ките видовите на уреди кои луѓето ги користат за пристап до своите емисии преку телефон, таблет, десктоп компјутер и паметни звучници. Google Podcasts е достапен како iOS и Android апликација, преку пребарувачот на Google, Google Assistant, Android Auto i од неодамна преку podcasts.google.com на веб.

Додавање на подкастот и мерења

За да ги видите како автор/ка своите статистики, морате да го „побарате“(„claim“) својот подкаст. Тоа го правите така што се пријавувате на својот Google налог, а потоа го внесувате својот RSS feed во системот. Потоа се испраќа порака на електронска адреса во вашиот RSS feed и ви овозможува да се поврзете со својот Google налог. Потребно е отприлика пет дена вашиот нов подкаст да влезе во базата на Google Podcasts. Чекорите се едноставни и откако ќе го креирате својот подкаст, потребно е само да поднесете барање за вашиот Podcast да се појави во базата на Google Podcasts.

Google Podcasts Manager е создаден за работа на мобилните телефони и десктоп компјутери. Оваа алатка дава генерален преглед на слушањата на вашиот подкаст, како и колку минути е преслушан подкастот. Како што наведува Podnews, кој ја тестирал оваа апликација, изгледа дека статистиката доцни четири дена од пуштањето на подкастот. Статистиката можете да ја прегледате за било кој период од почетокот на статистичкото следење на вашиот подкаст. 

Како и Apple Podcasts, Google Podcasts го брои бројот на преслушувања  од првите 5 секунди од преслушувањето на една епизода, што секако може да покажува поголем број на преслушувања, за разлика од 60-те секунди на IAB (Интерактивно биро за огласување). Како што пишуваат на Podnews, поради несовпаѓање на податоците, би било добро кога сите би се договориле за стандардизација на мерењата.

ds

Не постојат податоци за дометот

Google не ви дава „кориснички“ податоци – не само што сѐ е анонимно, како што би очекувале, туку не ви дава ниту податоци за тоа колку единствени слушатели имате. Spotify ви ги дава „слушателите/ките“; Apple ви дава „единствени уреди“, меѓутоа тоа во оваа апликација не е можно, иако тоа би бил одличен додаток, имајќи предвид дека Google ги поседува овие податоци. 

Од друга страна, добра вест е што можете да ги симнете CSV податоците за секој графикон или табела. Меѓутоа, не постои API (application programming interface), така што креаторите/ките на подкастот нема да можат да ги повлечат информациите во своите контролни табли.

Секако, без оглед на некои недостатоци, за кои веруваме дека Google ќе ги ажурира многу брзо, Google Podcasts Manager е корисна услуга која ви овозможува да добиете некои податоци за тоа како вашиот подкаст работи. Фактот дека сега постои алатка за поднесување на пријави за Google Podcasts и начин тоа да се види во црната кутија на Google ќе биде добредојден за сите корисници/чки.

Ocijenite kvalitet članka