Во претходните два дена имавте можност да прочитате повеќе за двете победнички идеи на овогодинешниот Media Innovation Lab – апликацијата за визуелизација на дата податоците и Covidmembrance дигиталниот музеј.
Media Innovation Lab веќе три години по ред нуди креативни и иновативни содржини за медиумските професионалци/ки, дизајнери/ки и сите лица кои сакаат да бидат во тек со новите медиуми, како и со предизвиците и промените кои тие ги носат.
Action for Democratic Society од Косово сака да воспостави алатка за проверка на факти и вистинитоста на статиите поврзани со Ковид-19. Преку оваа поставка планираат по случаен избор да одберат 5 статии дневно кои ќе им бидат достапни на корисниците за проценка. Публиката ќе има можност преку оваа алатка да учи за етичките стандарди во новинарството, и активно да учествува во оценувањето на статиите во согласност со тие стандарди.
Во продолжение погледнете го финалното излагање за нивниот проект, и прочитајте го интервјуто во кое ги прашавме каков впечаток им оставил овогодинешниот MIL, иако тој бил онлајн, како течел процесот на усовршување на идејата, колку им помогнале менторите/ките во развивањето и подобрувањето на почетничката идеја, и што е за нив етичко известување.
Balkansmedia: Како го доживеавте овогодинешниот Media Innovation Lab, особено бидејќи тој беше во онлајн сферата?
Action for Democratic Society: Нашиот тим мошне плодно ги доживеа деновите на Lab-от. Иако тој беше онлајн, беше интензивен и ефикасен. Моравме опширно да разговараме за својата идеја, да стекнеме смислени увиди и да видиме како концептот на нашата идеја изгледа од перспективата на другите. Сите ментори/ки кои учествуваа на Media Innovation Lab беа мошне професионални и поддржувачки. Дури и повеќе, исто така можевме да добиеме увид во тоа што ги загрижува другите учесници/чки и нивните решенија во тој поглед.
Balkansmedia: Колку ви одговараше ваквиот начин на работа во кој интензивно во четири дена ја испитувавте и ја надградувавте вашата почетна идеја?
Action for Democratic Society: Иако мнозинството од нашиот тим не можеше да учествува поради работата која се одвива на некое друго место, распоредот беше пријатен и динамичен. Сите прашања од различни ментори/ки нѝ послужија за да го отвориме нашето размислување и размислувањето за другите аспекти на идејата за кои во почетокот не размислувавме. Служејќи нѝ како „адвокатите/ките на ѓаволот“, нѝ помогнаа да видиме каде треба да ги засилиме своите слабости, и беше добро што сето тоа се случи толку брзо, бидејќи немаше време за претерано размислување, туку само за земање на она што делува најдобро во тој момент.
Balkansmedia: Колку вашата почетничка идеја е променета? Како таа изгледаше на почетокот, а како на крајот на MIL-от? Кажете нѝ нешто повеќе за тоа што е вашиот проект?
Нашата почетна идеја не се промени многу, но додадовме многу елементи за да ја направиме идејата попрагматична и поефикасна. Наместо да додадеме веб проширување на нашата платформа, одлучивме да развиеме апликација за давање на вештини за писменост на вестите која ќе има 5 различни степени на потешкотии, така што ќе ги поттикне луѓето да се надминуваат себе си и ќе им даде чувство на игра. Дури и повеќе, на почетокот не размислувавме за методологијата на изборот и оценувањето на новинарските статии кои ќе им бидат достапни за оценка на корисниците/чките на апликациите, но потоа, во дискусија со менторите, одлучивме да направиме методологија во партнерство со Советот за печатот, уредниците/чките на медиумите и академските професионалци/ки, така за да имаме силна база на оценување. Методологијата исто така ќе се потпира врз новинарските стандарди и совети кои ќе нѝ служат нам и на корисниците/чките за оценка на статијата. Во почетокот исто така не размислувавме сосема како да го промовираме, но кога менторите упорно го испитуваа овој елемент, смисливме различни мрежи со кои можеме да бидеме партнери за да ја направиме апликацијата корисна, како што е интеграција во курикулумот на медиумската писменост на посетување на курсевите со наставници/чки и ученици/чки, правејќи го достапен на отсеците за новинарство на Косово, додавајќи ја апликацијата како веб проширување на сите организации кои се занимаваат со тој проблем. Значи, смисливме сирова идеја за кревање на нивото на писменоста на вестите меѓу граѓаните/ките, но MIL нѝ овозможи да пронајдеме посредни начини како тоа да го направиме поефикасно.
Balkansmedia: Колку и на кој начин за развојот на вашата идеја придонел овогодинешниот тим на ментори/ки?
Менторите/ките многу придонесоа за нашата идеја со поставување на тешки прашања и потсетувајќи нé дека мораме претходно да размислиме за секој елемент, како што е самоодржливоста, сопствената веродостојност на оценувачите/ките, рангирањето итн. Исто така можеа да одговорат на кои било прашања што ги имавме ние. Воглавно многу нé мотивираа со својата возбуда поради нашата идеја и со вкупната поддршка.
Balkansmedia: Темата на овогодинешниот MIL беше етичко известување во време на пандемија. Што е за вас етичко известување и како тоа ќе биде составен дел на вашиот проект?
Етичко известување е фер и точно известување. Нашиот проект има за цел да ги поткрене вештините за писменост меѓу корисниците/чките за да им се овозможи разликување на етичко известување од недостатокот на истото. Поради тоа, новинарски писмените граѓани/ки ќе ја зголемат својата побарувачка кон медиумите за да ги засилат своите новинарски стандарди, а со тоа и етичкиот кодекс при известувањето. Нашиот проект исто така директно придонесува за медиумите кои го почитуваат етичкиот кодекс бидејќи новинарски писмените граѓани/ки ќе можат да ги разликуваат професионалните медиуми од непрофесионалните, а со самото тоа медиумите ќе ги имаат како сојузник/чка на кој можат да му дадат поддршка во случаи кога ќе се соочат со предизвици како што се цензури, намалување на доверба итн.