Алатките за вештачка интелигенција на Google можат да бидат корисни во новинарството

17.01.2023. / 09:43

Алгоритмите и машинското учење се секако многу корисни во многу сфери од животот денес, така што можат да бидат од голема помош и во новинарството, отворајќи можности за неистражените области.

Сепак, вештачката интелигенција не може да работи самостојно, ниту пак може да ги реши сите наши проблеми, но може да ви помогне да постигнете најдобри перформанси во партнерството меѓу луѓето и технологијата.

Денес вештачката интелигенција е составен дел од новинарството, од New York Times кој ја користи вештачката интелигенција за пронаоѓање на нераскажаните приказни во милионите архивирани фотографии, до Trint кој го користи препознавањето на гласот за транскрипција на интервјуата на повеќе јазици. Новинарите/ките ширум светот ја употребуваат вештачката интелигенција на нови и различни начини.

Работев и разговарав со редакциите од Келн до Кејптаун, од Буенос Аирес до Мумбаи, кои користат алатки за автоматизација, курирање, скрапирање на податоците и креирање на содржини. Тие ја користат вештачката интелигенција за борба против лажните вести и навредливиот говор, но и за персонализирање на уредничките услуги и оптимизирање на генерирањето на приходи.“изјави Charlie Beckett, професор за медиуми и комуникација на LSE и директор на новинарскиот тинк-тенк Polis кој е дел од ова училиште.

Ако се земе во предвид брзината на протокот на информациите и недостатокот на време, вештачката интелигенција изгледа дека може да обезбеди можност за новинарството да го опфати сето она што инаку само човечкиот потенцијал на еден медиум не може да го постигне. Со комбинацијата на новинари/ки и вештачка интелигенција, новинарството денес изгледа сосема поинаку.

AI производи на Google

Многу светски компании денес работат на создавање на алатки и на ресурси кои користат вештачка интелигенција, која лесно може да биде интегрирана и во новинарството.

Google има голем број на корисни AI производи, како што се алатките за претворање на говор во текст, на текст во говор, превод потпомогнат од AI и видео AI технологија.

Во продолжение наведуваме некои од алатките кои се дел од пакетите на Google што користат вештачка интелигенција а кои можат да ви бидат корисни во новинарството.

Media Translation

Media Translation досега има само еден метод за преведување на говор: Streaming Translation (само gRPC) врши превод на аудио податоците кои се наоѓаат во gRPC двонасочниот тек. Streaming барањата се дизајнирани за потребите на преводот во реално време, како што е снимањето на звук во живо од микрофон. Streaming преводот нуди привремени резултати додека се снима звукот, овозможувајќи резултатот да се појави, на пример, додека корисникот/чката сѐ уште зборува. Барањата за streaming преводи се ограничени на аудио податоци во времетраење од 5 минути или помалку.

Барањата содржат параметри за конфигурација или аудио податоци.

Механизамот за препознавање/превод на Media Translation поддржува различни парови на јазик/дијалект.  

Наведете го јазикот (и националниот или регионалниот дијалект) на вашиот аудиозапис во полињата source_language_code и target_language_code од конфигурацијата на барањето, користејќи идентификатори во согласност со техничките стандарди BCP-47 кои се пропишани од IETF.

За жал, во моменталната бета верзија на Media Translation алатката нема јазици од нашето говорно подрачје, но ако сакате да користите дополнителни јазични парови, можете да пополните формулар, кој членовите/ки на тимот на Google Cloud ќе го прегледаат и ќе ви одговорат на вашето барање.

Говор во текст

Со алатката Speech-to-Text можете да претворите говор во текст со помош на API кој го придвижуваат најдобрите AI истражувања и технологии на Google.

Новите корисници/чки добиваат 300 УСД во бесплатни кредити што можат да ги потрошат за претворање на говор во текст. Сите корисници/чки добиваат 60 бесплатни минути месечно за транскрипција и за анализа на аудиозаписи, кои не се наплаќаат врз основа на вашиот кредит.

Во моментов од понудените јазици од нашето говорно подрачје единствено е достапен хрватскиот јазик.

Транскрипцијата од говор во текст се наплаќа врз основа на количината на звук што услугата успешно ќе ја обработи секој месец, мерено во чекори од една секунда.

Текст во говор

Google Cloud Text-to-Speech им овозможува на програмерите синтетизирање на говор со природен звук со повеќе од 100 гласови, достапни на повеќе јазици и варијанти. Како лесен за користење API, можете да креирате реални интеракции со вашите корисници/чки, на многу апликации и уреди.

Оваа услуга моментално е достапна само на српски јазик.

Цената за претворање на текстот во говор се наплаќа врз основа на бројот на знаци кои секој месец се испраќаат до услугата за да се синтетизираат во звук. Првите милион знаци за WaveNet гласовите се бесплатни секој месец. За стандардните (не-WaveNet) гласови, првите 4 милиони знаци се бесплатни секој месец. Откако ќе се достигне бесплатното ниво, Text-to-Speech се наплаќа за 1 милион на обработени знаци од текстот.

AI преведувач

Со AI преведувачот можете едноставно и брзо да преведувате на 135 јазици со интуитивен интерфејс што е приспособен на корисникот/чката.

Translation API Basic ја користи технологијата на Google за невронско машинско преведување за моментално преведување на текстовите. Translation API Advanced ги нуди истите брзи, динамични резултати што ги добивате со основните и со дополнителните функции за приспособување. Адаптацијата е важна за термините или фразите што се специфични за доменот и за контекстот како и за форматираниот превод на документите.

Media Translation API испорачува аудио превод во реално време директно во вашата содржина и апликации со подобрена прецизност и со поедноставена интеграција.

Програмерите, преведувачите и експертите за локализација со познавање на доменот можат да изработат приспособени модели на преводот без да напишат ниту еден ред од кодот со помош на AutoML технологијата на Google. Само пренесете ги преведените јазични парови доколку ви се потребни, а AutoML Translation ќе го совлада приспособениот модел за да ги задоволи вашите потреби за превод што се специфични за доменот.

Цените се различни за секој пакет, а можете да ги видите овде.

AI видео

Со Google AI видеото можете прецизно да правите видео анализа која препознава над 20.000 објекти, места и дејства во видеозаписот. Можете да издвоите богати метаподатоци на ниво на видеозапис, како и да изработите сопствени приспособени ознаки за ентитет со AutoML Video Intelligence.

Новите корисници/чки добиваат 300 УСД во бесплатни кредити кои можат да ги потрошат за Video AI. Сите корисници/чки добиваат 1000 единици месечно за анализа на збогатени видео метаподатоци бесплатно, без наплата од вашите кредити.

Vertex AI за AutoML видео има графички интерфејс кој го олеснува вежбањето на сопствените приспособени модели за класифицирање и следење на објектите во видеозаписот, дури и ако имате минимално искуство за машинско учење. Идеален е за проекти кои бараат приспособени ознаки кои не се опфатени со претходно оспособениот Video Intelligence API.

Video Intelligence API има однапред обучени модели за машинско учење кои автоматски препознаваат голем број на објекти, места и дејства во зачуваните и во streaming видеозаписите. Нудејќи исклучителен квалитет надвор од кутијата, тој е многу ефикасен за вообичаени случаи на употреба и со тек на време се подобрува како што се воведуваат нови концепти.   

Можете да се регистрирате за билтенот JournalismAI за да можете да ги следите сите иновации и информации што ги нуди пристапот на Google кон новинарството преку употреба на вештачка интелигенција.

Ocijenite kvalitet članka