Пет тимови од три земји од Западен Балкан се натпреваруваа на BMAP Forward Media Innovation Lab (MIL), кој го финансира УСАИД а го имплементира Internews во рамките на Механизмот за поддршка на човековите права PROGRESS.
Босна и Херцеговина:
FACE TV
Primat Plus
RS NGO Network
Косово:
Sami Kçiku
Србија:
SHARE Foundation
На нашиот тим за Западен Балкан ваквите видови на настани не му се непознати. Организирани се три во рамките на Програмата за поддршка на медиумите на Балканот, а ова е прв настан во рамките на новата Програма за поддршка на медиумите на Балканот: одржлив развој преку унапредување на отпорноста и на организациските способности (BMAP Forward) која ја финансира УСАИД а ја реализира Internews во рамките на Механизмот за поддршка на човековите права PROGRESS. Тридневниот настан обезбеди креативен простор за соработка каде што медиумските професионалци/ки, дизајнерите/ките, технолозите и други се собраа за да развијат проектни идеи кои ќе можат да помогнат во решавањето на предизвиците со кои се соочуваат дигиталните медиуми низ целиот Балкан. Овогодишната тема на Innovation Lab-от беше Дигиталната безбедност.
Даница Илиќ, експертка за етички новинарски стандарди и модераторка на настанот изјави: „Сведоци сме на голем број на повици за пријави на проекти во медиумскиот сектор во регионот. Но, мислам дека тимот на BMAP Forward има добар пристап во инсистирањето не само на менторство, туку и на развивање на идеите на натпреварувачите/ките за медиумски проекти заедно со оние кои ги претставуваат. За време на трите дена на Innovation Lab-от можеме јасно да набљудуваме како идејата напредува, се оформува и станува добра почетна точка за проектите што имаат за цел да остварат влијание и да ги покренат работите. Во Innovation Lab-от не напредуваат само учесниците/чките, туку преку овој процес многу ќе научат и менторите/ките и експертите/ките. Тоа е она што е навистина извонредно во работата на BMAP Forward.”
Media Innovation Lab-от се обидува да го поттикне меѓусекторското размислување и да им понуди можност на учесниците/чките да воспостават врски со експертите/ките кои инаку не би имале можност да ги запознаат.
Еден од менторите, графичкиот дизајнер Елдин Херенда, истакна: „Луѓето имаат тенденција за прекумерно објаснување и затоа многу често слушаме многу ентузијастички и енергични идеи, но не и јасна визија. Работиме со натпреварувачки тимови за добра артикулација на нивниот проблем, на решението и на компетентноста во три презентациски слајдови и им помагаме да разберат како во рамките на временското ограничување можете да станете покреативни и да дојдете до подобро, но полесно решение.”
Учесниците/чките на Media Innovation Lab-от се согласија дека дигиталната безбедност е исклучително важна и дека на проектот му е потребен ваков пристап за да се обезбеди поцелосен одговор на предизвиците со кои се соочуваат редакциите и поединците/ките во дигиталната ера.