Блог во живо: форматот кој ја отелотворил иднината на новинарството

26.03.2021. / 09:50

Блогот во живо за објавување на најновата вест, на спортските настани во живо, за покривање на ударните вести или некои настани како што се значајни конференции е извонреден начин за зголемување на сообраќајот на веб страницата и изградба на верноста на читателите. 

Што е блог во живо?

Блогот во живо (Liveblog) е еден пост кој еден или повеќе новинари/ки континуирано го ажурираат со најнови настани.

Тоа е нов формат на вести во кој се вклучени конвенционалните вести, содржината на социјалните мрежи, коментарите, реакциите и содржината на читателите/ките. Блогот во живо може (и треба) да се гледа како имплементација на елементите од социјалните мрежи во конвенционалните веб страници на њуз порталите.

Турман и Волтерс го дефинираат блогот во живо како „една објава за определена тема на која постепено ѝ се додава временски означена содржина во определени периоди, на секои половина час и почесто“. Таквите блогови во живо станале стандардни алатки, особено во покривањето на вестите кои брзо се развиваат.

Она што на публиката ѝ е најпривлечно, блогот во живо опфаќа бројни елементи:

  • линкови

  • ги мешаат фактите со толкувањето

  • често содржат неформален тон

  • вклучуваат разговори помеѓу новинарите/ките и читателите/ките

  • вградени објави од социјалните мрежи.

  • богата мултимедија

Според некои автори блогот во живо настојува да одговори на сите потреби во известувањето, и да ги ублажи спротивностите помеѓу граѓанското новинарство и класичната новинарска практика.

Како и во многу други дигитални модели кои технологијата ги донесла во новинарството, на новинарите/ките кои се во блогирањето во живо треба да се гледа како на оние кои со креирање на блогот во живо создаваат смисла, а не известуваат само за определена вест.

ds
Фото: https://www.theguardian.com/info/developer-blog/2017/aug/09/development-of-the-live-blog-at-the-guardian?CMP=share_btn_tw

Британскиот Guardian на својата веб страница веќе во 1999 година ги покривал фудбалските натпревари во живо. Тој начин на известување „од минута во минута“ за натпреварот на Манчестер Јунајтед против Арсенал беше ран пример на она што денес стана вообичаен и мошне популарен начин на известување за фестивалите, конференциите, политичките приказни, катастрофите. Сличен пример од регионот е порталот Vijesti.me кој редовно прави блог во живо за преодните рокови во европските фудбалски лиги како и за други настани од јавно значење.

Многу медиуми го укинуваат блогот во живо по 24 часа, и започнуваат нов блог во живо, што зависи од уредничката политика и видот на настанот кој се покрива.

Зошто нѝ треба блог во живо

Блогот во живо е потребен од неколку причини:

  • Деловни бидејќи му носи многу голема посетеност на медиумот

  • Содржински бидејќи на едно место на читателите/ките им го дава текот на настанот кој можат да го следат

Според уредникот на Guardian, Ален Расбриџер, кој ја уредува втората најпопуларна веб страница во Велика Британија, блоговите во живо ги надминуваат сите други начини на интернет новинарството. Овие тврдења ги докажуваат податоците дека блоговите во живо привлекуваат повеќе посетители од конвенционалните статии или галериите на фотографии на иста тема.

Уредникот на блоговите на Guardian Мет Велс вели дека наградата се огромните скокови на сообраќајот и стотици коментари. „Досега во март, блоговите во живо (вклучувајќи го известувањето за спортските настани) на TheGuardian.com бројат 3,6 милиони единствени корисници, 9% од вкупниот број. И бесот на некои традиционални читатели кои се залагаат за конвенционално напишана статија.

Што може да појде на лошо

Многумина сметаат дека форматот на блог во живо треба да се преиспита.

Кевин Андерсон, советникот за дигитални медиуми и поранешен уредник за дигитални истражување на Guardian, верува дека би требало да се разгледаат видови приказни кои го имаат овој формат. Тој тврди дека: „Курирање на вести од повеќе извори не може да се однесува единствено на брзината и гласноста.“

За да се создаде добар блог во живо не е доволно да се преземе содржина од социјалните мрежи, без дополнителни информации за самиот настан, луѓето и контекстот на целата приказна.

Бенџамин Коен, дописникот за технологија за Channel 4 News, вели дека на блоговите во живо им треба „многу содржина“ за да можат да функционираат. „Блогот во живо навистина делува единствено ако имате доволно голема публика која ќе чита и ќе споделува.

Блогот во живо не е добар за сите вести. Тие ги пренесуваат моменталните ситуации и реакции, но не можат да бидат замена за вестите од веб страниците.“

Препораки за добар блог во живо

Добар блог во живо, како што веќе нагласивме, не треба да биде користен токму за секоја приказна и не е погоден формат за сè.

Специфичноста и оправданоста на примерот за блог во живо од порталот Detektor.ba е ситуацијата предизвикана од пандемијата кога беа на сила движењата и ограничените собирања на голем број луѓе.

Преносот на информациите од минута во минута и сите настани во Сребреница и во другите градови, им го донесоа текот на настаните во дигиталниот формат на сите кои се заинтересирани да го следат овој настан, а притоа да не следат директен телевизиски пренос.

Приспособен дизајн кој се вклопува во изгледот на медиумот

Експертите тврдат дека дизајнот на блогот во живо  кој се вклопува во дизајнот на медиумот на корисниците/чките им дава премиум чувство, го засилува брендот на медиумот и придонесува за ширењето на публиката.

Линкови до детални статии

Важен елемент на блогот во живо е линкување на содржината која веќе постои на веб страницата, што на читателите им дава можност да продолжат повеќе да читаат. Со ова се настојува да се задржат читателите на веб страницата.

Визуелизација

Текстот е основа, но визуелизацијата им помага на читателите/ките побрзо и полесно да ја сфатат информацијата.

Формат приспособен за мобилните уреди

Веб страницата која привлекува публика мора беспрекорно да изгледа на мобилните уреди за да стане релевантна и да привлече голема количина сообраќај.

Проширување на постовите „Прочитајте повеќе“

Подолгите објави се прибрани за да се заштеди место во ионака долгиот блог во живо. На овој начин блогот во живо е полесен за навигација и попрегледен.

Ако постои интерес читателот/ката имаат можност да кликнат врз „Прочитај повеќе“ и да го прошират текстот.

Вградете содржина од социјалните мрежи

Додавање на каква било содржина од социјалните медиуми придонесува за интерактивноста и релевантноста на веста бидејќи со преносот на информациите кои се создадени на самото место понатаму се дава подобар увид во случувањата од минута во минута.

Многумина денес тврдат дека најдобриот елемент на блогот во живо е транспарентноста кон изворите на информации. На овој начин содржината се ослободува од лажните новинарски големини и имиња и во креирањето на информацијата се вклучува публиката. Овој пристап е толку популарен кај читателите/ките што, наместо претскажување на смртта на новинарството, ја отелотвори неговата иднина.

Ocijenite kvalitet članka