Етиката на мемот што се објавува во медиумите

13.01.2023. / 08:44

Откако BuzzFeed и Verizon Media во 2019 година заедно поделија 1000 откази во ист ден, многу новинари/ки кои ги споделија информациите за нивните откази на Twitter, беа преплавени со одговори "научете да кодирате."

Тоа не беше совет за развој на кариерата. Тоа беше насочена кампања за вознемирување на медиумските работници која на 4chan ја организираа луѓе што ги мразат мејнстрим медиумите.

Мемовите се користат за таргетирање на маргинализираните групи веќе најмалку една деценија. Познато е и дека интернет заедниците што ги креираат, шират дезинформации и ја нарушуваат довербата во владата и во медиумите.

Користењето на мемови има и свои позитивни страни. Но пред користењето на мемовите како медиумска содржина треба да знаеме кои страни можат да бидат негативни и неетички.

Ако нема етика, мемот лесно станува омаловажување, етикетирање, микроагресија

Од позитивна страна, мемовите имаат важна функција, со нивно споделување тие помагаат во разбирањето на ситуациите и на настаните. Мемот може да биде одговор на застрашувачки настани.

Пример за позитивно користење на мемот наведе Pamela Rutledge, експертка за медиумска психологијаЕдна украинска TikTok-ерка позната по нејзината гламурозност и мода, за нејзините 500.000 следбеници објавуваше за влијанието на инвазијата, како што е недостигот на храна и воздушните напади.

Мемовите се релевантен одговор на застрашувачките настани кои се надвор од нашата контрола. Значи, иако се духовити, тие исто така можат да го одразуваат и расположението на јавноста.”

Примерот е позитивен бидејќи овој формат се користи како сурова релевантна информација за настаните кои ги доживуваат луѓето што се зафатени со војната, без намалување на последиците и на сензационалното известување.

Негативната страна на емоционалната содржина каков што е мемот, може да ги спречи луѓето да ја доведат во прашање точноста на визуелните информации. Токму поради негативната страна ни треба етика на мемот во новинарството.

Мемот е духовит одговор на значајни настани и ситуации. А тој хумор многу често е фокусиран на сексистички, расистички, шовинистички и мизогинични шеги. Според анализата на 20 статии од различни медиуми, авторот на анализата Nathan Miczo смета дека имаме и “пандемиски хумор” кој е на работ на етичкото новинарство.

Ronald De Sousa, автор на текстот Кога е погрешно да се смееш?”, тврди дека секоја шега почива на определени претпоставки, а претпоставките вклучуваат верувања и ставови. “Да се разбере шегата значи да се разберат тие ставови. Да се смета шегата за смешна, да се смеете на неа, тоа значи дека ги поддржувате изречените ставови во шегата. Ако вицот е расистички, смеењето на вицот подразбира прифаќање на неговите расиситички претпоставки, а поддршката на тие претпоставки значи дека и вие сте расист.”

Ако во креирањето и во дистрибуцијата на информациите користиме јазик кој го истакнува машкиот род, а сите останати ги подразбираме, ако покрај определени работни места или слабости го истакнуваме женскиот род, а содржината на порталот секогаш му дава предност на машкиот род, тука нема место за хумор ниту за интернет поп култура. Тука се работи за микроагресија и за свесна употреба на неинклузивен јазик .

Хуморот може да биде етички погрешен бидејќи ѝ штети на личноста што ја објавила шегата

De Sousa тврди и дека определени форми на хумор се етички погрешни бидејќи се штетни за раскажувачот на шегата, а во овој случај тоа се медиумите.

Да учествувате во шегата значи да се вклучите во елементите кои се дел од шегата. Кога се смееме заедно, испраќаме сигнал кон себе и кон другите за сличноста што е основа за идентификација. Расистичката шега, насочена кон некој различен изразува отуѓување, а отуѓувањето се заснова на премногу поедноставен поглед кој ја негира или ја запостава комплексната реалност на живите лица.

Без оглед на тоа дали со фотографија или со зборови што ја опишуваат ситуацијата ја пренагласуваме или ја негираме ситуацијата, му правиме штета на брендот на медиумот кој е автор на таквиот мем.

Како етички да се користат мемовите, а сепак да се биде духовит и актуелен

Да ги насмеете луѓето, да ги натерате да ја споделуваат содржината, а сепак да бидете коректен кон сите? Дали е ова можно?

Nathan Miczo тврди дека со помош на теоријата за општествена одговорност ова е можно, со почитување на определени стандарди.

Достоинство

Достоинството е поврзано со почитувањето на поединци и на нивните единствени искуства.

Ако го преведеме ова со термин на хумор, тоа е како препорака да создавате хумор од сопствена гледна точка.

Иако постои препорака дека хуморот треба да се креира од сопствените искуства. Редакциите во кои се почитува практиката на солидарно новинарство и се прават обиди за создавање на содржина со инклузивен јазик, ќе ги намалиме шансите за јавно да омаловажиме некого.

Отсуство на злоба

На хуморот не треба да му бидат цел слабите, болните и обесправените. Границата која ја дели добрата и духовита содржина од неетичкото користење на нечиј проблем, тешкотија или пол поради потсмев, тоа е злобата. Доколку во содржината можеме да најдеме злоба, мораме да се вратиме на почетните лекции за професионализам и за етика во новинарството.

Gil Greengross во неговиот текст тврди: “Очигледно е дека не ѝ се смееме на самата трагедија, на жртвите на вирусот или на луѓето кои страдаат од него. Но, може да ни биде цел навидум апсурдната ситуација во која се наоѓаме сите.” Една од пандемиските (сега веќе антологиски шеги) е домашно-деловнотооблекување за онлајн состаноците каде што горниот дел од телото навистина изгледа деловно, а долниот дел кој не се гледа на камерата најчесто е во пижами. Ваквиот пандемиски хумор заслужува квалитетен мем.

Вистинитост

Етичкиот принцип на вистинитост се однесува на вистинитоста со која хуморот алудира или ја доловува суштината на ситуацијата. Зошто луѓето објавуваа и пуштаа вицови и мемови за време на пандемијата? Идентификувани се три подкатегории во врска со функциите на хуморот за време на раните фази на медиумското известување и на наредбите за затворање. Тоа се:

  1. Хуморот ги поврзува луѓето, создава чувство на заедница
  2. Смеењето е добро за здравјето
  3. Хуморот е добар механизам за соочување

Ако ги погледнеме елементите што ги сочинуваат етичките препораки за користење на мемовите во новинарството, можеме да кажеме дека правилата се исти како и пишувањето за весници пред 40 години. Она што ја прави разликата е дискриминацијата што е обвиткана во хумор која различно ја перципираме на смешните вирални слики, па и етиката ни поминува како песок низ прстите.

 

Ocijenite kvalitet članka