Colossyan: AI алатка која ви помага да креирате синтетичка видео содржина од текст

11.08.2022. / 08:00
Автор/ка
Share
Text to video
Text to video mashup
Text to video

Вештачката интелигенција (AI) како што веќе зборувавме во неколку претходни текстови, претставува одлична можност за побрзо производство на вести и порамноправно застапување, но како синтетички медиум претставува и повеќе предизвици и исто така може да стане проблем. Меѓутоа, освен што претставува опасност, за медиумите вештачката интелигенција претставува можност за повеќекратно презентирање на содржините со намалени трошоци. Со оглед на тоа што видеото сѐ повеќе го привлекува вниманието на публиката, а видеото носи трошоци што не можат да ги поднесат сите медиуми, една од технологиите што во овој случај станува важна е онаа што ни овозможува со технологијата за конвертирање на текстот во видео, сите медиуми подобро да ја искористат и повеќекратно да ја дистрибуираат нивната содржина.

Денес ви ја презентираме алатката Colossyan, алатка која ви овозможува брзо да креирате наративни видеа со користење на вештачка интелигенција без да имате потреба да ангажирате актери, студио и монтажа. Оваа алатка ја создале група на луѓе кои се собрале околу идејата, според тврдењето на нивниот CPO Dominik Mate Kovacs, всушност да создадат алатка за пронаоѓање на deep fake видеозаписи, но со оглед на тоа што немало пазар за тоа, тие решиле нивниот фокус да го пренасочат на алатка која креира синтетичко видео од текстот. Неговите колеги и тој додека студирале во Данска и во Хонг Конг, добиле експертски увид во „креирањето на содржини со помош на вештачка интелигенција“. Иницијално се обиделе да ја креираат алатката Defudger која ќе потврди дали видеото е вистинско или не е. Меѓутоа, со оглед на тоа што никој не бил подготвен да плати за таква алатка, а по соработката со некои медиумски издавачи преку кои ги разбрале маките на брзото и ефикасно создавање на видео содржини, тие решиле технологијата за верификација  што ја создале да ја пренасочат кон создавање на алатка која ќе овозможи создавање на видео содржини без мака. 

Главни карактеристики 

Оваа веб апликација работи на тој начин што прави комбинација од вештачка интелигенција и вистински актери. Откако ќе отидете на нивната страница и ќе се регистрирате за пробен налог кој ви нуди можност за создавање на 3 видеозаписи за еден месец, процесот на создавање на видеозапис е едноставен. Откако ќе изберете креирање на нов нацрт (new draft), се отвора работен простор со неколку елементи. Прво нешто што треба да направите е да залепите текст во прозорецот на еден од 60-те поддржани јазици. Три од тие 60 поддржани јазици се и хрватски, алабански и македонски. Откако ќе го залепите текстот во овој прозорец, веднаш можете да слушнете како звучи овој текст со кликнување на копчето Listen to the script. Имајте во предвид дека во бесплатниот налог во еден прозорец можете да додадете максимално 3000 знаци. Ова и не е голем проблем, затоа што сепак сакате да ги диверзифицирате раскажувачките сцени на вашиот/та AI водител/ка. 

После тоа, можете да изберете дали тој текст дополнително ќе се подели како титл, да ја одредите позадината и положбата на водителот/ката и генерално дополнително визуелно да го уредите самото видео. 

Погледнете краток пример на видео кое успеавме да го направиме за помалку од 10 минути, благодарение на нашите преведувачи, каде што водителката зборува на албански, на македонски и на хрватски јазик. 

Цена

Со оглед на фактот колку е скапа видео продукцијата и што е потребна голема логистичка поддршка, ваквата алатка, која овозможува создавање на синтетичко видео што е подготвено за објавување на било која социјална мрежа или веб страница е пожелна и релативно поволна бидејќи сигурно ќе ве чини десет пати помалку отколку постојано ангажирање на тим за создавање на вакви видеозаписи. Colossyan нуди три планови: бесплатен, основен и про. 

Во бесплатниот план можете доживотно да креирате едно или повеќе видеа во времетраење од 5 минути со 2 премиум актери и според нивното тврдење само на англиски јазик и само во формат 16:9 со задолжителен воден жиг. Исто така имате право да направите видео со само 3 сцени. Сепак, на овој план ние успеавме да креираме едно видео на трите јазици на кои Balkansmedia ја објавува својата содржина. Ова значи дека од моментот кога ќе се пријавите, имате 7 дена бесплатно да ги испробате сите функции на овој софтвер. 

Основниот план нуди многу повеќе за цената која се движи од 21 американски долар за создавање на видеа со максимално времетраење од 10 минути па сѐ до 210 американски долари за 100 минути. Како и во секој сличен случај, веднаш ја плаќате вкупната цена на годишно ниво која се движи од 252 до 2520 американски долари. Меѓу другото, планот вклучува пристап до 12 премиум актери, 6 сцени по видео, поставување на ваши слики и видеа, конвертирање на PDF и на PowerPoint фајлови итн. 

Про планот го вклучува сѐ она што моментално го нуди оваа веб апликација а минималната цена е 70 американски долари за 40 минути видео месечно со максимални 25 сцени по видео, што е повеќе од доволно за било кој формат што му е потребен на некој медиум. Максималната цена е 560 американски долари за 320 минути месечно креирање на синтетички видео содржини. 

Важно е да се напомене дека и двата планови ви даваат целосна комерцијална лиценца што значи дека без проблеми можете јавно да ја емитувате оваа содржина без разлика дали сте медиум, организација која сака евтино да креира видеа за обука или било која друга организација што наоѓа корист во оваа веб апликација.

„Днината на креирањето на видеозаписи потпомогнати со вештачка интелигенција им дава поддршка на оние кои сакаат да креираат ваква содржина.“ - Dominik Mate Kovacs

Како што наведува Dominik Mate Kovacs во неговата авторска статија, „иднината на креирањето на видеозаписи потпомогнати со вештачка интелигенција им дава поддршка на оние кои сакаат да креираат ваква содржина.“ Дополнително ваквиот пристап, според неговите зборови, овозможува персонализација на содржината на секој/а поединечен/а корисник/чка на нивниот мајчин јазик. Kovacs дава заклучок со зборовите дека „доколку новинските компании не се приспособат (на овие промени заб.ур.), постои голема можност дека публиката ќе отиде на некое друго место каде што чувствува дека е видена.“ Kovacs понатаму тврди дека некои медиуми во Индија, која е повеќејазична земја, веќе успешно почнале да ја користат нивната алатка за полесно да дојдат до публиката во земја со повеќе од 20 официјални јазици.

Алатка како што е Colossyan им нуди на новинарите/ките и на нивните редкации евтина можност да експериментираат со технологиите потпомогнати од вештачката интелигенција за да можат што побрзо да допрат до нивната публика во формат што им одговара и на местото каде што тие се наоѓаат. 

Ocijenite kvalitet članka