Како да се направи совршено MoJo интервју на iPhone уредот

14.07.2020. / 15:37
Share
Doubletake by FILMiC Pro
Doubletake by FILMiC Pro
Doubletake by FILMiC Pro

Мобилното новинарство (MoJo) е секогаш добра можност на публиката да ѝ ја доближите приказната уште подобро. Освен тоа што можете да правите кратки приказни можете со многу малку опрема да снимите интервју и така да ја збогатите приказната. Меѓутоа сѐ досега таквото видео интервју содржело единствено слика од лицето кое го интервјуирате освен доколку не сакате да правите дополнителна монтажа или да користите уште една камера. Doubletake е новата апликација на FilmicPro компанијата за чијшто најдобар производ веќе пишувавме. Оваа апликација која е направена само за iPhone ви овозможува на различни начини да го снимате вашето наредно интервју каде на видеото ќе можат да се видат двата соговорници. Doubletake им овозможува на мобилните новинари и документаристи да го искористат потенцијалот на двете камери на својот телефон и така да ја забележат интеракцијата во текот на интервјуто. Ова е одлична апликација за вашето наредно MoJo интервју.

Што нуди Doubletake?

Корисничкиот интерфејс е многу едноставен. Постојат четири копчиња во четири агли од екранот додека централниот дел е резервиран за видеото кое доаѓа од двете камери. Во горниот десен агол се гледа икона за пристап до снимените фајлови. Во спротивниот агол во истата рамнина се наоѓа копчето за менување на различните поставки за снимање. Во долниот десен агол е копчето за започнување и запирање на снимањето. Кога ќе го започнете снимањето во истиот агол можете да го промените бројот на фрејмовите (framerate). Во левиот се наоѓаат опции резервирани за бирање на камера, со оглед дека овие опции се резервирани само за верзиите на iPhone кои се направени од 2018 година и кои имаат повеќе камери.  

Постојат три поставки со кои можете да снимате. Првиот начин на снимање се вика discreet (дискретно) кога ги користи двете видео камери на вашиот телефон и снима што било да снимате со нив како два одделни документи што е совршено за монтажа во која можете да го префрлувате фокусот од и врз лицето кое го интервјуирате. Вториот начин на снимање е split screen (поделен екран) кој буквално го дели екранот на два дела и на едниот ја покажува сликата од едната камера, а на другиот сликата од втората. Како и во претходниот начин на работа и овој снима два одделни видео записи кои подоцна можете дополнително да ги уредите во едно единствено видео. Третиот начин е таканаречениот PIP (слика во слика) кој снима едно видео каде едното видео е помало, а второто ја зазема полната големина на екранот. Помалото видео можете да го поместувате и ако го правите тоа во текот на снимањето истото поместување ќе биде забележано.

Поставки

Откако ќе го снимите своето супер интервју кликнете врз иконата во горниот лев агол каде ќе се смести вашето видео и со изборот на снимките извезете ги во галеријата или во апликацијата во која сакате да правите дополнителна монтажа. Оваа опција се наоѓа и во FilmicPro апликацијата која можете да ја купите во AppStore. Иако апликацијата не ја нуди својата најдобра опција на старите верзии на iPhone сѐ уште можете да ја користите сѐ додека имате уред кој ја поддржува инсталацијата на iOS 13. Дури и тогаш ви нуди некои опции кои стандардната апликација за снимање на видео не ви ги нуди. Единствениот недостаток на оваа апликација, кој нема толку да се забележи, е што снима единствено во 1080p и не го поддржува 4k снимањето, но тоа е проблем кој сѐ уште не е толку важен.

Сега се поставува прашањето, а што да прават новинарите/ките со Android уреди. Решението за тоа прашање го оставаме за утре.

 

Ocijenite kvalitet članka