Media Innovation Lab 2024: Развивање на идеи со отворен код преку разбирање на корисничките потреби

19.01.2024. / 09:15

Овогодинешниот Media Innovation Lab (MIL) во Подгорица ги собра медиумските ентузијасти/ки кои сакаат да развиваат различни идеи што се поврзани со софтверите со слободен и отворен код (FLOSS), со цел да ѝ понудат корисни решенија на медиумската, но и на пошироката заедница. Media Innovation Lab го организира Internews на Балканот, преку проектот BMAP Forward на УСАИД.

Преку мултидисциплинарен пристап, MIL им дава можност на учесниците/чките да работат со експерти/ки кои преку нивното знаење и искуство ќе им помогнат во имплементација и локализација на решенија со слободен и отворен код.

Во текот на четири дена, пет избрани тимови од Западен Балкан ќе имаат можност интензивно да работат на развивањето на нивните идеи за иновативни проекти што се поврзани со темата на MIL под водство на врвни регионални ментори/ки.

Media Innovation Lab ги собира водечките експерти/ки од различни области и нуди различни перспективи, а учесниците/чките ги учи на нови вештини и ги охрабрува учесниците/чките да се фатат во костец со новите предизвици.

Последниот ден, тимовите ќе ги претстават нивните проекти пред жирито, каде што ќе имаат можност да освојат финансиска поддршка за понатамошен развој по настанот во функционални алатки и проекти кои ќе можат да ги користат сите медиуми во целиот регион.

Развивање на идеи во согласност со корисничките потреби

За да можат колку што е можно подобро да ги разберат потребите на корисниците/чките, за време на MIL, учесниците/чките имаат можност да слушаат интересни предавања и разговори, кои можат да им обезбедат важни сознанија за реализација на идеите.

Ламија Алечковиќ, советничка за дигитално новинарство и иновации, разговараше со Илија Шуша, еден од техничките ко-основачи на Smartocto, како и со Горан Миловановиќ, когнититивен и научник за податоци, кој исто така е дел од тимот на Smartocto. Тие зборуваа за предизвиците за основање на стартап и за самото растење на компанијата, како и за развивање на различни модели на кориснички потреби и работа со медиумите, како и за нивниот иновативен процес. Важен сегмент на разговорот беше да им се дадат совети и насоки на тимовите за да бидат во согласност со корисничките потреби при развивањето на нивните идеи.

 

Фото: Онлајн разговор со тимот на Smartocto на Media Innovation Lab
Фото: Онлајн разговор со тимот на Smartocto на Media Innovation Lab

Илија Шуша уште на самиот почеток на разговорот нагласи дека за да се покрене каков било стартап, па и медиумски, важно е да се остане агилен и да се види како се развива целокупната идеја.

Важноста на отвореноста и на агилноста е дефинитивно нешто што е важно за развивање и за трансформација на идеите. Она што нас нè интересираше во разговорот со нив беа препораките кои тие можат да им ги дадат на медиумите, уредниците, новинарите/ките, со оглед на тоа што тие не се секогаш отворени за експериментирање и инкорпорирање на технологијата.

Горан Миловановиќ наведува дека е исклучително важно да знаете како да го поставите тоа.

Разиграниот и експериментален начин на размислување е присутен во медиумите, а важно е да се разбере дека познавате класична медиумска куќа или класична редакција. Сите овие работи нужно природно се развиваат кон нешто. Последната точка на таа еволуција ќе биде дека всушност ќе изгледа како што технолошките стартапи изгледаат денес. Ова е последица на дигиталната револуција, која е присутна повеќе од 20 години, преку револуцијата која е присутна во новинарските решенија за базите на податоци и услуги, а базите на податоци се новинарство кое го движи публиката. Сите овие работи првенствено се технолошки и технички водени. И многу е важно еднаш кога веќе знаете дека издавачките и медиумските куќи и редакции кога еднаш ќе тргнат да пловат по тие води, треба да бидат свесни за фактот дека овие води всушност не се ладни. А тоа значи експериментирање и иновација. Експериментирањето треба да биде дел од секојдневната рутина на дневното работење.“

Тој, исто така, изјави дека е важно да не се очекува од генеративната вештачка интелигенција да почне да произведува финални производи, ниту дека некогаш целосно ќе ги заменат уредникот/чката или новинарот/ката. „Ние оваа работа ја нарекуваме вештачка интелигенција, но секогаш имам тенденција да кажам дека фокусот овде е на вештачките делови, а не на делот на интелигенцијата. Така што всушност не може да замени никого во работата, во текот на работењето. Она што всушност може да го направи, ако правилно се користи, е да ги направи луѓето поефикасни од тоа што се, особено во новинарството и во уредничката работа. Може да отвори можности. Може да ви даде некои насоки кои природно не би ги погледнале.“

Зборувајќи за моделот на корисничките потреби, Горан наведува дека станува збор за концептуален модел што се користи во современото, таканаречено новинарство водено од публиката. Она што е прашање и важноста на моделот на корисничките потреби е кои видови на медиумски статии постојат во умот на набљудувачот/ката и на читателската публика.

Горан наведува дека е лесно да се оцени статијата и да се каже дека нешто е функционално, на пример 45%, а контекстуално 55%, но на крајот не тоа она што е важно“. Прашањето кое си го поставува Smatrocto е како тие можат да им помогнат на новинарите/ките или на уредниците/чките за подобро да ја обликуваат финалната медиумска содржина и да ги откријат перспективите кои досега не ги виделе.

Она што е важно за Smartocto и работата со медиумите е да ги слушаат медиумите, бидејќи значителен процент од идеите на кои тие работат всушност доаѓаат токму од нивните клиенти.

Прифатете ја промената. Едуцирајте се.

Мотивирајќи ги и советувајќи ги учесниците/чките на овогодинешниот Media Innovation Lab, Горан наведува дека луѓето се тие кои еволуираат за време на дигиталната трансформација и нејзиното влијание кое постојано расте. Затоа, според него, важно е учесниците/чките да разберат дека она што го работат може да се развие во нешто што за пет или десет години навистина ќе изгледа слично на она како технолошките стартапи изгледаат одвнатре.

Прифатете ја промената. Едуцирајте се. Некој бил многу, многу паметен во 2023 година да забележи дека генеративните системи за вештачка интелигенција што ги имаме сега всушност не можат да заменат никого и рекол, знаете, не е генеративната вештачка интелигенција таа што ќе замени некого на неговото работно место, зарем не? Тоа е лицето кое може да ја искористи генеративната вештачка интелигенција која ќе замени некого на работното место. И тоа е можеби е најважната поединечна мантра што се појави во 2023 година околу тонот на хајпот во вештачката интелигенција. Има време за трансформација. Ништо не се случува утре. Сметајте го тоа како само уште една технолошка револуција, само уште еден круг. Тоа е само уште едно затемнување во еволуцијата, но не она што треба да се пропушти. Тоа е многу важно, затоа тоа не треба да се пропушти.“

Оценете го квалитетот на статијата