Визуелизирајте ги вашите податоци со Visme алатката

10.08.2021. / 12:38

Новинарите/ките секојдневно работат со различни податоци, кои често доаѓаат со милиони и милиони бројки. За тие податоци да бидат што подобро објаснети и претставени на публиката се користат дата визуелизации . За да си помогнат себеси но и на публиката за што подобро да ги разберат сите податоци, новинарите/ките покрај зборовите користат и слики, графикони, анимации, мапи, картограми. Дата новинарството секојдневно се надградува и се отвараат различни простори за делување.

Ако се обидувате да визуелизирате географски податоци, во тоа може да ви помогне уште една алатка. Visme е интерактивен генератор на географски мапи. Со можност за приспособување на било кој регион во светот и со давање на интерактивни податоци за вашата публика, оваа алатка е неверојатно корисна апликација.

Преку оваа алатка можете да ги прикажете географските податоци како што се:

  • Мапа на социјални и демографски трендови (на пр: статистика за бројот на жители, за површината, за расата, за јазикот, за криминалот, за убиствата итн.)
  • Споредбена глобална мапа (на пр: најсреќните земји на светот, итн.)
  • Мапа на регионалните трендови (на пр: земјите со најголема стапка на урбан раст во Јужна Америка; етничкиот состав на земјите во Азија итн.)

Според Content Marketing Institut-от 81% од маркетингот кажува дека интерактивната содржина подобро го привлекува вниманието на публиката од статичката содржина.

Интерактивната содржина подразбира дека вашата публика има можност да кликне, да помести, да повлече, да го задржи покажувачот на глушецот и уште многу други работи што ги наведува да се ангажираат и да се задржат подолго.
Преку примерот на интерактивната мапа која ги прикажува податоците за бројот на заразени со коронавирус во САД, можете да ја почуствувате таа моќ на кликање, преминување, застанување и задржување многу подолго отколку кога ова што е претставено на мапата би било во текстуална форма.

За да креирате интерактивни мапи во Visme, ќе биде потребно да ги следите следните чекори:

  1. Одберете шаблон на интерактивната мапа.

    Вашиот прв чекор во создавањето на интерактивна мапа е изборот на шаблон кој изгледа најблиску до вашата визија. Овде можете едноставно да ги прегледувате сите шаблони на мапи на Visme, а можете да истражите и други шаблони во нивната библиотека. Ако ниту една од моменталните опции не ви одговара, слободно можете да почнете од нула и на црно платно.

    Template
  2. Изберете држава или регион.

    Само кликнете на мапата, а потоа изберете ги поставките за да ги пронајдете државата или регионот на кои имате намера да се сосредоточите.

    Map selection
     

    Можете да пребарувате било која земја со пишување на нејзиното име во лентата за пребарување во горниот десен агол или преку поместување по листата. На јазичето Региони можете да визуелизирате и големи светски региони, како Африка или Азија.
    Откако ќе ја изберете својата држава или регион, можете да кликнете на опцијата Уреди ја оваа мапа во средина на приказот на мапата за да ги вметнете своите податоци.

  3. Внесете ги своите податоци.

    Следниот чекор е внесување на картографските податоци. Без оглед на тоа дали ја вклучувате популацијата, изборните гласови или случаите на болест, можете да вметнете било какви податоци кои ги сакате.
    Како што гледате во продолжение, подрачјето на секоја држава, земја или покраина автоматски се пополнува со податоци, но тоа можете да го ажурирате на сѐ што имате намера да споделите.

    Data input

    Вметнете сопствени податоци со кликање на опцијата Додади повеќе податоци, а потоа залепете ги своите податоци од Excel програмата или од Google табелата.
    Можете да додадете онолку податоци колку што е потребно, само секако преименувајте ја колоната со соодветен наслов со кликање на ќелијата и со пишување на името.

  4. Обележете ја со боја својата интерактивна карта.

    Во подрачјето Картографски податоци исто така можете да изберете бои на различни подрачја на мапата за да ги промените врз основа на своите броеви и податоци. Можете да кликнете на сите претходно користени нијанси во колоната Бои или да кликнете на знакот плус за да пронајдете нова нијанса. Одете на јазичето Однапред поставени поставки за да одберете некоја од однапред поставените комбинации на бои на компанијата Visme или одберете Повеќе палети за да ги пронајдете сите теми за бои кои сте ги создале од боите на вашиот трговски бренд.

    Color paleta

  5. Приспособете ги своите поставки

    На јазичето Поставки на мапите ќе пронајдете неколку опции кои ќе ви овозможат понатамошно приспособување на начините на визуелизација на вашите податоци.


    settings

  6. Споделете ја својата интерактивна мапа.

    И на крајот, подготвени сте да ја објавите и да ја споделите својата интерактивна мапа со остатокот на светот. Притиснето го копчето Сподели на горниот дел од екранот за да пристапите до можностите за споделување на интерактивната мапа на мрежата. Под опцијата Објави за веб можете да генерирате мрежна врска за споделување на социјалните медиуми или во мејлови. Или можете да преминете на јазичето Вгради и да го преземете респонзивниот код за вметнување кој ќе го залепите на било која страница на својата веб страница.


    Export

Visme нуди четири пакети на услуги: бесплатна верзија, стандардна, деловна и приспособена на вашите потреби.

Бесплатната верзија вклучува изработка до пет проекти месечно, 100 МБ простор за складирање, ограничен број на шаблони, графикони и виџети, преземање во JPG формат.

Покрај поголемиот број на проекти, поголемиот простор, снимањето во различни формати, останатите пакети нудат и различни аналитики, брендирање, тренинзи и уште многу други работи.

Стандардната верзија чини 15 долари месечно, додека деловната чини 29 долари месечно.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Ocijenite kvalitet članka