Дали е дојдено време текстуалните вести да ѝ се понудат на публиката во аудио формат

09.04.2021. / 08:57

Аудио статиите можеби не нудат најдобро искуство со слушање, но го нудат она што на слушателите/ките им е добро.

Аудио статиите содржат еден глас (многу читатели/ки се жалеле дека звучи „метално“), без надворешен звук, без музичка позадина и џинглови. Со своето корисничко искуство не нудат многу, но им служат на луѓето кои се презафатени за читање, но сакаат да знаат што се случува тој ден.

Воведувањето на аудио верзија на содржината која одамна се објавува како текст донесе огромни промени во медиумската слика во целиот свет. Пред сè, медиумите на овој начин им овозможиле на читателите полесно консумирање на содржини во движење, во сообраќајот и кога конечно ќе се оддалечат од екранот.

Како што читателите/ките наведувале во истражувањата, аудио вести станале дел од утринска рутина додека се извршуваат планираните задачи.

Интересот за аудио статии постои

Во пролет 2016 година дигиталниот магазин Zetland ја покренувал секцијата дневни вести. Овој проект е финансиран со crowdfunding кампања, а тимот од Zetland ја прашал публиката што таа сака од публикацијата.  Едно барање постојано се повторувало: аудио.

Проблемот бил што Zetland не прибрал пари за проектот за покренување на аудио вести. „Сите доаѓаме со искуство во креирање на текстуални содржини“, кажал коосновачот Хокон Мосбех. „Мислевме дека текстот би бил идеален медиум за пренесување на она што сме сакале да го направиме“, а тоа е секојдневно да се нудат неколку вести и анализи.

 

a1

По неколку месеци на истрајни барања на читателите, Zetland одлучи да ја направи наједноставната верзија. Репортерите ги читале приказните во микрофон. Првата аудио статија е објавена во есен 2016 година. „Корисничкото искуство дефинитивно беше незгодно“, вели Мосбех за аудио уредот вграден на веб местото.

Но луѓето слушаа.

Од 2017 година аудио статиите станаа вообичаена практика во магазинот Zetland, па репортерите читале и снимале аудио за секоја вест што е креирана.

Аудиото станало задолжителна додадена вредност на сите светски медиуми кои имаат сериозна позиција на пазарот и намера да ја монетизираат содржината што ја произведуваат. Трендот на претплата на дигитална содржина подразбира да ѝ се понуди на публиката одлично корисничко искуство и можност да ја консумира содржината кога и како нејзе ѝ одговара, а не како што медиумот смета дека е исплатливо и можно.

Еден од прекрасните примери за аудио содржина дури и за оние кои не се претплатници/чки нуди медиумот Le Monde Diplomatique. Во воведот од текстот е понудена опција за слушање со назнака колку трае аудио записот. Нема потреба за напуштање на страницата, платформата или за преземање на апликација, што не е занемарливо во време на презаситеност со информации.

ew

Подкаст или аудио

Кога зборуваме за аудио статии не мислиме на формата која е пишувана за говорот, а не мислиме ниту на подкаст за што веќе пишувавме на Balkansmedia.org.

Не можеме да зборуваме или подкаст или аудио бидејќи се работи за целосно различни содржини, кои се креираат на различни начини и со поинакви цели. Не треба да се занемари дека опремата исто така се разликува. За снимање на аудио статии доволен е микрофон  и апликација која ќе го сними звукот. Нема музички елементи, нема монтирања на спонзорски пораки, нема воведи, само информација која постои во текстуална форма на веб страницата.

Покрај можноста за снимање на аудио статии, денес постои голем број на софтвери кои автоматски го конвертираат текстот во аудио. Некогаш читателите/ките се жалеле дека овие гласови звучат „метално“ и дека е нагласен впечатокот дека текстот го чита робот. Ситуацијата со развојот на гласовите е секој ден подобра, па во многу софтвери може да се бира машки или женски глас и нагласок. Единствениот проблем кој сè уште стои е ограничениот број на решенија кои нудат опција за читање на балканските јазици.

За разлика од аудио вестите, подкастот е посебен вид содржина која публиката ја сака поради опуштениот начин на кој се пристапува до темите и разговорите со гостите. Опуштениот пристап создава блискост на публиката со медиумите кои учествуваат во подкастот.

Зошто на публиката да ѝ се понудат и аудио статии

Времето е пари.

Колку што повеќе време читателите ќе поминат на веб страницата и колку што повеќе содржини ќе консумираат бројките во аналитика се подобри за привлекување на огласувачите.

Од друга страна медиумите кои сакаат на публиката да ѝ дадат колку што е можно подобро корисничко искуство, го следат начинот на кој публиката ја консумира содржината. Според истражувањето на The Spoken Word Audio кое го спровеле NPR и Edison Research, 45% од испитаниците/чките тврдат дека аудио содржини ги слушаат повеќе отколку пред пет години.

Според резултатите на истражувањето на првото место на најслушаните содржини се вестите со 62%, потоа музиката со 50%.

a3

Причините за наглиот пораст на популарноста на аудио вестите се: мултитаскингот, полесно е да се слуша отколку да се чита, можете да слушате кога било и имате повеќе време за слушање отколку за читање...

 

sasa

 

Во пазарната трка за публика и внимание, не смее да се занемари ниту оној дел од публиката кој има потреба за дополнителни решенија за да можат да пристапат до содржините на интернет. Слепите и слабовидни лица ги „читаат“ текстовите со помош на софтвер кој ја претвора содржината во аудио. Да се понуди едноставен начин за консумирање на вести би бил чекор кон поинклузивни и попристапни медиуми.

Целта е да се унапреди корисничкото искуство

Институтот Ројтерс го објави извештајот за потрошувачка на вести и откри дека корисниците на паметни звучници речиси едногласно искажале желба помалку време да поминуваат пред екраните.

„Испитаниците се чувствуваат затрупани со технологија и информации. Многумина од нив цел ден на работа поминуваат пред екраните или гледајќи во својот паметен телефон. На некои им пречи начинот на кој Интернетот може да попречува и губењето време на бесцелно сурфање. Привлечноста на гласовните уреди е таа што делува поинаку. Тие даваат фокусирани информации кога ќе се повикаат, а недостаток на екран значи помалку попречување.“

Да се унапреди корисничкото искуство значи да се направи медиумската содржина полесна за консумирање.

Читателите/ките (барем овие кои учествувале во истражувањето) го гледаат гласот како неопходно средство за поедноставна интеракција и пристап до содржината на поприроден начин. Затоа е важно конвертирањето на текстот во говор.

Што ги запира медиумите да вложуваат во аудио

Аудио статиите го продолжуваат времетраењето на посетата на веб страницата. Ако наместо еден клик и читањето на една вест можете да обезбедите повеќе кликнувања и поголем број „слушнати статии“ единствено благодарејќи му на снимањето на „гола“ аудио содржина, вреди да се вложи во уште една форма на содржина која медиумите ѝ ја даваат на публиката.

Ако се е така едноставно, што ги запира медиумите да вложуваат во аудио вести?

Според извештајот на Институтот Ројтерс постојат четири клучни препреки:

  1. Недостаток на ресурси за иновации.

  2. Недостаток на јасен начин на монетизација.

  3. Проблем за пронаоѓање на вести - многу аудио содржини се наоѓаат на други платформи, не на веб страниците на медиумите. Како да се мери консумирањето и да се монетизира создавањето на содржина е еден од основните проблеми.

  4. Недостаток на податоци кои би го насочувале натамошниот развој.

Ocijenite kvalitet članka