Медиумите на Балканот ги следат светските трендови за привлекување на публика и за монетизирање на содржините преку YouTube

27.01.2023. / 09:20

"Како што медиумите еволуираа, тие сфатија дека Youtube е многу важна платформа и од гледна точка на публиката и од гледна точка на приходите.“ изјави за Press Gazzete Phil Han, директор за видео во медиумот The Sun.

Телевизискиот дневник доби замена. Денес многу содржини свесно ги следиме и ги бараме на мрежите, а Youtube вестите се еден од најпребаруваните поими на Google.

Медиумите на Балканот го користат Youtube  за  дистрибуција на  содржините

Во веќе споменатиот разговор Phil Han кажал: “Кога ќе ги погледнам сите наши конкуренти, сите тие имаат Youtube канали и сите објавуваат содржина. И затоа мислам дека сите тие разбираат дека тоа е важна платформа за нив."

Вистина е дека бројот на луѓе кои поминуваат во просек 36 минути на некоја платформа консумираат голема количина на содржини. Зошто тогаш медиумот да ги занемари тие можности.

Меѓу медиумите на Балканот кои го користат Youtube за пласирање на голем број на содржини се KOHA.net и O Kanal.

sad
Фото: Скриншот Youtube KOHA, 25. 1. 2023 година

Овие медиуми во нивната програма имаат дневни информативни емисии чија содржина можеме да ја консумираме на Youtube, а притоа да не мораме да го чекаме терминот за емитување на вестите. Потег со кој се привлекува помладата публика на порталот, но се користи потенцијалот на еднаш веќе снимената содржина да се дистрибуира на друга платформа. Зголемувањето на гледаноста и монетизирањето на содржината без дополнителни инвестиции е добра тактика.

Новинарството и денес е корективно во општеството,  но се смени начинот на поместување на  границите

Во интервјуто Han кажал дека постои "толку одлично, оригинално и ексклузивно новинарство во The Sun", но страницата "мораше да произведува многу повеќе" оригинална видео содржина.

Затоа, сакав и понатаму да ѝ служам на суштината на она што го правиме во The Sun, а тоа е содржината што ја користат луѓето за да се забавуваат или да бидат информирани за она што се случува.“

Токму ваквиот пристап кон креирањето на содржини за Youtube го избраа одредени медиуми на Балканот. Иницирање на општествено одговорни теми, приказни за менталното здравје, за човековите права, за еднаквоста, за животите на обичните луѓе е исклучително важно и потребно.

Еден таков видео подкаст од неодамна го гледаме во Босна и Херцеговина. Станува збор за подкастот Oslobođena, чија уредничка е Бранкица Раковиќ, а тој е настанат во рамките на медиумската групација на која ѝ припаѓа и дневниот портал Oslobođenje.

sa
Фото: Скриншот Youtube O Kanal, 25. 1. 2023. година  

Искрените, отворени приказни на реалните жени што живеат околу нас, раскажани на особено директен начин каков што нуди подкастот, отвораат многу теми за кои ретко зборуваат оние што треба да зборуваат. Меѓу таквите теми се најдоа и разговорите „15 минути“ на порталот Južnevesti.rs. Разговорите на новинарите/ките со психијатрите, адвокатите, љубителите на животни и со оние кои ги нарекуваат чудаци, покренаа одредено општествено прашање.

juzne vesti
Фото: Скриншот Youtube Južne vesti, 25. 1. 2023 година

На Youtube добро функционираат човечките приказни и животите на вистинските луѓе кои ја живеат таа вест, што можеме и да го видиме во наведените примери.

Важно е да се истакне дека сите овие содржини не останаа во архивата, тие можат да се пребаруваат и тие се живи сѐ додека и се потребни на публиката. Годините не влијаат на тоа.

Зошто да објавуваte на Youtube

Youtube одамна престана да биде мрежа на која само се гледа видео содржина. Таа одамна стана платформа на која се пребаруваат сите можни видови на информации, на која се 'билда' SEO ефектот на содржината од веб-страницата и на која се оди во лов на нова публика.

Youtube е премногу голем за да се игнорира

Втора по големина социјална мрежа која месечно ја користат 2,5 милијарди корисници и втор пребарувач после Google се доволни причини за еден медиум да ја искористи оваа платформа за дистрибуција (или редистрибуција) на содржините.

Според Semrush, софтверот што се користи за истражување на клучните зборови и на податоците за онлајн рангирањето, YouTube минатиот месец (декември 2022 година) беше втората најпосетена веб-страница во светот со 76,55 милијарди посети. Просечната посета на сесија беше неверојатни 36 минути и 36 секунди.

sa
Foto: Screenshot Semrush 25. 1. 2023.

Навиките за консумирање на YouTube се малку изненадувачки и наклонети кон медиумите

Корисничките навики за консумирање на вести и на други содржини на Youtube се малку изненадувачки. Како што објасни Micaeli Rourke во статијата за Digital Content Next минатиот декември, YouTube е еден вид на аудио платформа.

sa

YouTube беше водечка платоформа за консумација на подкасти минатата година, според  извештајот за дигиталните вести за 2021 година на Reuters.

Подкастите со видео содржина се причина за оваа популарност, како и можноста за пристап до содржината на повеќе уреди, што вклучува компјутер, смарт ТВ, мобилен телефон.

Зголемувањето на гледаноста на YouTube на ТВ уредите е една од причините зошто мобилните уреди сочинуваат сѐ помал процент од вкупните прегледи на многу развиени пазари. Ваквата практика нуди можности да се дојде до нова публика.

Атрактивен формат на веќе креирана содржина

Времето и трудот на новинарите/ките и на уредниците/чките може да се мултиплицираат.

Едноставно, текстуалната содржина може да се искористи како материјал за видео и аудио содржина за Youtube. Со ваквата практика се зголемува досегот на еднаш креираната содржина по датумот од нејзиното прво објавување. 

Ocijenite kvalitet članka