Неодамна завршениот третиот USAID BMAP Media Innovation Lab, организиран во онлајн просторот, им даде на учесниците/чките можност преку четиридневна интензивна работа да ги развиваат своите почетнички идеи со надеж дека ќе бидат најдобри меѓу најдобрите.
Media Innovation Lab веќе три години по ред нуди креативни и иновативни содржини за медиумските професионалци/ки, дизајнери/ки и сите лица кои сакаат да бидат во тек со новите медиуми, како и со предизвиците и промените кои тие ги носат.
Со оглед дека оваа година е обележана со пандемијата со КОВИД-19, така и темата на овогодинешниот MIL имаше фокус врз етичко известување во време на пандемија.
Сите шест проекти кои се натпреваруваа направија одлична работа во развивањето на своите идеи, а петчленото жири одлучи на овогодинешниот USAID BMAP Media Innovation Lab поддршката да ја добијат Action for Democratic Society од Косово, Covidmembrance Project од Северна Македонија и Ермин Сочо од Босна и Хецеговина.
Ермин Сочо од Босна и Херцеговина, заедно со својот тим сака да креира онлајн платформа со напредна визуелизација на податоците користејќи се со дата новинарство.
Со цел колку што е можно подобро етичко известување, нивниот план е преку соодветна методологија, извори на податоци, кредибилност и крајниот корисник/чка да понудат сервис кој јасно и едноставно визуелно ќе ги претставува податоците поврзани со пандемијата.
Во продолжение погледнете го финалното излагање за идејата на Ермин Сочо од БиХ, и прочитајте го интервјуто во кое го прашавме каков впечаток му оставил овогодинешниот MIL, иако тој бил онлајн, како течел процесот на усовршување на идејата, колку му помогнале менторите/ките во развивањето и подобрувањето на почетничката идеја, и што е за него етичко известување.
Balkansmedia: Како го доживеавте овогодинешниот Media Innovation Lab, особено бидејќи тој беше во онлајн сферата?
Ермин Сочо: Иако целиот концепт на Media Innovation Lab од почетокот беше прекрасен на хартија, нé изненади вибрацијата со која одишуваше Lab-от. Имавме луѓе во организацијата кои зрачеа со позитивна енергија, ментори кои беа поттикнувачки, конструктивни, мотивирачки, како и други екипи кои од ден за ден напредуваа, стануваа покреативни. Поради сета таа енергија повеќето и не забележувавме дека сме во некаква онлајн сфера.
Balkansmedia: Колку ви одговараше ваквиот начин на работа во кој интензивно во четири дена испрашувавте и ја надградувавте вашата почетна идеја?
Имавме динамични сесии кои поминаа за миг. Всушност и не знам кога ни помина времето.
Balkansmedia: Колку вашата почетничка идеја е променета? Како таа изгледаше на почетокот, а како на крајот на MIL-от? Кажете нѝ нешто повеќе за тоа што е вашиот проект?
Дојдовме со идеја за проект кој ќе се занимава со напредна визуелизација на статистички податоци во служба на дата новинарството, но дојдовме исто така и со стотици двојби и прашања. Менторите се оние кои низ својата работа со нас (која беше и повеќе од инспиративна и иновативна), ги обликуваа важните детали.
Balkansmedia: Колку и на кој начин за развојот на вашата идеја придонел овогодинешниот тим на ментори/ки?
Почнувајќи од основите во методологијата, изворите на податоци, кредибилноста на истите, па понатаму до развојот на сервисот, дизајнот и психологијата на истиот, аквизицијата на корисниците, етичките стандарди, квалитетот на производите. Значењето на секој ментор е немерливо. Доколку нешто беше поинаку, мислам дека не би биле тука кај што сме што се однесува до развојот на самата идеја.
Balkansmedia: Темата на овогодинешниот MIL беше етичко известување во време на пандемија. Што е за вас етичко известување и како тоа ќе биде составен дел на вашиот проект?
Независно, објективно и прецизно известување, и се надевам дека во иднина токму нашата алатка и сервисот ќе бидат препознаени од страна на корисниците и новинарите како такви.