Отворена е програмата за поддршка за општествено влијание за 2021 година, преку која Truepic им ја нуди својата водечка платформа Vision на организациите кои работат на позитивното влијание врз својата заедница или светот.
Наградуваната платформа Truepic Vision користи автентични слики и видео записи за да ги обезбеди изборите, да ја зголеми довербата во граѓанското новинарство, да ги намали трошоците и ризиците поврзани со меѓународниот развој, развојот на заедницата и уште многу работи.
Time ја препознал технологијата Truepic како еден од најдобрите изуми во 2020 година, а Fast Company ја претставил како една од најиновативните во светот во 2019 година а Светскиот економски форум ја препознал како пионерска технологија.
Што нуди овој грант и како тој може да биде корисен за вашиот медиум?
- Truepic Vision ќе ѝ овозможи на секоја организација можност да ги побара и претвори авторизираните слики и видео записи од кој било паметен телефон на светот;
- Автентификуваните слики и видео записи помагаат во зголемувањето на надзорот, длабинската анализа и транспарентноста;
- Ако вашата организација прибира, бара, донесува одлуки или употребува фотографии и видео записи од паметните телефони оваа помош ќе ви биде мошне корисна;
- Ако вашата организација се потпира врз човечки преглед и надзор, оваа технологија ќе ви биде од голема помош
Како мојата организација може да го користи Truepic Vision?
Truepic бара партнери кои имаат вистинско разбирање како да се користат сликите за да ја забрзаат мисијата и позитивно да влијаат врз заедницата или светот.
Во продолжение можете да прочитате за некои примери (на англиски јазик) како претходните добитници на овој грант го примениле Truepic Vision за позитивно влијание:
- Ballotpedia, најистакнатата политичка енциклопедија, го користела Truepic Vision за да помогне да се верифицира идентитетот на политичките кандидати на мрежата заради дополнителна транспарентност и спречување на измами и дезинформации. Прочитајте повеќе во статијата објавена во Politico.
- The Opportunity Fund, микролидерот кој ги поддржува најзагрозеното население и претпријатијата во земјата, го користи Truepic Vision за да обезбеди длабинска проверка пред извршувањето на заемот, што помага за забрзување и проширување на заемите.
- The Near East Foundation, меѓународната развојна организација, го користи Truepic Vision за помош во следење и обезбедување на длабинска анализа на проектите ширум светот, создавајќи зголемен надзор и намалувајќи ги трошоците и ризиците.
- The Antiquities Coalition, непрофитната организација која работи врз запирање на грабежите и трговијата со предмети од културното наследство ширум светот, ја развива програмата со Truepic Vision за документирање на ретки предмети заради воспоставување на потеклото и непроменливите записи во зоните на конфликти.
Овој грант е користен и за граѓанско новинарство.
Кои се условите за доделување на бесповратните средства?
Одбраните организации добиваат најмалку едногодишен про-боно развој, употреба, поддршка и обука за премиум платформата Truepic Vision.
Организациите кои покажуваат успех и вистинско влијание врз распределувањето можат да ги продолжат бесповратните средства за дополнителни години.
Овој грант не доделува пари, туку пристап до оваа технологија.
Кои се критериумите за прифатливост?
Добитниците на грантот стануваат партнери, и на тој начин тимот на Truepic настојува да помогне, дури и надвор од технологијата. Целта на Truepic е да ги пронајде оние организации чиишто проблеми можат да се решат со оваа технологија, што вклучува:
- Проверени и веродостојни организации кои работат на позитивното влијание врз своите заедници/светот.
- Јасно разбирање како заверените слики и далечински прегледи ќе ја забрзаат или ќе ѝ помогнат на вашата мисија.
- Организациите кои делуваат на локално и меѓународно ниво (ниту една мисија не е премала или преголема!)
Кој е рокот и каде можете да се пријавите?
Рок за пријавување: 28 февруари 2021 година, можете да се пријавите преку овој линк.
Дополнителни прашања можете да упатите на е-маил адреса support@truepic.com.