Трендовите на социјалните медиуми во 2023 година коишто треба да ги следите

07.11.2022. / 08:53

Крајот на 2022 година пополека ни се приближува, а тоа значи дека е време да ги сумираме и да ги предвидуваме трендовите што се појавија оваа година и оние што можеби ќе дојдат во годината која е пред нас.

Технолошките достигнувања се сѐ повеќе присутни, а промените кои тие ги носат во сите сфери од животот се видливи на секој чекор. Во согласност со овие промени се и промените во социјалните медиуми. Социјалните мрежи, каналите за комуникација, постојано се менуваат, се развиваат и се приспособуваат. Растот и развојот на социјалните мрежи ги следи потребите на корисниците/чките, барајќи иновативни и креативни начини за досегнување и задржување на публиката.

Користењето на социјалните медиуми постојано се зголемува. Со повеќе од 4,74 милијарди активни корисници/чки, што е зголемување од 4,2% во споредба со бројот на регистрирани корисници/чки претходната година. Пандемијата што започна во 2020 година несомнено е барем делумно одговорна за огромниот број на корисници/чки на социјалните мрежи. Податоците го потврдуваат ова, бидејќи луѓето поминуваат повеќе време на омилените социјални канали.

Во продолжение наведуваме неколку предвидувања на кои треба да обрнете внимание во 2023 година, бидејќи сигурно токму тие ќе бидат помеѓу првите 10  трендови на социјалните мрежи.

Видео содржината и автентичноста се клучни

Видео содржината беше меѓу главните трендови и во претходните неколку години, а тоа ќе продолжи и во 2023 година. Она што сѐ повеќе станува одлучувачки фактор при креирањето на видео содржините е автентичноста. Токму таа е главниот фактор за успехот на видео содржините на платформите на социјалните мрежи. Автентичноста на објавите, оригиналноста, она со што публиката може да се идентификува, сѐ повеќе стануваат барање, отколку што досега беше очекување.

Кога станува збор за видео содржините, Youtube и понатаму е лидер во таа област. Особено за 92% од трговците кои ова го сметаат за витален дел на нивната маркетинг стратегија. Со развојот на социјалните мрежи како што се Facebook, Instagram, TikTok, Twitter и другите, видеозаписот доби уште поголемо значење. Сите овие социјални мрежи вложуваат многу пари и капацитет за да ѝ го понудат на публиката најдоброто можно искуство при гледањето на видео содржините.

Она што се истакнува на досегашните мрежи е постојаниот развој на TikTok и кратките форми на видеозаписите. Видеозаписите со кратки форми станаа особено популарни кај генерацијата Z. Иако меѓу нив тие имаат најголема популарност, предвидувањата одат во насока на следење на овој пример и кај другите генерации. И сосема е јасно зошто кратките видеозаписи се интересни и толку распространети. Лесни се за изработка и се релативно евтини, што резултира со одлична содржина која је генерираат корисниците/чките. Содржината која ја создаваат корисниците/чките е многу поевтина опција за компаниите во споредба со традиционалните реклами. Не само што помага во подобрувањето на автентичноста, туку исто така го поттикнува ангажманот на корисниците/чките. Нема сомнение дека во годината што доаѓа ќе гледаме повеќе содржини кои ги генерираат корисниците/чките на платформите на социјалните медиуми.

Instagram направи чекор кон краткиот видео формат и го промовираше на својата платформа во форма на Instagram Reels. Иако нивната клучна демографија се разликува, ваквиот вид на видео содржини исто така забележа пораст на популарноста кај нив. И како што опсегот на внимание се намалува од генерација до генерација, ваквиот тренд на содржини само ќе се зголемува.

Интерактивност и човечки пристап

Како што наведува Cure Media, до сега ангажманот беше една работа, сега алгоритмите сакаат интеракција. Сопствениците на социјалните медиуми воведуваат нови начини за да создадат двонасочна комуникација со нивната публика. Интерактивниот пристап станува неопходен преку двонасочната комуникација.

Покрај класичното одговарање на коментарите под објавите, многу од нив сега воведуваат Q&A сесии, каде што публиката може директно да поставува прашања, а од вас да добива одговори во реално време.

Иако трговските марки генерално ќе продолжат да ја препознаваат важноста на присуството на социјалните медиуми, во 2023 година ќе видиме како тие конечно ќе прифатат похуман пристап кон каналот. Ова ќе се манифестира во две различни стратегии, а најпаметните брендови ќе ги имплементираат и двете, со имплементирање на беспрекорна комбинација на UGC (генерирана содржина од корисниците/чките) или IGC со нов поглед на содржината на брендот.

Се предвидува дека сопствениците, без разлика дали зборуваме за компаниите или за медиумите, на социјалните мрежи со зголемена интерактивност, ќе усвојуваат и сѐ повеќе разговори и ќе се претставуваат со повеќе лични профили, на индивидуален и на автентичен начин.

Аудио содржината на социјалните мрежи

Аудио содржината на социјалните мрежи станува сѐ поголем тренд. Им овозможува на корисниците/чките да слушаат интересни луѓе или теми додека се во движење. Платформите на социјалните медиуми веќе се подготвени да ја искористат сѐ поголемата популарност на звукот. Facebook работи на алатка за создавање на звук која ќе им овозможи на корисниците/чките креирање на Soundbites. Twitter ги има Twitter Spaces. Во месеците што доаѓаат очекуваме дека ќе бидеме сведоци на процутот на звукот на социјалните мрежи со аудио соби во живо, состаноци, преноси на настани во живо, гласовни пораки и којзнае уште што друго.

Ocijenite kvalitet članka