Media Innovation Lab: Инспирација од минатогодишните победници/чки

03.11.2020. / 13:22
Share
Media Innovation Lab: Инспирација од минатогодишните победници/чки
Media Innovation Lab: Инспирација од минатогодишните победници/чки
Media Innovation Lab: Инспирација од минатогодишните победници/чки

Media Innovation Lab од година за година им дава можност на новинарите/ките и останатите медиумски професионалци/ки, да понудат нови решенија за заеднички предизвици, но и да ги слушнат креативните и иновативните содржини за медиумските професионалци/ки, дизајнери/ки и сите лица кои сакаат да бидат во тек со новите медиуми, како и со предизвиците и промените кои тие ги носат.

Овогодинешниот Media Innovation Lab ќе биде одржан онлајн од 1 до 4 декември, а во текот на четири дена работа врз пет одбрани проекти тие ќе имаат прилика интензивно да ја развиваат својата идеја за иновативни проекти под раководство на врвни регионални ментори.

Преку Media Innovation Lab трите најдобри идеи ќе бидат во можност да добијат финансиска поддршка до 5000 американски долари за натамошен развој на вашата идеја.

Сите документи, материјали и сесии ќе бидат на англиски јазик, кој ќе биде работен јазик на Media Innovation Lab.

Темата на овогодинешниот Media Innovation Lab е Етичко известување во време на пандемија, и сите пријавени проекти мора да се потпираат врз истата.

Рокот за пријавување на идеите е 9 ноември, а повеќе за повикот прочитајте тука.

Во продолжение ви носиме информации за минатогодишните проекти, кои можат да ви бидат добра инспирација за вашите идеи.

На минатогодишниот Media Innovation Lab, една од победничките идеи била и идејата на SisterAnalyst од Србија со идеја за креирање на онлајн платформа која ќе биде користена за развивање и презентација на едукативните материи за унапредување на новинарските вештини за прибирање, манипулација, истражување, визуелизација и известување за податоците. Нивната главна намера е да го покажат потенцијалот на употребата на R јазикот во дата новинарството, како и дистрибуцијата на различни искуства од користењето на овој јазик преку блогот и аудио форматот.

Погледнете го видеото, инспирирајте се и задолжително пријавете се на овогодинешниот Media Innovation Lab, бидејќи останаа уште само пет дена.

Ocjenite kvalitet članka