Повици за проекти – Internews на Балканот

22.12.2022. / 08:43

Internews верува дека сите заслужуваат веродостојни вести и информации за да можат да носат информирани одлуки за нивните животи и да бараат одговорност од оние што имаат моќ. Обезбедуваме обуки за новинарите/ките и активистите/ките, се бориме против дезинформациите и им нудиме експертиза на медиумите за да станат финансиски одржливи. Сето ова го правиме во соработка со локалните заедници – со луѓето кои најдобро знаат што функционира.

Ги поддржуваме локалните медиуми во 100 земји, од радио станици во бегалските кампови до локални медиуми, активисти/ки и новинари/ки. Им помогнавме на нашите партнери да стигнат до милиони луѓе со квалитетни, локални вести кои спасуваат животи, ги подобруваат животите и бараат одговорност од институциите.

Во моментов имплементираме 5 програми во земјите од Западен Балкан, а 4 програми моментално имаат отворени повици за аплицирање за проекти:

 

1. The Balkan Media Assistance Program to Foster Organizational Readiness While Advancing Resilient Development” (BMAP Forward) is funded by USAID and implemented by Internews as part of the PROGRESS Human Rights Support Mechanism

Квалификувани земји: Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Северна Македонија, Србија

Повикот е отворен за: BMAP Forward медиумските партнери, поединци/ки, останатите медиуми и други регистрирани правни лица

Краен рок за аплицирање: Повикот е моментално отворен

Следен циклус за доделување на грантови: Февруари, 2023 година.

 

2. The USAID Media Engagement Activity (MEA) project is implemented by Internews in partnership with FHI 360

Квалификувани земји: Босна и Херцеговина

Повикот е отворен за: Локално регистрираните медиуми и индивидуалните креатори/ки на содржини

Краен рок за аплицирање: 12 јануари 2023 година.

  

3. Cultivating Local Independent Media in the Balkans (CLIMB) implemented by Internews

Квалификувани земји: Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Северна Македонија, Србија

Повикот е отворен за: Локално регистрираните медиуми, организациите за медиумска писменост и индивидуалните креатори/ки на содржини

Краен рок за аплицирање: 11 јануари 2023 година до 17:00 часот

 

4. Illuminating New Solutions and Programmatic Innovations for Resilient Spaces (INSPIRES)

Квалификувани земји: Албанија

Повикот е отворен за: Локално регистрираните медиуми

Краен рок за аплицирање: 11 јануари 2023 година до 17:00 часот

 

Следете нѐ за да имате редовни информации за грантовите и за другите ресурси:

WEB

MEA: Balkansmedia/mea

Социјални медиуми

 

Balkansmedia: TwitterFacebookInstagramLinkedIn

CLIMB: Facebook

Оценете го квалитетот на статијата