Онлајн програма за обука за дигитална трансформација на малите редакции

10.02.2021. / 09:11

Отворена е нова меѓународна, онлајн програма која ги обучува новинарите/ките од малите и средните редакции како дигитално да го трансформираат медиумот со размислување за производите. Програмата ја нуди J+ одделот на Newmark J-School, News Catalyst и Google News Initiative.

Програмата започна од јануари 2021 година, а се состои од онлајн неделни обуки кои ги водат раководителите на производи од целиот свет. Тие ќе ја покриваат секоја фаза на развојот и управувањето со производите во поставките на вестите.

Оваа обука е осмислена за новинарите/ките и персоналот во малите и средните локални редакции, кои имаат малку или никакво искуство со развојот и управувањето со производите, но кои се заинтересирани за пристап до производите за подобро да се задоволат информациските потреби на нивната публика и да се пронајдат нови патишта кон одржливоста.

Програмата е произлезена од успешната двомесечна пилот обука која им помогнала на 25 американски и меѓународни учесници/чки да ги лансираат вестите околу пандемијата со КОВИД-19, да ја подобрат тимската комуникација додека работат на далечина и да го прифатат етосот на публиката. Студентите/ките известија дека обуката покренала дигитална трансформација во нивните редакции која им помогнала да ја пребродат пандемијата со корона вирусот. Поради вака длабокиот трансформациски ефект, J-School заедно со News Catalyst и Google News Initiative одлучиле да ја развијат оваа обука.

Планот на програмата е да едуцира 75 новинари/ки од различни региони во светот, вклучувајќи ги Америка, Европа, Блиски Исток, Африка и Азија. Севкупната програма за едукација ќе биде на англиски јазик.

„КОВИД-19 беше како ништо што сме го доживеале порано, ниту јас ниту нашите редакции. Работите се менувале од час во минута. Размислувањето за производите ми помогнало да го применам промисленото размислување и стратегијата врз хаотичниот циклус на вести“ – вели Алана Кристенсен, дигиталната координаторка, на McPherson Media Group од Shepparton, Австралија, којашто била една од едукантките на пилот проектот.

Рокот за пријавување за Европа/Блиски Исток/Африка е од 20 јануари до 17 февруари 2021 година, а можете да се пријавите на овој линк.

Се проценува дека обврската за едукација ќе биде околу 32 часа – четири часа неделно во текот на осум недели едукација.

Благодарејќи ѝ на поддршката од Google News Initiative, програмата е бесплатна за сите кои ќе бидат одбрани да бидат дел од програмата.

Ocjenite kvalitet članka