Започна третиот Media Innovation Lab: Етичко известување во време на пандемија

30.11.2020. / 19:27
Share
Media Innovation Lab 2020
Media Innovation Lab 2020
Media Innovation Lab 2020

Денес започна третиот USAID BMAP Media Innovation Lab (MIL) на кој во наредните четири дена ќе учествуваат и ќе се натпреваруваат шест тимови. Media Innovation Lab веќе три години по ред нуди креативни и иновативни содржини за медиумските професионалци/ки, дизајнери/ки и сите лица кои сакаат да бидат во тек со новите медиуми, како и со предизвиците и промените кои тие ги носат.

Како и голем број други активности во 2020 година, во фокусот на овогодинешниот Media Innovation Lab е пандемијата, па и самата конференција се случува во онлајн просторот. Од вкупно пријавените 18 проекти одбрани се шест тимови кои во наредните четири дена ќе имаат можност да ги развиваат своите креативни идеи во согласност со овогодинешната тема која се потпира врз етичко известување во време на пандемија.

Со поддршка на менторите и менторките, овие шест тимови интензивно ќе ги развиваат своите иновативни идеи, за да на четвртиот ден пред жирито го презентираат својот проект. Трите најдобри и најиновативни идеи ќе добијат поддршка од USAID BMAP во износ од 5000 долари.

Шесте најдобри идеи на овогодинешниот MIL

Овогодинешните тимови нѝ доаѓаат од целиот регион. А меѓу нив е и Montenegro Independent News Agency (MINA). MINA сака да развие мобилна апликација која ќе ги нуди сите релевантни информации поврзани со пандемијата со Ковид-19 во земјите на Западниот Балкан.

„Користејќи паметен дизајн и комбинирајќи ги домашните вести за Ковид-19, би сакале на огромен број корисници да им понудиме мобилна апликација во која тие во кој било момент можат да ги пронајдат сите потребни сигурни информации.“ – наведуваат во описот на идејата.

Со секојдневно ажурирање на вестите и статистичките податоци за пандемијата, желба им е да понудат сигурна услуга која им помага на луѓето во регионот да го планираат своето прекугранично патување следејќи ги сите мерки и препораки.

Вероника Камчевска од Северна Македонија, заедно со својот тим сака да работи врз мултимедиумски проект кој го нарекле „Covidmembrance“, а кој би се состоел од пет кратки документарни филмови. Приказните кои би ги опфатил проектот би се однесувале на различните аспекти предизвикани од социо-економските, културните и психолошките промени кои ги донела пандемијата со Ковид-19.

„Новите социјални феномени кои го моделираат човечкиот живот и пристапот кон приспособувањето на хибридните општествено-економски услови ќе бидат прикажани преку видео документарни филмови. Целта на  Covidmembrance е да понуди зачувување на колективното искуство, но и да покрене расправа за етичките начела во општествата во време на кризата. Поради тоа Covidmembrance идејата е проектирана на таков начин за да остави запис за постоењето на светската пандемија на начинот кој ги опишува различните појави, а не само лековитите.“

Action for Democratic Society од Косово сака да воспостави алатка за проверка на фактите и вистинитоста на статиите поврзани со Ковид-19. Преку оваа постапка на страницата планираат по случаен избор да одберат 5 статии дневно кои ќе им бидат достапни на корисниците за проценка.

„Ќе ги наведеме основните новинарски стандарди кои би требало да ги има новинската статија, како што е достапноста на авторството, насловот, објективноста, повеќе извори, јазични нејаснотии итн. На крајот од статијата ќе поставиме анкета за определена статија и ќе ги замолиме корисниците да го означат стандардот којшто е исполнет. Така корисниците ќе бидат повикани да ги проверат сите достапни стандарди пред да ја оценат статијата. На крај, врз основа на кодот ќе се пресметаат одговорите на корисникот и ќе се покаже процентот на квалитетот на статијата врз основа на наведените стандарди, а корисниците потоа самите ќе видат зошто и дали определена статија е квалитетна или не.“

Планот е проверените статии да се дистрибуираат како меѓу публиката, така и низ другите медиуми и организации од цивилното општество.

Media Research Center од Србија сака преку различни мултимедијални содржини да дојде до помладата публика. Преку оваа содржина сакаат да го претстават стојалиштето и мислењето на младата популација за корона вирусот.

„Нашата главна цел е преку нашата интересна мултимедиумска содржина да ја информираме младата популација како да остане здрава и како да се приспособи кон новиот општествен живот. Идејата нѝ е да создадеме анкети, мултимедиумски видео записи со соодветни текстови користејќи Page Flow, Adobe Premier и Canva како и интересна содржина за нашите налози на социјалните мрежи на неколку теми: ментално и физичко здравје, како ефективно да се искористи времето во текот на пандемијата, лажните вести, како да се забавуваат без клубовите и забавите итн.“

Радио МОФ од Северна Македонија сака преку медиумски кампањи на социјалните мрежи да ја крене видливоста на грижата за менталното здравје во текот на пандемијата. Целта им е да ја нагласат важноста на грижата за менталното здравје на својата публика во овие небезбедни времиња, нудејќи директна комуникација со психолозите/гките и психотерапевтите/ките. Сите применливи совети ќе се промовираат на веб страницата на Радио МОФ и на социјалните мрежи, во форма на медиумска кампања, за да се допре до помладата публика.

„Статиите кои ги напишале психолозите/гките и психотерапевтите/ките, дизајнот со применливи совети за промоција на социјалните мрежи и вебинарите кои нудат безбедно место за вежби за ментално здравје кои ги држат лиценцирани млади експерти се главните предложени проектни активности. Целата содржина ќе биде достапна за повторно споделување, а вебинарите ќе бидат отворени за публика.“

Ермин Сочо од Босна и Херцеговина, заедно со својот тим сака да креира онлајн платформа со напредна визуелизација на податоците, користејќи се со дата новинарство.

„Во нашиот свет кој сé повеќе се води од податоците, визуелизацијата станува клучна алатка за точно разбирање на вестите. Кога ќе се направат правилно, визуелизациите се средство за разјаснување и за вистината. Визуелизацијата повеќе не ја надополнува напишаната приказна. Таа ја раскажува.“

Ocjenite kvalitet članka