Втората по ред годишна лабораторија за иновации во медиумите на USAID BMAP Media Innovation Lab, со тема „Иновативни дигитални содржини“, е завршена во недела, на 3 ноември, со доделување на финансиска поддршка на USAID BMAP за развивање и унапредување на три најдобри идеи. Ова е настан кој им дава можност на новинарите/ките да понудат нови решенија за заедничките предизвици, но и да ги слушнат креативните и иновативните содржини за медиумските професионалци/ки, дизајнери/ки и сите лица кои сакаат да бидат во тек со новите медиуми, како и со предизвиците и промените што тие ги носат.
Во вториот по ред Media Innovation Lab учествуваа вкупно шест тимови кои доаѓаат од Србија (SisterAnalyst, Белградско отворено училиште, БИРН Србија), Црна Гора (порталот Аналитика), Косово (InfoGlobi News Agency) и Северна Македонија (IDEA South East Europe, платформата ВидиВака).
Учесниците/чките имаа прилика низ четири дена заедно со менторите/ките да работат врз развивањето и унапредувањето на своите идеи. По финалните презентации на сите шест проекти, петчленото стручно жири ги одбра трите најдобри идеи.
На овогодинешниот Media Innovation Lab финансиската поддршка на USAID BMAP ја добија следните идеи:
SisterAnalyst од Србија со идеја за креирање на онлајн платформа која ќе биде користена за развивање и презентација на едукативните материјали за унапредување на новинарските вештини за прибирање, манипулација, истражување, визуелизација и известување за податоците. Нивната главна намера е да се покаже употребата на R јазикот во дата новинарството, како и дистрибуција на различните искуства од користењето на овој јазик преку блогот и аудио форматот.
Белградско отворено училиште од Србија ја доби поддршката за развивање на регионалниот подкаст „Fusing Futures“ на англиски јазик под слоганот „Light them up“ кој на корисниците/чките ширум Балканот ќе им овозможи заедно со подкаст тимот да создаваат содржина. Фокусот е врз новинарството засновано врз решенија. Нивната идеја е да вклучат 1200 алумнија од Белградското отворено училиште кои живеат во различните земји и ги покриваат темите во распон од молекуларната биологија до науката за податоците. Целта им е да стартуваат прва сезона од 8 епизоди за да понудат решенија за светските проблеми од балканска перспектива, преку примена на новинарството засновано врз решенија. Освен што ќе дистрибуираат содржина преку главните канали за подкаст дистрибуција, планираат да воспостават соработка со локалната подкаст платформа Sounder со седиште во Србија.
Финансиска поддршка доби и екипата на Види Вака платформата, IDEA South East Europe од Северна Македонија, со идеја за покренување на низа подкаст емисии во Северна Македонија базирани врз претходно истражување на пазарот. Нивната идеја е согласно резултатите од истражувањето да ги мапираат најважните теми, и да реализираат шест подкаст емисии на македонски јазик. Една од темите ќе биде разговор за климатските промени.