Што се синтетички медиуми? Со помош на вештачката интелигенција до поубедливи лаги

29.07.2022. / 09:39

Кога ќе помислите на синтетички материјали, првата мисла е: убави се, но не се пријатни.

Синтетичките медиуми не се многу различни.

Сѐ подобри, сѐ поблиску до совршенство, понекогаш нереално реалистични, но сепак со огромен потенцијал за предизвикување на штета.

Добродојдовте во светот на вештачката интелигенција во новинарствто. Напредно е, но никој не ни кажа дека може да биде толку опасно.

Што се синтетички медиуми?

Синтетичките медиуми исто така познати и како медиуми генерирани со помош на вештачка интелигенција, генеративни медиуми и персонализирани медиуми, колоквијално нарекувани и како deepfakes, се однесуваат на сите медиуми што се создадени со употреба на вештачка интелигенција.

Синтетички медиум е термин за вештачко производство, манипулација и модификација на податоците и на медиумите со автоматизирани средства, особено со употреба на алгоритмите за вештачка интелигенција.

Иако експертите го користат терминот "синтетички медиуми", самите медиуми поединечните методи не ги нарекуваат deepfakes и синтеза на текстот, туку често го користат терминот "deepfakes" како еуфемизам:

  • "deepfakes за текст" за генерирање на природен јазик

  • "deepfakes за гласови" за невронско клонирање на гласот...

Синтетичките медиуми привлекоа поголемо внимание во 2017 година кога се појавија снимки од порнографски видеа изменети со вештачка интелигенција со вметнати лица на познати актерки.

Примена на синтетичките медиуми

Примената на синтетичките медиуми е речиси неограничена. Уметноста, образованието, маркетингот и комуникациите се само некои од областите каде што се применуваат. Иако постојат примери за користење на deepfake медиумите за позитивни цели, изгледа дека новинарството (поради големиот ризик од пропаганда и влијание врз публиката) не е меѓу областите во кои примената на синтетички медиуми е прифатлив начин.

Во продолжение на текстот ќе ви презентираме неколку примери за употреба на синтетичките медиуми во позитивни, негативни и експериментални цели.

Синтеза на слики

Уште во 2020 година, The Verge објави приказна за мрежа на фиктивни автори/ки кои објавувале авторски текстови во медиумите како што се Washington Examiner и American Thinker. Оваа мрежа на измислени ликови се користела за пласирање на статии во медиумите, а кои биле поволни за определени заливски држави, открила истрагата спроведена од The Daily Beast.

a

Најмалку 19 профили на лажни лица се користени како автори/ки на текстовите што се објавени во десетици медиуми, со фотографии од главите на потенцијалните автори кои биле генерирани со помош на вештачка интелигенција за да се измами публиката и да поверува дека авторите/ките се вистински луѓе.

Како е можно автентичноста на фотографиите на авторите/ките да не може да се утврди со помош на алатките и техниките за проверка на автентичноста?

Профилните фотографии што се генерирани со вештачка интелигенција кои се изработени од страници како што е ThisPersonDoesNotExist.com, имаат специфични предности во создавањето на лажни онлајн ликови. Најважната карактеристика е дека секоја фотографија е уникатно генерирана, што значи дека не може да се следи назад до изворната фотографија (и брзо да се покаже дека е лажна) со користење на обратното пребарување на фотографии.

Меѓутоа, моменталното генерирање на фотографии од глави кои се создадени со вештачка интелигенција сепак не се беспрекорни. Таквите фотографии имаат голем број на слични карактеристики:

1.       заби со чуден изглед

2.       асиметрични црти на лицето

3.       коса која не изгледа реалистично

4.       ушни ресички кои се чудно споени

5.       нејасни слики во позадината.

Синтеза на звукот и на говорот

Синтезата на звукот или како што уште се нарекува deepfake звукот го понудила во нејзината алатка компанијата Descript. Моментално се тестира новата “Overdub” функција која на корисниците им овозможува додавање и менување на зборови и на цели реченици во аудио фајлот на датотеката со помош на компјутерски генериран глас што звучи исто како говорникот од конкретната снимка. Во случај гостинот на подкастот или домаќинот да каже нешто погрешно, на пример, продуцентот може да го поправи звукот наместо повторно да го сними.

Во електронските медиуми имаме пример на синтеза на звук на BBC, каде што водителот на вести на англиски јазик зборувал на шпански, на хинду и на мандарински во 2018 година.

Тоа било можно затоа што софтверот го извлекол движењето на лицето на личноста која зборува на друг јазик и потоа го залепил на лицето на водителот. Иако BBC го употреби ова како пример за тоа како синтетичките медиуми можат да шират дезинформации, тоа исто така сугерира како синтетичките медиуми можат да се употребуваат во иднина за да се создаде локално приспособена програма на автоматизиран начин.

Генерирање на природен јазик

Употребата на синтетичките медиуми не мора да се карактеризира со исклучително лоши намери.

Хуманитарната организацијаMalaria Must Dieги користеше синтетичките медиуми за да му овозможи на David Beckham да зборува на девет различни јазици во видео спотовите од кампањата. Тие користеа технологија на видео синтеза за да го синхронизираат Beckham и направија да изгледа како тој да ги зборува сите тие јазици.

Глобално познатиот фудбалер David Beckham од иднината испраќа порака за надеж на различни јазици. Во таа иднина, не постои една од најстарите и најсмртоносните болести во светот – маларијата. Дали ваквото користење на deepfake звукот е оправдано? Се разбира дека е оправдано и пожелно, бидејќи неговата цел не е пропаганда ниту споделување на информации со сомнителна веродостојност и вредност.

Дали новинарите/ките и редакциите се подготвени за предизвиците што ги носат синтетичките медиуми?

Кога ќе помислите дека едукацијата и обуката за препознавање на лажните медиуми, на лажните вести, на лажните налози на социјалните мрежи конечно вродија со плод и дека ова знаење ќе можете да го примените во секојдневните работи на редакцијата, доаѓа update.

Овој пат тоа ажурирање не е насочено кон лажните изјави на вистинските постоечки политичари и јавни личности. Сега доаѓаат лажните новинари/ки.

Потенцијалните опасности од синтетичките медиуми вклучуваат:

  • можност за ширење на дезинформации

  • предизвикување на недоверба кај гледачите за реалноста

  • масовна автоматизација на креативните и новинарските работни места

  • потенцијално создавање на целосно повлекување во световите на фантазијата кои се генерирани со помош на вештачка интелигенција.

За новинарите/ките полесно да се справат со сите овие предзивици, ќе треба да бидат во состојба да ги препознаат нивните различни форми и да ја едуцираат нивната публика за тоа, смета Sam Gregory, програмски директор на WITNESS, организација која ги користи видеото и технологијата за одбрана на човековите права.

Deepfake-овите се меѓу поистакнатите примери за манипулирани медиуми денес, кажа Gregory за време на вебинарот ICFJ Global Crisis Reporting Forum.

Постојаната битка помеѓу веродостојното известување и медиумите кои имаат намера да доведат до заблуда значи дека новинарите/ките мораат да бидат опремени со најефикасните алатки и техники за борба против сѐ поиновативните начини на дезинформирање.

Ocijenite kvalitet članka