Феминизмот како основа за медиумски бизнис модел

03.03.2023. / 08:00
Автор/ка
Share
Ženske ruke povezane ljubičastom trakom kao simbol feminizma
ilus. Canva
Ženske ruke povezane ljubičastom trakom kao simbol feminizma

Кога на Google ќе го напишете клучниот збор феминизам во новинарството, редоследно во резултатите ќе добиете текстови кои зборуваат за состојбата во струката, за недоволното плаќање на жените, за правата и за еднаквоста на половите. Она што ме интересираше мене, не го пронајдов. 

Феминизмот како основа на медиумскиот бизнис модел е она за што сакам да започнам разговор. 

Разговорот за ОНАА која го создава медиумот, уредувачката политика, која со цел ги избира новинарките (понекогаш и новинарите) и создава редакција која ќе ја остварува целта. Онаа феминистичката.

Зошто да се нагласува феминизмот како основа на бизнис моделот? Зарем пазарот не е ист за сите?

Пазарот порано беше ист за сите. Денес постојат разлики на кои многумина сè уште замижуваат, но не и оние кои го прават тој пазар. 

Зошто феминизмот влијае на покренувањето на медиумите?

Жените во новинарството и во медиумите се побројни од мажите. И покрај ова, сите истражувања па дури и најновите, покажуваат дека жените се во мал број застапени на лидерските и на уредничките позиции . Ова не е приказ на состојбата во помалку развиените земји. 

Студијата на Reuters, Women and leadership news media 2022, покажува дека бројките со години се еднакво неповолни во целиот свет. Медиумите на Балканот ги следат светските трендови. „Новинарките се побројни од нивните машки колеги“, се наведува во истражувањето на Факултетот за политички науки во Белград. „Тие сочинуваат 63 отсто, а новинарите 37 отсто од вработените. Како уреднички на рубрики исто така се мнозинство (58%), а овој сооднос се одржува и кога станува збор за местото на помошник/чка и заменик/чка на главните и одговорни уредници/уреднички. Меѓутоа, тука доаѓа до радикална промена,  на најценетото и на најпрестижното место за новинарската професија – позицијата на главен и одговорен уредник – само 18 отсто се жени (6 од 34).“


Проблемот не е само во застапеноста на водечките позиции туку и во изборот и во перспективата на приказните што ги објавува медиумот. И тогаш кога постоеше иницијатива да се пишува за жените, за женските права од феминистички агол, не постоеше интерес. Не се зборува за интересот на јавноста, туку за интересот на редакцијата.

За ваквото искуство, за порталот Kosovo 2.0 зборуваше Lara Whyte, независна истражувачка новинарка и продуцентка на документарни филмови родена во Северна Ирска, која првенствено се занимава со теми кои медиумите во минатото ги запоставуваа и ги избегнуваа, вклучувајќи ги: важноста на родовата динамика во активизмот, политичките движења (левичарски и десничарски), фронтовите, конфликтите и епидемиите.

“На неколку телевизии им предложив голем број на приказни за правата на жените или пак сакав сама да работам на репортажите за правата на жените, но уредниците/чките ми велеа: ‘Ова не е приказна.’ Женските ликови [во приказните] обично беа жртви, така што наративот беше нешто што вистински сакав да го деконструирам во мојата работа и на интернет. На крајот пронајдов и публика.” 

И денес во медиумите имаме приказни за тоа како е нешто “женско.” Ако тоа го направиле мажи тогаш е така, ако во тоа учествувале жени тогаш се истакнува женското присуство, често со понижувачки наратив.

“Приказните кои се обидувам да ги пронајдам и приказните кои уредниците/чките ги сакаат се однесуваат на гордоста. Сметам дека наративот што е поврзан со жените кој е сè уште застапен во медиумскиот мејнстрим е многу досаден, па и невистинит. Не е во ред да гледаме дека само мажите учествуваат во некои работи затоа што жените отсекогаш учествувале во различни движења. Тие отсекогаш учествувале и во војните.”, смета Whyte.

Доста е самосожалување и зборување дека ова или она се прави во име на родовата рамноправност

Постои јаз помеѓу традиционалниот "животен стил" во традиционалните медиуми од една страна и академскиот феминизам од друга страна. Ширум азиско-пацифичкиот регион новинарите се обидуваат да го премостат тој јаз, создаваат популарни феминистички страници со вести кои се фокусираат на жените, раскажувајќи приказни од жени и за жените ставајќи ја поврзаноста, пристапноста и вмрежувањето во центарот. 

Сопственичка на еден таков медиум е новинарката Shaili Chopra. Како деловна новинарка ја забележала потребата од ваков тип на медиум на пазарот, изнервирана што жените се третираат како една од категориите на порталите. Значи, имате политика, бизнис, спорт и ЖЕНИ.

Таа решила да покаже дека жените во Индија се универзум, со повеќекратни интереси и дека работат различни работи. Женскиот канал има за цел да создаде простор за жените за тие да можат да им дадат глас на нивните искуства во секојдневниот живот, за сè од месечниот циклус до политиката, со феминистичка перспектива.

“Сакав огласувачите и директорите да гледаат на жените како на пазар. Да се рекламира за жените бидејќи тоа имало финансиска предност,” вели таа. “Доста е со самосожалување, доста е зборување за тоа дека ова или она се прави во име на родовата рамноправност.”

Иако SheThePeople.TV е намерно позициониран како "за профит", не се работи само за пари.

Во нивната компанија огласувачите се исто така под лупа. Кога популарната крема за избелување Fair and Lovely го смени името во Glow and Lovely, Shaili и понатаму одбиваше да ја прифати нивната реклама. “На крајот на денот, што ќе направи компанијата за жените? Дали жените ќе станат финансиски независни? Ние ќе соработуваме со банките или со инвестициските фондови", вели таа. За да го дополнат рекламирањето, генерираат програмски приход, настани со влезници и продажба на стока, а исто така работат на создавање на paywall за некои нивни содржини.

Задачата на феминизмот е да создаде лидерки на новата ера, а не еднаква плата

Еден од пионерите е RTV21, водечки независен телевизиски сервис во Косово, со 24-часовни радио и ТВ канали. Со ко-основачите/чките меѓу кои се и Aferdita Kelmendi и Xheraldina Vula, оваа компанија стекна репутација за време на вооружениот конфликт на Косово со Србија, кога паравоените единици присилно ги депортираа основачките. 

Lael Stegall, директорката на STAR, беше во Колорадо кога на мобилниот телефон ја повика Aferdita Kelmendi, косовска новинарка, која беше депортирана во Македонија. Во текот на летото Kelmendi го задржа мобилниот телефон, па со него ја повика нејзината пријателка и колешка од Америка и ѝ рече: "Lael, на безбедно сум, добра сум."

Kelmendi и Stegall се дел од она што Stegall го нарекува "величествена мрежа" на повеќе од 150 невладини женски организации кои ги тренираат жените и ги промовираат на водечки позиции на Балканот. Резултат на таа позиција е и лидерката која подоцна е наградена за храброст во новинарството.

STAR е кратенка за стратези, тренери, застапници и ресурси за социјални промени на жените, а седиштето на организацијата беше во Вашингтон. STAR соработуваше со организации во Хрватска, Босна и Херцеговина и Македонија. Го финансираше Американската агенција за меѓународен развој (USAID), Високиот комесаријат на ОН за бегалци (UNHCR), Светската банка и приватни донатори.

Kelmendi е добитничка на наградата за храброст во новинарството на Меѓународната женска медиумска фондација (IWMF), но нејзиниот и примерот на Vula како медиумски водителки ја надминува храброста. Како генерална директорка и заменичка на генералната директорка, Kelmendi и Vula проширувањето на компанијата го надгледуваа од Македонија.

Нивната досегашна работа за поддршка на родовите прашања го вклучува и уредувањето на првото списание што е посветено на женските прашања во Косово и формирање на центар за тренинг на младите жени во новинарството и решавање на конфликти.

Женското претприемништво се смета за најголема можност за потенцијален раст и развој на општеството бидејќи секоја претприемачка дури 90% од нејзиниот профит повторно го инвестира во семејството и во заедницата. Медиумскиот бизнис што е поттикнат од феминизам не е исклучок. 
 

Ocijenite kvalitet članka