Media Innovation Lab: За етичките иновации, апликации и дата визуелизацијата

02.12.2020. / 07:48

Во текот на првиот ден од Media Innovation Lab учесниците/чките имаа можност да присуствуваат на предавањата кои имаа за цел да им дадат нови и иновативни перспективи за темата на MIL, а кои можат да им бидат корисни за развивање на нивните идеи.

Даница Илиќ, поранешната новинарка на BBC World service и Радио Б92, експертка за дигитални и социјални медиуми, зборуваше за иновативните начини за изградба на довербата во медиумите. Низ својата презентација таа се осврна врз фактот дека мора да постои разбирање на етичките стандарди, пред тие да се применат во практиката.

Иновациите како такви треба да служат како алатка која ќе помогне во изградбата на етичкиот медиумски пејзаж. Зборувајќи за иновациите и етичките стандарди, таа се осврна врз некои иновативни решенија од светските медиуми, кои во текот на пандемијата го понудиле токму тоа – иновацијата, држејќи се до етичките стандарди, како што е New York Times, кој користел дата визуелизации во текот на известувањето за пандемијата.

Целата презентација можете да ја погледнете тука:

Горјан Јовановски, македонскиот еко-активист, претприемач и софтверски инженер кој работи врз подигањето на свеста за загадувањето на воздухот преку технологијата одржа мастер клас во кој зборуваше за идејата дека секој којшто има визија може да направи некоја промена.

„Од проектите за спречување на ширењето на лажните вести, до борбата против загадување на воздухот на Балканот, дознав како е можно едно лице, или дури мала група, радикално да ги смени размислувањата на илјадници луѓе преку технологијата.“ – наведува тој.

Неговото предавање можете да го погледнете тука:

Феѓа Куленовиќ, експертот за информации и комуникации, одржа предавање за важноста на универзалниот дизајн во претставувањето на медиумската содржина. Низ примерот на USAID BMAP COVID-19 Design book тој покажа како унифицираниот дизајн може да изгледа за претставување на пандемијата.

Целата презентација погледнете ја тука:

А за крај на првиот ден, пред тимовите да заминат во своите „соби“ со менторите да ги развиваат идеите, Имер Муховиќ, инженерот по биоинформатика, кој своите вештини сака да ги примени врз анализа на изборните податоци, лажните вести и визуелизацијата на различни јавно достапни податоци, одржа предавање на тема за дата визуелизација. Низ примери за визуелизирање на податоците поврзани со пандемијата тој зборуваше за начинот на кој податоците се користат.

Погледнете го и неговото предавање:

Ocjenite kvalitet članka