Пријавете се на програмата за размена за религија и општество

22.03.2021. / 09:57

Програмата за глобална размена за религија и општество (GERIS) објави повик за новинарите/ките кoи се занимаваат со различности, инклузија и религија да станат членови/ки на нивната мрежа за да учествуваат не само во виртуелната туку и во физичката размена со новинарите/ките од Белгија, Босна и Херцеговина, Индонезија, Мароко, Јужноафричка Република и САД. Додека повикот е првично упатен до новинарите/ките од горенаведените земји се охрабруваат и колегите/шките од другите земји да се пријават и учествуваат во овој проект. Повеќе за проектот (на англиски јазик) можете да најдете на страницата Media Diversity Institute.

Оценете го квалитетот на статијата