Data GIF Maker by Google News Lab: Алатка за брза визуелизација на едноставни податоци

20.01.2020. / 09:06

Дата новинарството подразбира употреба на отворени податоци за претставување на комплексни приказни преку броеви и потоа нивна визуелизација. Тие визуелизации можат да бидат интерактивни или едноставни како статистички инфографики и слични форми на раскажување. Понекогаш, меѓутоа, доволно е да се раскаже приказната со споредување на единствено два или неколку истовидни податоци за што горенаведените методи се прекомплицирани и можат да ја загрозат главната суштина на приказната. Тука настапуваат алатките како Data GIF Maker кој им овозможува  на новинарите/ките да ја збогатат својата приказна поддржана со податоци, а истовремено и понатаму да се потпрат врз другите форми на раскажување како што е текст, фотографија или видео.

Data GIF Maker е алатка која е направена во рамките на  проектот Google News Lab. Намерата му е „лесно да креирате и споделувате визуелизации на податоците за да со негова помош ги оживеете важите приказни.” Покрај другите алатки кои им овозможуваат на медиумите подобро и поинтерактивно визуелно да ја претстават својата приказна оваа едноставна алатка е насочена кон едноставна визуелизација и анимација на податоците кои се чуваат во GIF форматот. GIF форматот е сликовен формат кој за разлика од JPG форматот подобро го чува квалитетот на сликата, но со лимитирана палета на бои. Денес е најпознат поради тоа што од своето настанување  во 1987 година овозможува чување на анимации или на низа подвижни слики во еден фајл. Она што е интересно е дека за користење на оваа алатка не мора да имате Google налог. Меѓутоа, тоа и ве ограничува, бидејќи чувањето на креирани визуелизации зависи од веб пребарувачот кој го користите и со отстранување на колачињата (cookies) вашите зачувани визуелизации исчезнуваат.

ОСНОВЕН ПРЕГЛЕД НА КОРИСНИЧКИОТ ИНТЕРФЕЈС

Откако ќе се вчита веб апликацијата прв пат добивате краток преглед на можностите на англиски јазик. Веднаш потоа се отвора едноставен интерфејс каде од левата страна можете да бирате помеѓу три вида на визуелизација: квадратна (за до 3 поими), кружна и линеарна (од 2 до 4 поими). Од десната страна ќе се наоѓаат сите ваши креирани визуелизации.

1

 

Со изборот на саканиот вид на визуелизација се отвора работен простор каде од десната страна ги внесувате податоците, избирате бои и описи на податоци, вид на податоци, помеѓу броевите и процентите, и копче за покренување на анимација за да можете да ја проверите пред финалното зачувување. Од левата страна на две третини од екранот е приказ како ќе изгледа визуелизираниот GIF.

2

 

ПРИМЕР ЗА КОРИСТЕЊЕ НА DATA GIF MAKER

Додека за комплексниот податочен сет сѐ уште е потребно да се користат понапредни алатки како Flourish за некои приказни Data GIF Maker е сосема доволен, како на пример приказот на статистичките податоци за размерите на увозот и извозот. За таквиот пример ќе ги користиме податоците од Босна и Херцеговина во 2018 и 2019 година. Додека е невозможно да се прикажат сите статистички податоци со една анимација тоа е можно за секој одделен производ. За нашиот пример ќе го земеме увозот и извозот на млекото и млечните производи.

Статистичките податоци за 2019 година велат дека увозот на овие производи изнесувал 48 милиони конвертибилни марки додека извозот изнесувал 57 милиони конвертибилни марки.

Додека од оваа реченица едноставно е видливо дека Босна и Херцеговина има извезено повеќе млеко отколку што има увезено визуелизацијата овие податоци би можела да ги прикаже на поинтересен начин. Како што веќе кажав постојат три вида на визуелизации во Google GIF Maker кои можеме да ги користиме. За првиот пример ќе ја користиме  т.н. Rectangles или квадратна визуелизација. Ќе ги внесеме податоците, ќе додадеме наслов ќе ги прилагодиме боите и задолжително ќе внимаваме типот на податоците да е бројчен, а не процентуален што се менува со еден клик. По внесувањето на податоците и кога со прегледувањето на анимацијата ќе утврдиме дека сме задоволни со визуелизацијата со едноставен клик врз копчето под пораката Save GIF ќе добиеме две можности за снимање во висока резолуција и ниска резолуција. Препорачуваме да одберете висока резолуција. Примерот би изгледал вака:

 

3

Проблемите кои се јавуваат тука се следните:

  • Имаме премногу нули кои можат да предизвикаат забуна

  • Внесувањето на карактери во насловот е ограничено така што ваквата визуелизација не би можела да постои без некој текстуален контекст кој барем би појаснил за која држава се работи.

Поради тоа можеби визуелизацијата би изгледала подобро вака со едноставна промена на насловот и со отстранување на нулите:

 

 

4

Како што гледате со оваа едноставна промена на насловот и со отстранување на непотребните нули ги решивме повеќето проблеми во визуелизацијата. Со приказот на валутата воедно сме укажале и дека се работи за увозот и извозот од БиХ. Исто така ги отстранивме зборовите увоз и извоз поради ограниченоста на бројот на карактери, но и поради непотребноста за повторување на овие зборови со оглед дека називите на вредностите веќе ги носат овие имиња. c

Меѓутоа што ако сакаме да прикажеме повеќе од две вредности како на пр. споредба на размерот на увозот и извозот за две години?

Доколку сакаме единствено да ги искажеме овие реченици во текстот тогаш тоа би изгледало вака:

Во истиот период во 2018 година увезени се 29,1 милиони конвертибилни марки вредности на млеко, а извезени се 52,9 милиони конвертибилни марки.

Овој вид на визуелизација поддржува до 3 вредности, така што би морале да ја одбереме едната од другите две понудени, круговите или линискиот приказ т.н. Racetrack. Со оглед дека кружниот приказ е попознат да погледнеме како изгледа линискиот приказ. Со изборот на оваа визуелизација од работниот простор ќе добиеме исто работно окружување. За да додадеме уште две вредности ќе мораме да кликнеме на копчето „Add Term“. Потоа ќе добиеме уште максимално две полиња за внесување на податоците. Ќе внесеме податоци за 2018 и 2019 година повторувајќи ги повеќето чекори, со прилагодување на боите со кликнување на самите бои за тие подобро визуелно да укажуваат на позитивни и негативни трендови. Имајте на ум дека бројот на понудени бои е ограничен на 8 што за оваа алатка е повеќе од доволно, но ги ограничува можностите за подобро брендирање  на вашата визуелизација.

Секако, ќе мораме и да размислиме како да ги групираме овие податоци. Дали да се прикаже увозот за двете години еден покрај друг или пак да се комбинираат на едно место, заради полесна споредба, увозот и извозот од едната и другата година. Во овој случај се одлучивме за втората опција, бидејќи нуди подобра можност за воочување на позитивен тренд. На крај визуелизацијата би можела да изгледа вака:

5

 

Додека Google GIF Maker има свои очигледни ограничувања намерата никогаш  и не му била да им конкурира на многу подобрите, но и покомплексните алатки за визуелизација на податоците туку само да им овозможи на новинарите/ките брзо и лесно да можат да ја збогатат својата приказна со едноставни анимирани визуелизации на податоците. Понекогаш е доволно само тоа за вашата приказна да привлече повеќе публика во однос на вашата конкуренција.

Ocijenite kvalitet članka
Предложете нова тема