Instagram воведува нови ажурирања за видеозаписите

28.01.2022. / 11:41

Социјалните мрежи станаа составен дел на новинарството. Медиумите за да дојдат до публика, ги користат социјалните мрежи како многу важни помошни алатки. Тие им овозможуваат да дојдат до нова публика, да одржуваат контакт со постоечката публика и нудат можност креативно да ја презентираат својата содржина.

Од друга страна, компаниите што ги поседуваат сите тие социјални мрежи, секојдневно работат на ажурирање на нивните функции за да им овозможат на своите корисници/чки целосно и иновативно искуство.

Најновата вест е дека Instagram воведува ажурирања кои ќе им дадат на корисниците/чките нов начин за промовирање на нивните видеозаписи во живо и повеќе опции кога станува збор за правење ремикс на видеозаписите.

Adam Mosseri, шефот на Instagram, ги најави овие ажурирања, повторувајќи дека фокусот на компанијата оваа година ќе биде на развојот на видеозаписите и на пораките.

Instagram оваа визија ја оживува токму оваа година, почнувајќи со двете најнови ажурирања кои се насочени кон видеозаписите – видео во живо и снимено видео.

Овие ажурирања ќе вклучуваат:

  • Промовирање на закажаните стримови во живо со нов банер

  • Можност за ремикс на било кое видео

Истакнете го видеото во живо

Кога ќе закажете видео во живо на Instagram, сега ќе можете да го истакнете на вашата главна страница на профилот со нов банер.

Креаторите/ките веќе некое време можеа да закажат видео во живо, но сега можете да го одделите закажувањето во живо од креирањето на објави на feed-от, или дури да објавите приказна во живо. Исто така добивате и мала значка на вашиот профил, која на следбениците/чките им дава до знаење, или на било кого што оди на вашиот профил, дека се подготвува Live за да ги потсетува дека можат да се претплатат.” – објаснува Mosseri.

Закажани видеозаписи во живо можете да создадете колку што сакате. Ова ви дава можност за промовирање на стримот во живо што, на пример, се изведува секој ден во исто време.

Луѓето кои го посетуваат вашиот профил можат да кликнат на банерот за да креираат потсетник за вашето претстојно видео во живо.

Ремикс на видеото

Друго ажурирање што ќе им стане достапно на корисниците/чките на Instagram е можноста за ремикс на било кое видео на Instagram.

“Remix” на Instagram значи снимање на видеозаписи што ги објавиле други и одговарање на нив или повторно нивно креирање со сопствено видео. Опцијата е многу слична на видео реакциите на TikTok. Всушност, кога Instagram првпат ја воведе ремикс функцијата, тоа во основа беше копија на видео реакциите што станаа популарни на TikTok.

Досега корисниците/чките можеа само да направат ремикс на Instagram Reels инспирирани од TikTok, а сега корисниците/чките ќе можат да направат ремикс на било кое јавно видео на Instagram, без разлика дали е тоа Reel или објава во feed-от.

xda

И сѐ ќе биде едноставно, како и другите опции што постојат.

Опцијата ќе се наоѓа на истото место како и Remix this Reel. Кликнете на иконата со три точки во горниот десен агол и ќе ви се појави опција Remix this video.

ew

Она што е добро, секако е фактот дека секој/а корисник/чка на својот профил може да ја уклучи или исклучи опцијата некој трет да го користи неговото или нејзиното видео за да направи ремикс.

Доколку зборуваме за видеозаписи кои ги прават медиумите, од една страна се поставува прашањето за авторството, но ако ремикс видеозаписите креирани од вашата публика привлечат уште повеќе публика на вашите социјални мрежи, зошто да не се обидете да ја оставите опцијата отворена и да видите што ќе се случи. Тестирајте ја, нема што да изгубите.

Исто така, размислете и вие да креирате ремикс видеозаписи на други корисници/чки или токму на вашите следбеници/чки, можеби тоа ќе ви биде полн погодок за да дојдете до нова публика.

Ocijenite kvalitet članka