Како новинарите/ките можат да станат независни претприемачи

12.05.2023. / 08:48

Лошите услови за работа, притисоците и стресот, незадоволството од работата во некој медиум денес лесно се решаваат.

Никогаш не било поедноставно и подастапно за новинар/ка да влезе во претприемништво и да започне нешто сопствено.

Трошоците веќе не се пречка бидејќи не мора да имате комплетна радио станица, фреквенција и целосна опрема, можете да покренете подкаст.

Не сте принудени да дизајнирате списание, можете да покренете онлајн портал.

Можности има, но заедно со нив доаѓаат и предизвиците кои ги анализиравме во овој текст.

Кога започнува претприемништвото во новинарството

Не почнувате да размислувате за тоа да станете претприемач/ка кога ќе добиете отказ, треба да започнете да размислувате за тоа што уште можете да работите освен тековната задача. Порано или подоцна ќе треба да продолжите понатаму. Она што треба да го знаете е дека и после редакцијата ќе има живот и треба да бидете подготвени за тоа.”

Вака на неговото предавање извршниот директор на Media Career Development Network, Lekan Otufodunrin, понуди предлози како новинарите/ките можат да станат успешни претприемачи/ки заедно со различните предизвици со кои сега се соочуваат.

Претприемништвото во новинарството не се разликува од претприемништвото во другите индустрии. На пазарот новинарите/ките се натпреваруваат за работа, за подобро платени проекти и за позиции. Основните вештини во пазарниот натпревар се оние професионалните новинарски, но тие не се пресудни за успех. Мрежата на контакти, продажната вештина и начинот на комуникација со потенцијалните работодавци се пресудни.

Претприемачкиот начин на размислување на новинарите/ките започнува да се развива во редакцијата во која се стекнуваат професионалните вештини за истражување, градењето на приказната, пишувањето и уредувањето. Она што некои новинари/ки ги издвојува е познавањето на темата, познавањето на технологијата, активното користење на мултимедија, пронаоѓањето и  изборот на извори.

Следното скалило во стекнувањето на претприемачки вештини во редакцијата е комуникацијата со публиката, градењето на заедницата.

Вештините и знаењата на новинарот/ката претприемач/ка

Во оној момент кога новинарот/ката ќе се најде во ситуација да направи исчекор во кариерата и од член на редакцијата да стане сопственик/чка на бизнис, се отвораат можности и предизвици.

Покрај вештините, знаењето и страста поради која се влегува во претприемништвото, потребно е да се определи со кој вид на медиумско претприемништво тие сакаат да се занимаваат.

За да опстане медиумот потребно е однапред да се дефинира каков проблем решава и како ќе го наплати тоа. Поконкретно кажано дали се работи за покренување на локален или регионален медиум, покренување на алтернативен медиум, инклузивни или медиуми на заедницата...

Исто така, треба да размислувате за можните текови на приходи во однос на тоа кој ќе ги плати вашите производи и услуги, а треба да го стекнете и потребното дополнително знаење и обука за да успеете”, објасни Lekan Otufodunrin.

Во подготовката да станат претприемачи, новинарите/ките треба да ѝ посветат повеќе внимание на деловната страна на медиумските операции во кои моментално работат. Не е доволно да знаете само за уредувачките аспекти на работата, треба да ве интересира како се управува со компанијата, маркетингот и продажбата.”

Квалитетната содржина и понатаму е најважниот елемент на успехот на дигиталниот медиумски проект, но ако сте сосредоточени исклучиво на создавање на добро новинарство, тогаш вашиот бизнис е осуден на пропаст. Квалитетната содржина мора да го најде патот до публиката на социјалните мрежи и на пребарувачите, мора да ја испорача информацијата во формат кој на публиката ќе ѝ биде интересен, а на медиумот ќе му биде исплатлив.

Сето ова е покриено и следено со аналитика која црно на бело ќе го даде одговорот на прашањето кои приказни ги чита публиката.

Новинарство и продажба

Денес медиумите продаваат сѐ и сешто.

Ова не е грд опис на медиумската слика денес, туку реален опис на медиумскиот бизнис.

Првото правило за одржливост во бизнисот вели дека никогаш не треба да ги ставите сите јајца во една корпа. Во овој контекст тоа значи дека изворите на приходи треба да се диверзифицираат што е можно повеќе.

Изворите на приходи можеме да ги поделиме во две категории:

  1. оние кои можат да ви помогнат да покренете нов проект
  2. оние кои можат да ви помогнат да развиете одржливи извори на приход со тек на време.

Покренувањето и развојот на нови проекти се реализира со помош на средства од:

  • различни фондови и грантови
  • crowdfunding
  • приватни инвеститори
  • инвеститори што се специјализирани за медиуми, како што се The Media Development Investment Fund и Omidyar Networks

Најдобрите извори на долгорочни приходи можат да бидат:

Извршниот директор на Media Career Development Network, Lekan Otufodunrin, во предавањето кое го споменавме на почетокот на текстот истакна дека на новинарите/ките треба да им биде приоритет и развивањето на претприемништво кое е тесно поврзано со медиумите како што е покренување на публикации/организации за емитување, услуга за креирање на содржини (content marketing), објавување и независна продукција на емитувањето.

Тој рече дека новинарите/ките исто така треба да ги анализираат услугите за медиумско советување, односи со јавноста и обуки, односно сите услуги за кои ја имаат потребната експертиза или капитал.

Како изгледа во практика кога новинар/ка ќе стане претприемач/ка 

Порталот Republik со седиште во Швајцарија во германска говорна област, кој е покренат во јануари 2018 година, собра речиси 6 милиони долари од групно финансирање и од инвеститори.

Основачите велат дека успехот на страницата и поддршката од читателите/ките и инвеститорите ја одразуваат фрустрацијата на јавноста од главните швајцарски медиуми. Многумина се жалеа на неколку големи медиумски корпорации кои во последните години купија и споија неколку независни швајцарски весници како и телевизиски и радио станици, концентрирајќи го некогашниот разновиден медиумски пазар и намалувајќи го квалитетот.

Персоналот во главните дневни весници во сопственост на Tamedia, на пример, се жалел на лажни реклами. Во исто време, нови големи бранови на инвестиции доаѓаат од крајните десничари, еуроскептиците, анти-имигрантскиот политичар Christoph Blocher, кого швајцарските медиуми го обвинија за промовирање на десничарски перспективи во некогашните политички неутрални весници што ги купил во последните години, вклучувајќи го непропорционалното, позитивно известување за Швајцарската народна партија на Blocher.

Покренувајќи веб-страница, билтен и апликација, Republik неодамна објави истрага за обвинителите во Цирих кои ангажирале криминално приватно обезбедување за фаќање и испитување на осомничените.

Republik е профитна компанија со 50 вработени со полно и со скратено работно време, плус freelancer. Основачите ја основаа компанијата Project R која ги контролира 49 % од уделите во работењето. Претплатниците и другите донатори автоматски се акционери на Project R.

Шест ко-основачи поседуваат околу 35 отсто. Инвеститорите, кои во голем број придонесоа за поддршката на овој швајцарски медиум, поседуват уште 15 отсто. Моделот ѝ дава на публикацијата легален начин за јавно собирање на пари, но гарантира дека никој освен основачите и оригиналните инвеститори нема да ја задржи контролата врз компанијата.

Ко-сопственичката Clara Vuillemin беше внатрешен технолошки експерт кога е покренат Republik. Создавањето на сопственички начин на размислување беше предизвик за неа. Vuillemin вели дека Во последно време носам одлуки кои ниту еден/а новинар /ка не сака да ги носи.”

Таа ги скрати трошоците на редакцијата. Трошоците се поголеми од приходите. Овие бројки мора да се свртат ако сакаат да пронајдат нови инвеститори. Публикацијата има 18.000 претплатници, но потребни ѝ се најмалку 25.000 за да биде одржлива, вели таа. Тие бараат финансирање од дополнителни 1 милион долари, што може да им помогне да преживеат додека ја градат нивната база на читатели што плаќаат.

Развојот на претприемачки вештини и влезот во претприемништво е ново поглавје во развојот на кариера во медиумите. Понекогаш причината се лошите услови со кои новинарот/ката не се согласува, понекогаш е тоа желбата за промена на медиумската слика. Без оглед на тоа за која причина се работи, предизвиците за опстанок на пазарот се исти.

Ocijenite kvalitet članka