Родово трансформативната комуникација во медиумите

12.02.2024. / 11:52
Share
rodno transformativna komunikacija u medijima.png
Ilustrcija sa naslovnice publikacije "Rodno transformativna komunikacija u medijima: Put prema inkluzivnosti i ravnopravnosti"
rodno transformativna komunikacija u medijima.png

Денешното општество во сите негови сегменти се соочува со предизвиците во борбата против родовата нееднаквост. Родовата нееднаквост се манифестира на различни начини, создавајќи комплексен и меѓусебно поврзан систем на ограничувања и дискриминација.

Различните димензии на родовата нееднаквост се испреплетуваат во нашето секојдневие, од традиционалните родови улоги и норми до нееднаквоста на работното место и преку позициите на моќ и преку нееднаквата плата. Од стереотипите во медиумското известување до нерамномерниот пристап до образованието.

Родовите норми ги претставуваат правилата и очекувањата кои општеството ги има од луѓето. Родовите норми ги диктираат општествено изградените улоги и задачи што се очекуваат од лицето врз основа на тоа дали тоа се идентификува како жена или маж. Она што ги обликува родовите норми се стереотипите и предрасудите кои стануваат фиксно уверување за тоа која е улогата на мажите, а која на жените во општеството.

Препознавањето на родовата нееднаквост оди надвор од основното препознавање на проблемот, тоа е повик за подлабоко разбирање и соочување со причините кои се наоѓаат во темелите на родовата нееднаквост. Само преку темелна анализа можеме да ги обликуваме стратегиите кои ќе ја поттикнат трансформацијата на општествените норми и на институциите.

За да се постигне долгорочна промена која ќе придонесе за рамноправноста и за еднаквите можности, би било важно да се разгледа и да се вгради родово трансформативниот пристап кон комуникацијата во медиумите. 

Што е родово трансформативен пристап кон комуникацијата во медиумите?

Родово трансформативниот пристап кон комуникацијата може да ја отвори вратата за создавање на општество кое поттикнува рамноправно учество, ја поддржува различноста и силно се залага за правда и за еднаквост, без разлика на полот. Оваа еволуција во пристапот кон родовата рамноправност ветува подлабоки и подолготрајни промени во општеството, поставувајќи ги темелите за поинклузивна иднина.

Прашањето за родово трансформативниот пристап и комуникација е присутно во различни сфери на општественото делување повеќе од триесет години, а во последната деценија има сè повеќе научни трудови, истражувања и извештаи кои ја покриваат оваа тема. Многу работи се веќе прифатени и приспособени, но потребата од вклучување на овој пристап во сите сфери на човековото делување е присутна и понатаму.

Родово трансформативниот пристап се однесува на стратегиите, политиките или иницијативите што се насочени кон создавање на позитивни и длабоки промени во општеството преку препознавање, соочување и трансформација на родовите нееднаквости и норми. Овој пристап оди подалеку од едноставното препознавање на проблемите на родовата нееднаквост и настојува од темел да ги промени системите, институциите и општествените норми кои придонесуваат за нееднаквостите меѓу половите. Родово трансформативната комуникација има за цел да го промени индивидуалното и општественото однесување, ставовите и уверувањата за родот. Таа се спротивставува на дискриминаторските родови норми преку сликите, јазикот или другите комуникациски алатки. Овој тип на комуникација вклучува поддршка за пристапите кои се ориентирани кон укинување на родовите нееднаквости и промовирање на родовата рамноправност.

Кога зборуваме за медиумските организации и за пристапот кон родово трансформативната комуникација, зборуваме за поттикнување на инклузивност и разновидност во известувањето како и за рамноправност внатре во редакцијата. Со промовирање на позитивни приказни за различните идентитети што се поврзани со полот, родот, сексуалната ориентација, родовиот идентитет, расата, класата, економскиот статус и слично, придонесуваме за родовата рамноправност во медиумите.

Честопати, внатрешната организациска структура е местото каде што најдобро ја илустрира родовата нерамноправност преку позициите на моќ и носителите на одлуки. Нееднаквите можности се одразуваат на сите аспекти на делување, најчесто оставајќи ги жените во позадина.

Родовата нерамнотежа во организациите најчесто е изразена преку човечките ресурси затоа што практиките на човечките ресурси, т.е политиката, носењето на одлуки или нивната примена, влијаат на вработувањето, обуката, платата и  промоцијата на жените. Различните истражувања покажуваат дека на позициите на моќ и носење на одлуки најчесто се наоѓаат мажи, а и кога на тие позиции се наоѓаат жени, тие најчесто ги одржуваат патријархалните обрасци на однесување, кои не се разликуваат од мажите кои се на тие позиции.

Внатрешната организациска структура може да ја одразува родовата нерамнотежа и нерамноправност на ралични начини, а некои од клучните елементи се:

  • распределбата на моќта и позициите;
  • разликите во платите
  • разновидноста на раководните позиции
  • културата на работното место
  • политиките за вработување и развој на кариерата
  • недостаток на рамноправност во одлучувањето.

Принципите на родово трансформативната комуникација

Во ноември 2020 година во рамките на журналот Меѓународен форум за женски студии“, објавена е статијата Родово трансформативни пристапи во меѓународниот развој: кратка историја и пет принципи на обединување“. Овие принципи служат како поддршка на истражувањето и практиката што го вклучува родово трансформативниот пристап.

Употреба на јазикот

Родово трансформативната комуникација во медиумите значително влијае на употребата на јазикот, поттикнувајќи промени во речникот и во конструкцијата на речениците за да се поддржи родовата рамноправност. Ова може да се одрази и во употребата на родово неутрален јазик.

Во продолжение се дадени неколку примери кои можат да ви послужат како илустрација и нова перспектива за користење на неутрален јазик во родово трансформативниот пристап при известувањето:

Наместо користете
"стјуардеса" или "стјуард" "кабински персонал"
"пожарникари" "противпожарна екипа"
"сестра" или "медицинска сестраилимедицински техничар "медицински персонал"
"домаќинка" или "домаќин" "лице одговорно за домаќинството" или "домаќинство"
"син" или "ќерка" "дете"
доколку не знаете кој како се идентификува
"маж со чанта" или "жена со шешир" "лице со чанта" или "лице со шешир"

Овие примери се однесуваат на оние моменти кога не знаете точно на кој пол се однесува нешто или кога генерално зборувате за, да речеме, медицински персонал или за нечие дете за кое не знаете точно дали тоа лице се изјаснува како машко или женско.

Покрај неутралниот јазик, користењето на инклузивни термини кои опфаќаат различни родови идентитети може да создаде простор за сите лица, без оглед на нивниот пол.

Пример: Наместо "сите мажи и жени", користете "сите луѓе" илисите лица“.

Отфрлањето на бинарниот модел во јазикот поттикнува признавање на различноста на родовите идентитети. Исто така, избегнувањето на јазичните конструкции кои ги поддржуваат родовите стереотипи помага во деконструкција на предрасудите.

Пример: Наместо "машки работни места" и "женски работни места", користете "работни места отворени за сите" или "работни места во сите сектори", или само работни места“.

Кога зборуваме за нагласување на професионалните титули на лицата, важно е да ги прашаме токму тие лица како сакаат да бидат потпишани. Да се избегнува лицата кои се идентификуваат како жени да се претставуваат преку професионални титули во машки род.

Пример кога се зборува за жени:

Наместо „претседател“ користете „претседателка“, „политичар“ користете „политичарка“, „професор“ користете „професорка“, „директор“ користете „директорка“, „рудар“ илижена рударкористетерударкаи слично.

Овие примери илустрираат како родово трансформативната комуникација го менува јазикот за да биде поинклузивен и понеутрален кон родот и да ги намали предрасудите. Ваквите промени во јазикот придонесуваат за создавање на медиумско опкружување кое ја одразува разновидноста на родовите идентитети и ја поддржува родовата рамноправност.

Употреба на визуелен материјал

Родово трансформативниот визуелен материјал се однесува на фотографии, видеозаписи, илустрации, графики, уметнички дела и други медиумски прикази, кои се наменети за поддршка и промоција на родовата рамноправност и разновидност. Овие слики имаат за цел да пренесуваат позитивни и инклузивни пораки за различните родови, избегнувајќи ги стереотипите и предрасудите, како и поттикнувајќи го освестувањето за различноста на родовите идентитети.

Родово трансформативниот визуелен материјал е оној кој активно ги предизвикува и ги менува родово пристрасните норми.

Клучните карактеристики на родово трансформативните визуелни материјали вклучуваат разновидност на родовите идентитети, отстапување од стереотипите, рамноправно и позитивно претставување на жените и мажите, инклузивност во различни контексти, прикажување на родовите динамики, зајакнување и самодоверба.

Според достапните истражувања во светот и во земјите од Западен Балкан, мажите се почесто претставени во медиумите, како преку медиумската содржина, така и преку придружните материјали (фотографии, видеозаписи, илустрации...) дури и тогаш кога не се зборува директно за определен маж или за група на мажи.

Овде се некои од примерите на фотографии кои вклучуваат родово трансформативен пристап и го земаат во предвид сето она што е наведено досега:

Интегрирањето на ваквите визуелни прикази во медиумското известување помага во создавањето на избалансирана и освестена слика на мажите и жените, како и различноста на сите лица, без оглед на тоа на кој род или родов идентитет тие му припаѓаат.

Медиумите можат да дејствуваат како платформа за трансформација на родовите норми, заедно со трансформацијата на внатрешната организациска структура во нивниот медиум и директно преку начинот на известување, свесното и совесно користење на јазикот и на визуелната опрема на медиумското известување.

***

Текстот е скратена верзија на публикацијата „Родово трансформативна комуникација во медиумите: Пат кон инклузивноста и рамноправностакоја можете да ја преземете преку следните линкови: БХСЦГ, АНГ.

Креиравме и еден краток квиз за вас за да го тестирате вашето знаење, задолжително пополнете го.

Ве потсетуваме на иницијативата на BMAP FORWARD - FEMBASE, која се обидува да го реши проблемот на постојаниот недостаток на женски гласови во медиумите во земјите од Западен Балкан. Доколку сте жена и сакате да бидете во нашата база, ве охрабруваме да пополните еден краток формулар. 

Оценете го квалитетот на статијата