Завршен третиот Media Innovation Lab: Дата новинарство, апликации и вклучување на публиката

04.12.2020. / 20:37

Во претходните четири дена, учесниците/чките на овогодинешниот USAID BMAP Media Innovation Lab имаа можност да работат врз развивањето на своите идеи со навистина одличен тим на ментори/ки кои го понудија своето долгогодишно стручно знаење од областа на новинарството, дигиталниот маркетинг, психологијата, дата новинарството, дигиталните и социјалните медиуми и особено општествениот активизам. За тоа сведочи и фактот дека токму за време на одржувањето на MIL-от менторот Горјан Јовановски ја доби  наградата Европски млад иноватор 2020 во категоријата на млади до 30 години на European Young Innovators фестивалот за апликацијата AirCare – Air Quality App. Горјан Јовановски е млад иноватор, кој во раните деведесетти ја креирал апликацијата која ја мери загаденоста на воздухот, што ја користат преку половина милион луѓе во целиот свет, а која покренала многу други општествено корисни проекти и апликации. Му честитаме на Горјан за оваа награда и му посакуваме уште многу успешни проекти во наредните години. Дополнително е важно да се нагласи дека овогодинешниот MIL беше голема размена на знаења помеѓу сите учесници/чки во овој возбудлив, но и напорен процес.

Трите најдобри идеи на MIL 2020

Овогодинешните учесници/чки на Media Innovation Lab интензивно работеа врз измените и дополнувањата на своите проекти, обидувајќи се да ги вклучат сите потребни аспекти за проектите да бидат иновативни и за во целост да ја отсликуваат овогодинешната тема на Lab-от – етичко известување во текот на пандемија.

Сите шест проекти кои се натпреваруваа направија одлична работа во развивањето на своите идеи, а петчленото жири одлучи на овогодинешниот USAID BMAP Media Innovation Lab поддршката да ја добијат следните три проекти.

PrtSc final presentation: Action for Democratic Society
PrtSc final presentation: Action for Democratic Society

Action for Democratic Society од Косово сакаат да воспостават алатка за проверка на факти и вистинитоста на статиите поврзани со Ковид-19. Низ оваа поставка на страницата планираат со случаен избор да одберат 5 статии дневно кои ќе им бидат достапни на корисниците за проценка.

Публиката ќе има можност преку оваа алатка да учи за етичките стандарди во новинарството, и активно да учествува во оценувањето на статиите во согласност со тие стандарди.

Секој учесник ќе има личен профил, и на тој начин ќе ги гради своето знаење и способности за оценување на статиите, и како што ќе бидат повисоко рангирани ќе имаат можност за евалуација на статиите на највисоко ниво на етичките новинарски стандарди.

Нивната целна група се генерално корисниците/чките на медиумите, но планираат да ја интегрираат нивната апликација меѓу специфични групи како што се студентите/ките и професорите/ките по новинарство.

PrtSc final presentation: Ermin Soco
PrtSc final presentation: Ermin Soco

Ермин Сочо од Босна и Херцеговина, заедно со својот тим сака да креира онлајн платформа со напредна визуелизација на податоците користејќи се со дата новинарство.

Со цел за колку што е можно подобро етичко известување, нивниот план е преку соодветна методологија, извори на податоци, кредибилноста и крајниот корисник/чка да понудат сервис кој јасно и едноставно визуелно ќе ги претставува податоците поврзани со пандемијата.

PrtSc final presentation: Covidmembrance
PrtSc final presentation: Covidmemrance

Covidmembrance Project од Северна Македонија, заедно со својот тим сака да работи врз мултимедиумски проект кој го нарекле „Covidmembrance“, а кој би се состоел од пет кратки документарни филмови. Приказните кои би ги опфаќал проектот би се однесувале на различните аспекти предизвикани од социо-економските, културните и психолошките промени кои го донела пандемијата со Ковид-19.

Нивната платформа ќе биде интерактивна и ќе поседува различни категории преку кои публиката ќе има можност да се вклучи во овој проект.

Повеќе за нивните идеи ќе имате можност да читате наскоро.

Ocjenite kvalitet članka