Како да станете TikTok новинар/ка

10.01.2023. / 08:14

 

TikTok платформата од година во година станува сѐ поважна во новинарството, особено во сегментот на изградба и на контакт со помладата публика. На TikTok можете да реализирате близок дијалог со вашата целна група, да добиете повратни информации, да одговорите на прашања и да бидете достапни. Никаде на друго место младите луѓе не се толку активни во коментарите како што се на TikTok. Токму тука можете да имате можност да добиете директни одговори на вашата содржина. На тој начин можете и понатаму да ја развивате содржината, но и да градите однос со вашата публика.

TikTok е тука и важно е да го користите

Иако така изгледа, сепак не е лесно да се објавуваат вести на TikTok. TikTok алгоритмите можат да бидат предизвикувачки, а приоритетот на вестите не може да биде ист како на вашата примарна платформа – на веб-страницата. Некои теми кои ги сметаме за важни тешко е да се шират на TikTok, особено поради различно поставените алгоритми.

Во исто време, TikTok поставува нов индустриски стандард и секако ги менува навиките за гледање на видеозаписи и придонесува за обликување на начинот на кој ќе се произведуваат вестите во иднина. Дури и ако оваа апликација не е присутна, ваквиот формат на видеозаписи ќе се задржи преку другите платформи. Веќе можеме да видиме дека слични трендови се користат и на Instagram и на Facebook stories/reels.

Ако не го следите напредокот на тоа како луѓето ги создаваат заедниците, како луѓето разговараат едни со други во тие заедници, како тогаш можеме да ги користиме за собирање на вести и за раскажување на приказни, тогаш тоа ќе биде сѐ потешко и потешко да се фати.”наведува новинарката Laura Garcia.

Исто така, на TikTok имаме кратко време за да го привлечеме вниманието на гледачите/ките. И веројатно ќе треба да вложите време за да ја пронајдете соодветната рамнотежа во начинот на кој ги презентирате вестите и начинот на кој ги користите новинарите/ките за тоа. Појавувањето на новинари/ки во видеозаписите придонесува за довербата, бидејќи корисниците/чките се поврзуваат со личноста, а не со медиумот. На тој начин ја градите довербата и вашите вести ги правите поверодостојни. Во ова исто така може да ви помогне и тоа вашите видеозаписи да ги вклопите во изгледот на другите, затоа што овде на публиката ѝ се допаѓаат стандардите што се изразени преку графика, букви, музика.

Како новинари/ки, наша одговорност е да бидеме во контакт со публиката, да учиме за нашата публика, да знаеме за што тие зборуваат, да знаеме што е во тренд и исто така да разбереме што ги интересира, бидејќи нашите вести доаѓаат од луѓето. ” наведува новинарката Monika Plaha, која ја следат 83.000 луѓе на TikTok.

Тешко ќе го избалансирате тоа за публиката на оваа мрежа да го промени ставот дека кога ќе видат новинар/ка, дека се подготвува нешто тешко“, но не е невозможно. Експериментирајте, обидете се во првите неколку секунди да користите само глас и графика, а дури тогаш да се појави новинарот/ката, нека ги заинтересира содржината, па дури потоа новинарот/ката.

На што да се обрне внимание при изградбата на новинарски идентитет на TikTok

За да ја разберете содржината што треба ја презентирате на оваа платформа, пред сѐ морате да пронајдете рамнотежа помеѓу добивањето на инспирација од другите и создавањето на нешто единствено.

Ќе морате да бидете присутни на TikTok, да ги следите другите медиуми, другите новинари/ки како и останатите корисници/чки, пред воопшто да почнете да креирате сопствена содржина. Додека ги гледате видеозаписите, одлучете како она што сакате да го кажете може да се вклопи во постоечката содржина. Можеби постои некоја вирална песна на која можете да ѝ ги промените зборовите.

Најдобрата новинарска содржина ги учи гледачите/ките на нешто, а тие не се ниту свесни за тоа. Разговарајте со корисниците/чките на TikTok за да дознаете кои вести ги сакаат и како сакаат да ги добијат. Кога создавате сопствена содржина, користете едноставен јазик и пријателски тон.

Не се потпирајте само на звукот на сопствениот глас. Графика и текст на екранот, како и музика, можат да ви помогнат брзо и јасно да ги објасните термините.

Совладајте го сето она што е наведено погоре и ќе видите дека уметноста на TikTok новинарството го зголемува вашето знаење за темите за кои зборувате и ја усовршува вашата практика. Тоа е затоа што мора брзо да дојдете до сржта на приказната и нејзината важност за јавноста.

На почетокот на минатата година, Journo Resources креираше листа од 45 новинари/ки и медиуми кои можат да ви бидат инспирација за креирање на ваш сопствен канал кој ќе биде успешен во презентирањето на вестите. Проучете ги нивните профили, веруваме дека можат да ви бидат корисни.

Ocijenite kvalitet članka