Предвидувачко новинарство: Поглед во иднината со помош на податоците и вештачката интелигенција

23.06.2023. / 09:04
Автор/ка
Share
Ruka gleda podatke na ekranima
Canva.com
Ruka gleda podatke na ekranima

Новинарите/ките се обучувани да се држат до фактите. 

Постојат теми кога е потребно да се чека развој на настаните, кога треба да се чекаат резултатите.  

Постои и бизнис страна на новинарството, кога е можно да се привлече публиката со една тема иако ги немаме фактите и резултатите. Во такви ситуации, некои медиуми го искористија предвидувачкото новинарство.

Во статијата што беше објавена на порталот Columbia Journalism Review, се наведува дека “во нашиот корпус на примери на предвидувачко новинарство", со темата на предвидувања доминираа:

  • политиката (40 проценти), вклучувајќи ги изборите
  • здравството/науката (39 проценти), кој главно се состоеше од предвидувања што беа поврзани со ковид
  • спортот (11 проценти)
  • другите социјални прашања (6 проценти). 

Што е предвидувачко новинарство?

Формалните дефиниции за предвидувањето ја нагласуваат неговата ориентација кон иднината. На порталот CJR.org наведуваат: “Овде прифаќаме поедноставена и прагматична дефиниција на предвидувањето како ‘пополнување на информациите што недостигаат’." 

Предвидувањата за определени идни настани обично се нарекуваат прогнози. Предвидувањето од шпекулациите може да се разликува врз основа на степенот на строгост на доказите кои го поддржуваат. Шпекулациите повеќе се како шпекулации без цврста основа, додека предвидувањето може рационално да се поддржи и да се оправда. Ова ќе го видиме подоцна на пример. 

Се вртиме кон предвидувањето за емпириски да дознаеме нешто и тоа да им го пренесеме на читателите. Благодарение на напредокот на технологијата и на науката, медиумите добија алатки кои им помагаат да “известуваат за иднината.” 

Иако постојат позитивни ефекти, предвидувачкото новинарство не е добро сфатено во општеството. 

Што е реално да се предвидува во објективното информирање?

Предвидувањето е дел од новинарството веќе со децении, уште од предвидувањето на резултатите на американските претседателски избори во 1952 година кога компјутерот го избра Eisenhower наместо Stevenson.

Предвидувањето (предвидувачкото новинарство) стана мејнстрим и дел од уредувачката политика на медиумите во неколку современи публикации, од кои денес се истакнува FiveThirtyEight. 

Во предвидувањата се користат различни статистички модели со кои се прогнозирани илјадници изборни и спортски настани, а прогнозите се многу добри

FiveThirtyEight направи предвидување на економското влијание на коронавирусот врз спортот, предвидувања за доделувањето на наградите Оскар, за што подоцна беше објавена статија за тоа како настанува предвидувањето и на кои факти и алатки се заснова ваквата содржина во медиумите. 

Денес можеме да ја тестираме точноста на ова предвидување. Статијата е објавена на 20. 2. 2018 година.

Printscreen FiveThirtyEight o Oskarima 2018.
Prtscr FiveThirtyEight

Пребарувањето на Google денес вели дека предвидувањето било точно и дека добитникот на Оскар за главна машка улога во 2018 година, навистина е Gary Oldman.

Google pretraga ko je bio najbolji glumac 2018 - Gary Oldman
Prtscr 21. 6. 2023. година пребарување на Google

Уште еден медиум кој на неговите читатели/ки им нуди содржина што е настаната како дел од предвидувачкото новинарство е Economist. Во соработка со академската заедница направено е предвидување на можноста за државен удар и предвидување на цените на недвижностите

На списанието Journal of Politics им откри дека таквите популарни изборни предвидувања можат да ги збунат и да ги демобилизираат гласачите, давајќи им впечаток дека изборната битка е помалку конкурентна отколку што таа навистина е. Бидејќи ако изборите се сметаат за помалку конкурентни, се смета дека потенцијалните избирачи можеби нема да гласаат. Еден од авторите на студијата за Slate кажал:

"Не можеме да кажеме со сигурност. Но, со оглед на тоа колку беа блиску резултатите на изборите во некои држави во 2016 година, сосема е можно дека прогнозите можеа да ги свртат изборите во корист на Trump.”

Колку и да изгледа добра и интересна содржината која може да ја привлече публиката (не треба да се заборави финансиската страна), предвидувањата не се даваат во вакуум и имаат последици. 

Тие можат да го променат однесувањето на учесниците во настанот што се предвидува, а со тоа и исходот на тој настан и на крајот благосостојбата на учесниците. Не може нешто да се предвиди, а да не влијае на тоа.

Која е целта на предвидувачкото новинарство и на прогнозите?

Главниот автор на проектот “Opinion Simulator“ на The Washington Post, David Byler, објасни дека предвидувањето не е цел самото на себе, целта е да им се помогне на корисниците/чките да размислат за тоа кои фактори се важни.

"Сите теории за изборите и нивните идеи зборуваат за тоа како треба да размислуваме за анкетите и за тоа како [изборните] трки се меѓусебно поврзани", кажа тој. "Мојата цел со Opinion simulator-от беше некако да се отвори начинот на размислување, за да можат луѓето подобро да го видат." 

Овој случај на употреба за предвидувачки модели исто така го поддржа data-driven новинарот Elliott Morris: "Приказната не е предвидување; се работи за процес што го откриваме со моделирање." 

Предвидувачкото новинарство освен овозможувањето на врвно предвидување кое привлекува внимание, може да помогне во подлабокото објаснувачко новинарство за тоа како функционира политиката и многу други теми кои се соодветни за објавување на прогнозите.

Извештаите за COVID-19 пандемијата носеа предвидувања и статистички модели за тоа како болеста може да се шири и што можат да направат службениците во јавното здравство и поединците за да го сменат нејзиниот тек. 

Како предвидувачкото новинарство создава новинарска вредност

Делот од новинарството што порано не постоеше во оваа форма, користи нови технологии и има огромен потенцијал да влијае врз општеството, предмет е на големи критики и на етички анализи.

Предвидувачкото новинарство и покрај потенцијалните ризици, може да создаде новинарска вредност дури и на самата редакција и на новинарите/ките. Не мораме нужно да зборуваме за вредноста за публиката.

Комуникациска вредност

Најчеста цел на предвидувачкото новинарство е комуникација на некоја веројатност што е поврзана со предвидувањето.

Заедно со интерактивните визуелизации (кои се речиси по правило дел од ваквите прогнози), ваквите пристапи не се предвидување на веројатноста на настанот, туку пренесување на суштината на тоа како е структуиран некој комплексен систем.

Графичките илустрации полесно, побрзо и поедноставно ги објаснуваат комплексните теми.

Ваквиот пристап покрај користа за публиката има и една бизнис компонента за медиумот, а тоа е исклучително погоден формат за промоција на содржините на социјалните мрежи затоа што графиките се визуелно привлечни.

Аналитички

Предвидувачкото новинарство исто така функционира и како аналитичка алатка која им помага на читателите/ките во споредувањето на различните опции.
Омилена тема за проценка на различните опции е предвидувањето на натпреварите и на спортските тимови. Речиси и да не постои тема во спортското новинарство што не е интересна за публиката пред натпреварот.

Ваквите прогнози покажуваат дека нема рубрика во медиумот што не може да ги користи алатките и моделите за предвидување. Секоја тема што ја покрива медиумот може да има потенцијал како дел од предвидувачкото новинарство.

Информирање за вестите

Влијанието на предвидувачкото новинарство не се однесува само на тоа како го доживува публиката, туку и на тоа како се користи и како може да влијае на редакцијата и на медиумската продукција. CJR.org наведува дека постојат голем број на случаи каде што новинарите/ките добивале дополнителни вести од предвидувањата.

Предвидувањата што ги објавила една новинска куќа исто така можат да влијаат на покриеноста во некоја друга. Предвидувањата во една медиумска куќа ги користат другите медиумски куќи. Elliott Morris рекол: "Во текот на изборната сезона најверојатно постојат стотици статии за прогнозата на FiveThirtyEight. На некој начин тоа е приказна на годината, сѐ додека изборите всушност не се случат." 

Ваквиот пристап учествува во создавањето на медиумскиот бренд, затоа што медиумот прв ја користи технологијата, прв доаѓа со нови информации и прв раскажува за темата која ќе стане актуелна дури после неколку денови или месеци. 

Оваа алатка, како и многу други, нови, комлицирани алатки кои штотуку го запознаваме, можат да им донесат голема корист на медиумите. Прашање е дали цената, реална и етичка, може да го оправда воведувањето на алатката во секојдневната работа на редакцијата.
 

Оценете го квалитетот на статијата